Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нека и каже некој на несреќава што го пишувала текстов дека Руни ко прво не е Англичанец по потекло и не можат да му наредуваат за кого да навива син му.
Настрана тоа што се глупости, како ги трола сите жена му на Руни алал да и е.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Абе и мене ми се спие, ама јас Бекам прочитав, не Руни. Ај да беше Тери, ќе сфатев, ама Каи на Бекам е? :О :D
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
На глупоста на Македонските т.н. ‘‘новинари‘‘ им нема крај:facepalm:,ова треба да иде у македонштна на офнет
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Илуминати, масони, како и да беа :icon_lol:
--- надополнето: 13 септември 2012 во 02:07 ---


Не, Герет Бери е тоа. :pos: Секако дека Сколс е еден од најдобрите на својата позиција, само ќор може да не го види тоа.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 02:47 ---


Коментар за Бутнер во врска со вчерашниот натпревар. Виган дојде во вистинско време на ОТ, можеме пред дербињата да протрчаме неколкумина, еве му шанса на Бутнер, па може и да игра ЛШ подоцна, како и да ја изигра цела против Њукасл. За капитал купот, искрено, I don't give a damn, нека ги пуштат сите дечурланата нека играат, па и Јеовил ако сака нека не наполни 15-2. Многу повеќе ризикуваме да изгубиме отколку да добиеме за една шоља за кафе налик трофеј.

Еве нешто што го пишував пред некој ден, ама ми падна нетот па го зачував и еве ќе го постирам сега. Коментари за децата од академијата од тоа што го имам видено па ќе видиме кое до каде ќе стигне.

Ќе издвојам неколку профили од U18 играчите кои ги следев прошлата година а и нешто пред тоа кои очекувам да блеснат и веднаш по завршетокот на оваа да бидат префрлени во U21, дали повремено или не, битно да имаат настапи за U21. За овие новиве деца што се промовирани оваа сезона нема да коментирам зошто ги немам гледано како играат.

Пјерлуиџи Голини - голманот што дојде од Фиорентина, има 17 години ама е крупен колку Де Геа и Линдегард споени во едно. На едни италијански форуми гледав го споредуваа многу со Буфон највеќе поради рефлексите и физичката присутност. Кај нас не бранеше многу зошто скрши нога ама имаше 2-3 утакмици каде што спаси чисти голови. Времето е на негова страна, во голмански години тој е уште бебе, очекувам оваа сезона да блесне иако Сатерленд би бил прв избор за голман на младите.

Николас Јоану - уште од лани беше унапреден во U18 иако требаше да настапува за младинските категории. Син на познат кипарски фудбалер кој исто така бил стопер. Висок, снажен, на кој не му беше проблем да се бута против Лукаку и останатите биволи кога настапуваше и за резервите лани. Мене многу ме потсеќа на Видиќ со неговиот начин на игра, иако е прерано да се збори мислам дека ќе го достигне неговиот потенцијал.

Аднан Јанужај - за Јанужај нема што да кажам што веќе не е кажано, го видовме малку како играше против Абердин, сите имаат високи очекувања од него. Има брзина, има дриблинг, има и завршница. Штета што ја скрши ногата и паузираше долго време. Многу брзо би стигнал до првиот тим ако продолжи да работи како досега затоа што офанзивно е најголема закана од U18 заедно со Метс Дели кој сака смирено да игра со топката и да пушти пас од нигде што се вели.

Aндреас Переира - Плејмејкерот што дојде зимата од ПСВ ама поради тоа што е премлад само тренираше со нас, немаше официјални настапи и настапуваше за Белгиската U17 репрезентација. На едно од тие првенства со Белгија беше и најдобар стрелец, непогрешлив изведувач на слободни удари и пенали. Очекувам и од него многу брзо да дојде до првиот состав, не пребрзо фала богу ама да е еден од младите кои ќе бидат првотимци во иднината како што се Еванс, Велбек, близнаците и Клеверли.

Метс Дели - мислам дека не е потребен коментар за Метс. Интересот прикажан од Баерн, Ајакс, Барселона, ПСВ и останати европски тимови лани покажува се. Клинец кој има сериозен пристап на возрасен играч според тренерите во клубот, ги издржал сите психички препреки кои му ги поставиле тренерите за да го видат неговиот карактер. Потпиша нов договор со клубот лани, наредното лето ќе мора да се оди на позајмица, по можност Молде кај Оле, затоа што тој највеќе го бива за работа со ваквиот тип на играчи, а и Дели вели дека не планира да мрдне од Олд Трафорд и сака да биде новиот Сколс во тимот.

Секако има многу нови фаци во U18, new graduates кои прв пат ги гледам и од кои повеќе ќе видиме сезонава што следи. Некои се префрлени во U21 поради возраста и поради потребата за поголемо искуство. И тие што не ги набројав се квалитетни но овие некако ми отскокнуваат, што нели не мора да значи во иднината. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите сезонава. :)
Се е во ред но мислам на оваа листа мора да се додаде и овој лик, Џек Бармби. Дечкото со своите голови и целокупната игра минатата година мислам дека ни беше прв стрелец во тимот и голем удел имаше во успесите на У18, почна да игра и за англиската млада репрезентација и верувам дека и него за некоја година ќе го видиме во првиот тим. Може да игра на двете крила а може и како напаѓач.

МекГинти се вратил од позајмицата во Оксфорд бидејќи не игра редовно досега имаше само 1 настап ќе се бара друга позајмица за него.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Грујо да не бил во посета на Манчестер ? :D
Само што за да беше у посета ќе мораше да бара дозвола иако сака да гради на негово земјиште, нешто непоимливо за тука :D

За ова школиве за фудбал можете и вие да аплицирате ако сакате, има на официјалната формулари, Македонка, наша е меѓу главните таму, имаше и во весник лани нели, само што треба многу многу талент за да те земат за во младинците, треба да покажеш зошто треба да го избркаат Метс Дели а да те примат тебе :D :D :D :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Само што за да беше у посета ќе мораше да бара дозвола иако сака да гради на негово земјиште, нешто непоимливо за тука :D

За ова школиве за фудбал можете и вие да аплицирате ако сакате, има на официјалната формулари, Македонка, наша е меѓу главните таму, имаше и во весник лани нели, само што треба многу многу талент за да те земат за во младинците, треба да покажеш зошто треба да го избркаат Метс Дели а да те примат тебе :D :D :D :D
Може да аплицирам а?Ама тапа ми е ,од респект кон Руни...ќе треба да дреме на клупа ,не е фер:)

П.С загледав нешто за Фабрегас,има вистини?:)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Да бев помлад и те како ќе се пријавев, новиот Флечер ќе бев, или Гери со фризурчето. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom