Судбината на Дида неизвесна
Дида продолжува со "киксеви" што го чинат бодови тимот на Милан. Искусниот голман последната грешка ја направи на саботната средба со Сампдорија, кога по ударот на Гамберини неумешно реагираше и им дозволи на гостите да израмнат и да дојдат до бод на Сан Сиро.
Карло Анчелоти повторно застана во одбрана на својот прв чувар на мрежата, но с$ погласни се шпекулациите дека челниците на Милан размислуваат за смена на голманската позиција.
Информациите дека Кристијано Абијати би можел да биде прв голман на Милан до крајот на сезонава беа негирани од страна на Галијани, но на "чизмата" се појавија шпекулации дека Франческо Толдо би можел да си замине од Интер и да ги засили "росоњерите". Покрај за услугите на Толдо, Милан е заинтересиран и за чуварот на мрежата на Ливорно, Марко Амелиа, кој брани во одлична форма во оваа сезона.
Доколку Дида го загуби првотимскиот статус во Милан, тоа би можело да ги намали и неговите шанси за настап на мундијалот. Бразилскиот селектор Алберто Переира засега му дава шанса на Дида на позицијата прв голман, но лесно може да се премисли и мрежата на "кариоките" во Германија да ја чува Маркос, голманот на Бразил од последниот мундијал во Јапонија и Јужна Кореја.