Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
Се надевам дека по пазаров што го прави Челзи, а и солидното засилување на Сити ќе ги забрза нашиве во наредниов период да се ангажираат уште повеќе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.906
Поени од реакции
67.563
Се надевам дека по пазаров што го прави Челзи, а и солидното засилување на Сити ќе ги забрза нашиве во наредниов период да се ангажираат уште повеќе.
Би сакал да го делам твојот оптимизам околу трансферите, ама веќе 10-12 дена нема ниту една ебана шпекулација за Јунајтед, што не знам кога последно се има случено во трансфер рок. Не поврзуваа порано и со шуто и рогато. Не дека тоа е детерминанта дали ке има трансфери или не, ама знаејки дека нашиве работат трансфер по трансфер, а им се потребни месеци еден играч да договорат, искрено, не сум сигурен дека ке ги донесат предвидените цели. Солскаер збореше за 3-4 играчи. За 9 дена почнува новата сезона.

Нашиве не ги разбуди фактот дека Јунајтед како клуб го надминаа двата најголеми ривали, а ако остане вака, на ред е дури и Челси и Арсенал да го поминат. Пак ке речам, криво ми е што проблемот ке биде пак кај тренерот. A 2 години труби дека сака новите играчи да му се донесени пред да почне сезоната.

Едноставно не можам да разберам како со години не може да се отарасат од одредени играчи во клубот, кои имаат со зборови, НУЛА придонес. Ми делува дека ке купат нешто, колку да се замчкаат очи на фановите, и ке се бориме пак за 4-то место. Зошто со овој состав, тешко дека ке завршиме пред Челси. Ниту имаме саглам десно крило, ниту пак саглам замени.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.587
Поени од реакции
8.224




ЛВГ конечно прозбори кои му биле желбите. Левандовски, Нејмар, Милер, Хумелс и Рамос му биле невозможни желби во тоа време.Махрез и Канте можеле да му ги средат (Канте баш тогаш направи трансфер во Лестер, Махрез имаше една сезона позади него).За Садио Мане имаше конкретен интерес, но Мане не сакал да дојде заради ЛВГ, чул каква будала е.

Многу ме интересира дали Ед му го донел Швајнштагер, зошто го исполнувал критериумот на Милнер за старост :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.587
Поени од реакции
8.224
The MEN revealed this week United are trying to resolve the wage demands of Sancho and the desired agent's fees, described as a 'real issue' and an 'obstacle'. United have not even broached the issue of the proposed transfer fee and how it would be structured, with Sancho valued at £108million by Dortmund.

Последно за Санчо според МЕН.Чудно е првото за платата, бидејки Романо цело време вика дека платата е средена и не е проблем.Изгледало имало промена некоја која не ја очекувале.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.906
Поени од реакции
67.563
Пола година го договараат трансферот во најмала рака. Последен проблем треба да е агентот, тој работи за Санчо, а не обратно. А бе ни саглам изговори не можат да смислат, нешто што не ја навредува интелегенцијата на обичниот човек. МЕН не се нешто повеќе, него перачи на срамот на Вудвард.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.704
Поени од реакции
8.355
Ми се чини дека е време да се смириме со фактот дека Гринвуд ќе игра десно крило во наредните неколку сезони. Со потпишувањето на нов договор со погба си потпишуваме подолг период без саглам трансфер. Така да купете си дијазепамчиња со време. Ќе биде љута борба за четврто место :(
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
Би сакал да го делам твојот оптимизам околу трансферите, ама веќе 10-12 дена нема ниту една ебана шпекулација за Јунајтед, што не знам кога последно се има случено во трансфер рок. Не поврзуваа порано и со шуто и рогато. Не дека тоа е детерминанта дали ке има трансфери или не, ама знаејки дека нашиве работат трансфер по трансфер, а им се потребни месеци еден играч да договорат, искрено, не сум сигурен дека ке ги донесат предвидените цели. Солскаер збореше за 3-4 играчи. За 9 дена почнува новата сезона.

Нашиве не ги разбуди фактот дека Јунајтед како клуб го надминаа двата најголеми ривали, а ако остане вака, на ред е дури и Челси и Арсенал да го поминат. Пак ке речам, криво ми е што проблемот ке биде пак кај тренерот. A 2 години труби дека сака новите играчи да му се донесени пред да почне сезоната.

Едноставно не можам да разберам како со години не може да се отарасат од одредени играчи во клубот, кои имаат со зборови, НУЛА придонес. Ми делува дека ке купат нешто, колку да се замчкаат очи на фановите, и ке се бориме пак за 4-то место. Зошто со овој состав, тешко дека ке завршиме пред Челси. Ниту имаме саглам десно крило, ниту пак саглам замени.
Не сум воопшто оптимист. Туку реков дека се надевам дека нашиве ќе се разбудат по правилото на следење на конкуренцијата која е доста активна летово.
Инаку горе-долу го делам твоето мислење. Не знам само Оле што прави, зошто целава ситуација ќе му се удри него од глава на крајот...
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ми се чини дека е време да се смириме со фактот дека Гринвуд ќе игра десно крило во наредните неколку сезони. Со потпишувањето на нов договор со погба си потпишуваме подолг период без саглам трансфер. Така да купете си дијазепамчиња со време. Ќе биде љута борба за четврто место :(
Пак Погба крив? Мислам дека ако некоја врата шкрипи во тренинг центарот, и за тоа ќе биде крив Погба.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.862
Поени од реакции
2.770
Не сум воопшто оптимист. Туку реков дека се надевам дека нашиве ќе се разбудат по правилото на следење на конкуренцијата која е доста активна летово.
Инаку горе-долу го делам твоето мислење. Не знам само Оле што прави, зошто целава ситуација ќе му се удри него од глава на крајот...
Оле неговото си го направи, извади максимумот во лига односно 3то место со овие играчи. Самиот имаше изјави пред да продолжи лигата дека целава корона ситуација може да биде во полза на Јунајтед и дека ќе може да го искористат тоа што некои тимови ќе бидат финансиски во криза. Истото горе-доле и го повтори по последната утакмица со Лестер кога јасно упати порака до управата во стилот ''Знаат кои играчи ги имаме како таргет сега е на нив да ги донесат''. Проблемот сите го знаеме каде е, во управата и преговарачкиот тим. Не е можно толку споро да работат а другиве клубови кога договараат трансфер делува како од шала да си го средуваат.

Истово се случува последни неколку трансфер периоди. На Мурињо не му донесоа стопер кога бараше, на крај летна( не дека не заслужи). Лани се влечеа 4 месеци за три играчи каде што не ни имаше друг клуб загреан за нив па да речеш ајде се бореа со другите за нив. Во јануари цел месец за Бруно се натегаа и на крај си платија поштено ко што треба. За Халанд беа загреани и на крај го испуштија им кидна у Дортмунд па мораа да прават panic buy и да трчаат по Кинг па и за него ништо и како последна варијанта го донесоа Игало на позајмица што играше у полу аматерска лига во Кина.

Јунајтед како клуб ја има изгубено трансфер силата која ја имаше, бидејќи ако има за некој играч друг клуб заинтересиран нашиве не можат да го убедат и да го донесат. Последни примери се Халанд, и Белингам малиов што го земаа Дортмунд летово, така да ако ова лето не го донесат Санчо на наредно нека не се ни надеваат бидејќи Дортмунд ќе си бараат повисока сума на пари и плус што Реал, Барса, ПСЖ сигурно ќе се умешаат за него.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.432
Поени од реакции
7.140
Ама како вака сега, па нели Вудвард им ги исполнуваше сите трансфер желби на тренериве. За сега, Мојс и Ван Гал си кажаа кои играчи ги барале, а кои ги добија место нив. И Мурињо ќе пропее кога ќе се пензионра или ако го шутнат од Тотајнхем. Па и Оле после тоа.
Дефинитивно ја имаме најнеспособната управа, ај можда со Барса се јадеме. Пошто овие на чело на Јунајтед ќе тераат уште долго, нема да го видиме Јунајтед кокурентен за ПЛ, а камо ли за ЛШ.
Само нашава неспособна управа у време на трансфер период, се замара со продолжување на договорите на играчите. Нормално, секој друг клуб тоа го решава во тек на сезоната. Сеа за недела дена ќе објават бомбастично дека Погба останува и дека ќе зима 400-500 000 илјади неделно, па Оле ќе искочи и ќе каже дека е многу среќен, дека Погба е најдобар средњак у свет и дека ќе биде како екстра засилување за следна сезона. Нормално после тоа ќе донесат некој играч ко оној од Борнмут, за едно 40-50 милиони фунти, преценето англичанче кое изиграло 5 утакмици добро.
Ако се надеваат дека Дортмунд у 5 до 12 ќе им го продаде Санчо гадно се заебале. Искрено, за сега не сум оптимист дека ќе дојде Санчо, а ако сега не го земат, наредна сезона нема шанси. Прво, ќе има и други клубови заинтересирани за него, сите подобро водени од Јунајтед, а второ, не верувам дека и Санчо би сакал да дојде тогаш во Јунајтед.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.704
Поени од реакции
8.355
Пак Погба крив? Мислам дека ако некоја врата шкрипи во тренинг центарот, и за тоа ќе биде крив Погба.
Кај виде дека погба го окривувам? Само реков дека со неговиот нов договор и платата која ќе оди за него не можеме да си дозволиме поплатен играч! Ако еднаш се зезнеш, се случува! Ама ако по втор и трет пат се зезнеш на ист играч, не е до играчот, него до дебилноста на тие што си дозволиле да испаднат магариња на прав пат!
Ако не доведат саглам засилувања есенва и биста нека му направат на циганот пред стадион, преку таквоото! Важно ли е што прави раководството на тим кој се бори за јакото четврто место?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ама како вака сега, па нели Вудвард им ги исполнуваше сите трансфер желби на тренериве. За сега, Мојс и Ван Гал си кажаа кои играчи ги барале, а кои ги добија место нив. И Мурињо ќе пропее кога ќе се пензионра или ако го шутнат од Тотајнхем. Па и Оле после тоа.
Она на Ван Гал не можат да го смислат ни во фан клуб Барселона. Сериозно, желби му биле Нејмар, Левандовски и Рамос, и не му ги исполниле? Па и јас можам да бидам менаџер во Манчестер ако ми ги донесат Нејмар, Левандовски и Рамос.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.432
Поени од реакции
7.140
Она на Ван Гал не можат да го смислат ни во фан клуб Барселона. Сериозно, желби му биле Нејмар, Левандовски и Рамос, и не му ги исполниле? Па и јас можам да бидам менаџер во Манчестер ако ми ги донесат Нејмар, Левандовски и Рамос.
Пошто нели само овие тројца ги сакал.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Пошто нели само овие тројца ги сакал.
Еве ја листата од твитот: Левандовски, Игуаин, Нејмар, Мане, Марез, Милер, Канте, Рамос и Хумелс.

Од оваа листа Левандовски, Нејмар и Рамос се mission impossible не само за Јунајтед, за било кој клуб на светот. Игуаин што не го потпишале, ако можеле, мислам дека сите навивачи на Јунајтед треба на провидението да му се заблагодарат, истото важи за Томас Милер. Хумелс беше играч од две сезони, не гледам никаква штета тука.

Единствено жалам што ако навистина имале шанса не ги потпишале Мане и Канте.

Во основа, сите овие муабети на Ван Гал се алиби за неуспехот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom