Со такви напаѓачи, толку од Милан
Една победа, дури четири реми и еден пораз. Тоа е скорот на екипата на Милан по првите шест кола од новата сезона од Серија "А", сезона во која "росонерите" најавија дека планираат да го имаат главниот збор и да стигнат до 18. скудето во клупската историја.
Тифозите на Милан имаа причина за оптимизам, особено ако се земат предвид одличните игри во финишот од ланската сезона, и триумфот во Лигата на шампионите. Атмосферата дополнително се "вжешти" откако беше најавено дека летово на Сан Сиро ќе пристигне уште некоја фудбалска мега-ѕвезда. Се шпекулираше со имиња како што се Роналдињо, Самуел Ето и Дидие Дрогба, но како што одминуваше времето стануваше с$ појасно дека Карло Анчелоти повторно ќе ги има истите опции во нападот.
Место експресно освежување на екипата, "росонерите" решија да вложуваат во иднината и го ангажираа младиот Пато, кој, пак, ќе има право за настап за нив дури во јануари. А откако Анчелоти дозна дека Роналдо поради повреда ќе го пропушти стартот од сезоната, уште тогаш стана јасно дека тренерот на Милан ќе има проблем.
Затоа што скудетото се освојува против "малите екипи", а тие екипи тешко се добиваат со напаѓачи како Пипо Инзаги и Алберто Џилардино. Иако станува збор за двајца голгетери кои во минатото покажаа дека знаат редовно да ги тресат противничките мрежи, сепак, останува фактот дека и на Инзаги и на Џилардино им е потребен поголем простор за маневар. На средбите од ЛШ каде што екипите се обидуваат да се надигруваат со Милан, овие напаѓачи сигурно ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети, но на дуелите од Калчо-лигата, каде што "росонерите" најчесто играат против "катанаџо", сосема нормално е што ефектот на Инзаги и Џилардино е минимален.
Како поинаку да се објасни фактот дека на првите шест натпревари од оваа сезона Милан постигна само осум гола, а за трагедијата да биде поголема, ниту еден од нив не бил дело на оние што се задолжени за тресење на противничките мрежи (четири гола постигна Кака, два Сидорф, а по еден Неста и Амброзини).
Анчелоти веќе им даде по неколку шанси и на Џилардино, и на Супер-Пипо, да се покажат во формација со еден напаѓач, но ниту едниот, ниту другиот не ги оправда очекувањата. Многумина би се прашале зошто тренерот на Милан не се врати на вообичаените 4-4-2, но одговорот на тоа прашање го даде Алберто Џилардино, кон средината од ланската сезона. Тогаш екс-напаѓачот на Парма изјави дека воопшто не му се допаѓа стилот на игра на Инзаги, и тој никако не би можел да игра крај него. Со оглед на фактот дека наскоро по таа изјава беше ангажиран Роналдо, на коментарот на Џилардино не му беше дадено поголемо значење, но сега кога "феноменот" е повреден, јасно е дека "Росонерите" имаат сериозен проблем со нападот.
Затоа што во второто полувреме од мечот со Катанија, на кој Анчелоти се реши за формација со Џилардино и Инзаги во тимот, неговиот тим не наметна иницијатива каква што се очекува од него, а посериозните шанси ги имаше од прекини. И на тој меч стана очигледно дека овие двајца делуваат крајно бескорисно кога се еден крај друг, што не е добра вест ако се знае дека Роналдо барем уште две недели ќе биде надвор од терените. А сезоната тече, и Милан по шест одиграни кола заостанува цели седум бода
_______________________________________________
Лацио и Милан ќе ги "трампаат" напаѓачите
Лацио и Милан почнале преговори за сензационална размена на фудбалери во која се вклучени Томазо Роки и Алберто Џилардино. Раководството на "росонерите" е незадоволно од ефектот на својот напаѓач во оваа сезона, додека самиот Роки најави дека е можно да си замине од Олимпико заради малата плата што ја добива во моментов. Неговата вредност во последните неколку години значително се зголеми, имајќи предвид дека минатите две сезони ги заврши со 16 постигнати гола и се промовираше во еден од главните играчи на тимот. За него имаше понуди од неколку клубови, но одлучи да остане во Лацио и да му помогне во сезоната во која се избори за враќање во Лигата на шампионите.