Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.601
Поени од реакции
62.705
Печена беше 7ката за Гарначо, ама ајде да видиме и Маунт што ќе покаже. Деновиве очекувам да се договори и Онана чим влеговме во активни преговори.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Според мене, и подобро што не му ја дадоа. Не му треба тој притисок. Тен Хаг одлично го менаџира засега. Само да му остане главата на рамена, и физички да ојача. Има тука играч, на него е да достави.

Тен Хаг го убедил Маунт уште во Мај.

Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Не е толку до тоа што ќе го донесе, колку што е до праќање порака до сите во тимот за авторитетот на менаџерот. Промената на Де Геа е хир на Тен Хаг. Хирови, кои на предходните менаџери не им беа исполнувани (желбата да го продаде Марсиал на Мурињо, желбата да не го игра Роналдо па и Мегваер на Солскер, еден куп желби на Ван Гал), и на играчите им стануваше јасно дека менаџерот нема одврзани раце да им каже ништо, па се излегуваше од контрола.

Со Тен Хаг, од купувањето на Антони, преку неиграњето и продажбата на Роналдо, па чувањето на клупа на Мегваер, до купувањето на Маунт и Онана, сите желби (некои од нив и хирови) му се исполнуваат. Сега ќе биде на него да врати резултати во замена.
Се во ред, но не разбирам зошто Тен Хаг одбра да билда авторитет преку грбот на Де Геа. Мене лично Де Геа ми е еден од најдрагите фудбалери кои било кога играле за Јунајтед. Да имаше малку повеќе среќа и да беше дел од шампионските генерации ќе беше славен како најдобар голам воопшто кој бранел за Јунајтед, подобар и од Шмајхел и од Ван дер Сар.

Најмалку беше негова кривица што кариерата ја помина со неколку телетабиси пред него. Плус, никогаш не се бунеше за ништо, дури и кога Солскјер го седна на клупа за Хендерсон.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682

Епа веројатно баш затоа. Висок авторитет, почитуван играч, а неконфликтен. Тен Хаг ми личи на тип на човек што не сака тивки карактери во тимот.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.966
Поени од реакции
10.640
Не е толку до тоа што ќе го донесе, колку што е до праќање порака до сите во тимот за авторитетот на менаџерот. Промената на Де Геа е хир на Тен Хаг. Хирови, кои на предходните менаџери не им беа исполнувани (желбата да го продаде Марсиал на Мурињо, желбата да не го игра Роналдо па и Мегваер на Солскер, еден куп желби на Ван Гал), и на играчите им стануваше јасно дека менаџерот нема одврзани раце да им каже ништо, па се излегуваше од контрола.

Со Тен Хаг, од купувањето на Антони, преку неиграњето и продажбата на Роналдо, па чувањето на клупа на Мегваер, до купувањето на Маунт и Онана, сите желби (некои од нив и хирови) му се исполнуваат. Сега ќе биде на него да врати резултати во замена.
Каков авторитет цке гради со тоа што набрка верен играч? Па ДДГ не беше проблематичен лик плус без проблем беше едно време втор голман
Кој хир е тоа да го набркаш како куче?
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Каков авторитет цке гради со тоа што набрка верен играч? Па ДДГ не беше проблематичен лик плус без проблем беше едно време втор голман
Кој хир е тоа да го набркаш како куче?
Не заборавајте и дека плачеше да си оди во Шпанија, среќа факсот не спаси тогаш
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.966
Поени од реакции
10.640
Не заборавајте и дека плачеше да си оди во Шпанија, среќа факсот не спаси тогаш
Па кој не плаче за во Реал, нарочито Шпанец?
Му ебавме мајката ради тој факсот остана без титули
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Очекувам да се оствари наскоро и овој трансфер.Изгледа и втор голман бараат зошто Де Геа си оди, Хендерсон откако се договорат со Онана сигурно ќе го продадат во Нотингем Форест.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Очекувам наскоро да добиеме here we go за Онана.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.366
Поени од реакции
3.260
И за Амрабат почна да се шушка во последните неколку денови. Наводно Фиорентина барала 25 милиони евра.
Јунајтед го гледа Амрабат како замена за Фред доколку си оди за сума од 15-20 милиони евра.
Според мене одличен играч е Мароканецот и навистина квалитетна опција во средниот ред.
Касемиро, Бруно, Маунт, Ериксен, Амрабат, и можеби Мектоминеј, средината би ни била одлично пополнета. Ван Де Бек очекувам да замине, дали на позајмица дали трансфер ќе видиме.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.399
Поени од реакции
21.972
Маунт, Онана, Амрабат, доволно за во средина и голман што итекако ни е потребен но што правиме за во нападот? Според мене нам ни треба некој како Кејн не талентиран што треба да се гради, но Кејн е премногу скап Осимен исто. Можеби требаше да направиме нешто и за Тимбер некако Де Бек да го вратевме во Ајах и да доплатиме 10 - 15 мил.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Гринвуд

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.771
Поени од реакции
7.380

Не ми се верува какви коментари има од фанови на јунајтед.
И јас сум за да се смени Де геа али сум му благодарен за се што направи за клубот.
Колку треба да си ретардиран да пљукаш по Де геа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom