Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Никогаш нема да ми биде јасно зошто најдобриот играч ќе го играш ван позиција и ќе го трошиш, додека на клупа имаш млади деца спремни да гризат. Ова се шансите каде што треба да им бидат дадени. Само кај нас се дешава ова, во ниеден друг клуб.

Најдобриот играч досега на четирите утакмици беше еден од најлошите. Напротив мене ме радува Ериксен на 10ка, искина за Данска викендот и мислам дека ќе има добра утакмица денес. Бруно десно валда нема да е послаб од Антони..
Според мене битен момент е што Мектоминеј е до Касемиро, а не Ериксен. Во тој случај ќе беше доста ризично.
Очекувам да им се реваншираме за ланскиот пораз. Сепак е Брајтон во прашање.. На повеќе места прочитав дека некои ќе биле задоволни и со бод... :facepalm:
 
Ќе му се удрат од глава на Тен Хаг сите последни одлуки кои ги носи, ништо не му оди од рака, а упорно си тера експерименти и со составите. Ако продолжиме како и претходните утакмици до следната репрезентативна пауза ќе го уништат и ќе има огромен притисок.
 
И мене не ми е јасен потегов со Ван Бисака. За Бруно не ми се збори, комплетна креативност иде во минус. Ваљда се надева Тен Хаг на добрата форма на Ериксен, да го достави она што ке фали од Бруно.
 
И мене не ми е јасен потегов со Ван Бисака. За Бруно не ми се збори, комплетна креативност иде во минус. Ваљда се надева Тен Хаг на добрата форма на Ериксен, да го достави она што ке фали од Бруно.
Бруно ќе се отепа трчање напред-назад за да го покрива Далот. Ќе снема душа 60 минута.
 
Ајде малку позитивно да гледаме..Хојлунд мислам ќе има добра партија денес. Само да нема повреди пред Баерн особено во одбраната. Очекувам победа
 
10 минути се повеќе од доволни за да се сфати дека дијамантов мора да стане примарна формација на Јунајтед, до крај на сезона. Ентони и Санчо, нека се живи и здрави.
 
Ги оправме и при прв организиран напад сме казнети.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Не сме воопшто агресивни не вршиме притисок врз задната линија на Брајтон.И како и обично казната стига.
 
Ееенд хир ви гоу :pos: Кои ботови човече. Слободно за в среда пишете си Баерн Т1 4+
 
Играме одлично, ама реализацијата ни е за никаде, а дефанзивно сме хаотични.


Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom