Ме здоболе глава од читање 10 страници и во нив само да се плука по Велбек
Да, ДАЛЕКУ е од топ форма во моментов и мислам дека треба да му се смали минутажа за да му дојде памет, но заборавате дека и он беше битен фактор во играта на Јунајтед лани на почетокот на сезоната (првите2-3 месеца) додека сите беа фит и во топ форма, тимот кој не само победуваше туку и играше убаво за око.Тогаш, заразлика од сега кога без Сколс 2 паса неможеме да сврземе, секој си имаше улога во тимот и знаеше што да прави.
Велбек се движесе одлично без топка, впрочем како и цел тим, се вракаше назад да ја прими, по 2-3 допира веднаш наогаше слободен човек и повторно се убацуваше напред. Сега делува мн мн по тромав и чека со пасовите, лошо ја прима и како да нема експлозивност во 1 на 1 дуели. Се согласувам дека треба Ферги да го стегне и да го мотивира да се врати во форма, но клоца од тим НИКАКО !
Кога веќе ја изнафалив играта од лани ова време ... Мислам дека годинава имаме и подобар состав за таква игра, бидејќи двете клучни засилувања се од тимови што играат брз и модерен фудбал, Кагава беше носител и главен креативец во Дортмунд, а Перси реализатор во Арсенал. Се што фали е да се подобри формата на Нани и на Руни и тогаш мислам дека со насмевка ке ги гледаме утакмиците (и да помалку пцуење
) и нормално ке може да се очекуваат спектакуларни резултати !