Роналдо не сака да ризикува
Напаѓачот на Милан, Роналдо, е оптимист дека наскоро целосно ќе заздрави по повредата на бутниот мускул на левата нога, но нагласи дека ништо не сака да ризикува и да брза со враќањето на теренот. Италијанските медиуми нагласија дека 31-годишниот бразилски репрезентативец потврди дека е многу блиску до кам-бек во тимот на европскиот шампион и во исто време ги замоли навивачите на Милан на уште малку трпение.
"Се чувствувам добро, но ова е повреда од специфичен карактер. Почнав со тренинзи, меѓутоа повремено се појавуваат проблеми, па ги молам навивачите да бидат малку трпеливи", изјави најдобриот стрелец во историјата на завршните турнири од светските првенства.
Тој потсети дека неколкупати имал лоши искуства заради предвремените враќања на фудбалскиот терен.
"Не сакам да брзам. Блиску сум и се надевам дека враќањето ќе биде многу брзо. Повеќе од с$ на светот сакам да играм, но немам намера да ги повторувам грешките од минатото", додаде Роналдо.
Тој го повреди бутниот мускул во август оваа година на самиот почеток од подготовките на Милан. Во новото првенство сe уште не одиграл ниеден официјален натпревар за својот тим, а како што стојат работите, нема да игра ниту в недела на големото дерби против Рома.