Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Можеби е точно се што кажа, ама неговата констатација е срамна поготово делот каде што САФ не ги штител интересите на Јунајтед со тоа што неговиот син добил ПЛ медал или му праќал на позајмица млади играчи каде тој бил менаџер и потоа при негова промена ги повлекувал.
Што има срамно или невистинито во тоа? Одлуката син му да игра цела сезона во клубот, брат му да е шеф на скаутинг и да праќа и враќа играчи на позајмица затоа што го вработиле или отпуштиле син му се тотално на штета и против интересите на Јунајтед.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235

Јас не реков дека е лага тоа, ама неговата констатација беше во стилот дека САФ напоменувал дека секоја одлука е во корелација со интересот на клубот, ама само ради тоа што син му бил во тимот и добил медал, а подоцна кога бил менаџер во Престон ние сме му праќале играчи на позајмица и тоа што брат му бил шеф на скаутингот се доволни аргументи за да донесе заклучок дека САФ уствари не работел за интересот на Јунајтед.

Точно е дека можеби не е етички тоа што го направил од негова страна со фаворизирање на неговиот син, за брат му сум читал дека бил квалитетен скаут, ама дека не работел за интересот за Јунајтед е премногу тешка констатација за легенда како САФ.

Тоа што е Јунајтед денес во најголема мера е под заслуга на САФ и ако тоа не е доволен индикатор дека сето тоа било во интерес за Јунајтед, не знам што да кажам. Од трофеи, до традиција, историја, зголемување на фан база, атрактивност за играчи, до огромна комерцијална вредност на клубот. Ако сето ова што го набројав (можеби и заборавив нешто) не е во интерес за клубот, тогаш не знам што е.

Кин е сеуште гневен кон САФ затоа што не дозволи да се прави петел во соблекувалната (потегот јавно да ги критикува поединци пред се млади играчи не е на ниво на капитен) и баш тој сегмент во мен менаџментот со брзата одлука да ја заштити соблекувалната од неговите фрустрации во тој момент покажува дека носење тешки и клучни одлуки дури и кон играчи како Кин или Бекс се важни за еден тим. А тоа беа мајстории на САФ да го заштити тимот на секаков начин. Таа соблекувална со носење на некои играчи во наредните години го носеше Јунајтед на грб во еден многу трофеен период и редење на Челзи и Жозе под сенка.

За мене е срамна секоја изјава која што ќе биде со констатација дека САФ работел против интересите на Јунајтед со бледи аргументи дека син му го играл во тимот за да добие медал, подоцна му праќал на позајмица играчи и ги повлекувал кога истиот ќе го кикнеле и ради тоа што брат му бил шеф на скаутингот. Бледи аргументи за да се деградира еден човек кој го издигна Јунајтед во најтрофеен клуб во ПЛ.

Оле (или кој да е друг) да биде 1/10 успешен како САФ и да го врати Јунајтед на победничките патеки нека ја игра цела фамилија за да добие медал, жена му да ја постави шеф на протокол, брат му главен на тренерите... Нема да имам ништо против колку и да е неетички тоа кога тој би се чувствувал комотно, а со него како носител на тимот успева да носи успеси со тимот.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Се согласувам со Ziak. Но! Мислам дека теориите дека САФ намерно го „назначи“ Мојс и дека и намерно не го подмлади тимот на време пред да се повлече со цел да им покаже на сите дека клубот без него е само еден просечен тим, некако како да испаѓаат вистинити и работите како да се поклопуваат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Јас не реков дека е лага тоа, ама неговата констатација беше во стилот дека САФ напоменувал дека секоја одлука е во корелација со интересот на клубот, ама само ради тоа што син му бил во тимот и добил медал, а подоцна кога бил менаџер во Престон ние сме му праќале играчи на позајмица и тоа што брат му бил шеф на скаутингот се доволни аргументи за да донесе заклучок дека САФ уствари не работел за интересот на Јунајтед.

Точно е дека можеби не е етички тоа што го направил од негова страна со фаворизирање на неговиот син, за брат му сум читал дека бил квалитетен скаут, ама дека не работел за интересот за Јунајтед е премногу тешка констатација за легенда како САФ.

Тоа што е Јунајтед денес во најголема мера е под заслуга на САФ и ако тоа не е доволен индикатор дека сето тоа било во интерес за Јунајтед, не знам што да кажам. Од трофеи, до традиција, историја, зголемување на фан база, атрактивност за играчи, до огромна комерцијална вредност на клубот. Ако сето ова што го набројав (можеби и заборавив нешто) не е во интерес за клубот, тогаш не знам што е.

Кин е сеуште гневен кон САФ затоа што не дозволи да се прави петел во соблекувалната (потегот јавно да ги критикува поединци пред се млади играчи не е на ниво на капитен) и баш тој сегмент во мен менаџментот со брзата одлука да ја заштити соблекувалната од неговите фрустрации во тој момент покажува дека носење тешки и клучни одлуки дури и кон играчи како Кин или Бекс се важни за еден тим. А тоа беа мајстории на САФ да го заштити тимот на секаков начин. Таа соблекувална со носење на некои играчи во наредните години го носеше Јунајтед на грб во еден многу трофеен период и редење на Челзи и Жозе под сенка.

За мене е срамна секоја изјава која што ќе биде со констатација дека САФ работел против интересите на Јунајтед со бледи аргументи дека син му го играл во тимот за да добие медал, подоцна му праќал на позајмица играчи и ги повлекувал кога истиот ќе го кикнеле и ради тоа што брат му бил шеф на скаутингот. Бледи аргументи за да се деградира еден човек кој го издигна Јунајтед во најтрофеен клуб во ПЛ.

Оле (или кој да е друг) да биде 1/10 успешен како САФ и да го врати Јунајтед на победничките патеки нека ја игра цела фамилија за да добие медал, жена му да ја постави шеф на протокол, брат му главен на тренерите... Нема да имам ништо против колку и да е неетички тоа кога тој би се чувствувал комотно, а со него како носител на тимот успева да носи успеси со тимот.
Мешаш поими.

Капацитетот да искреира успех, се нарекува способност. И Фергусон ја имаше, како никој пред него.

Лојалност е друга категорија. Ако носиш трофеи, не значи дека си лојален на клубот. Да носиш трофеи е во заеднички интерес и на клубот и на менаџерот. Лојалност се мери кога твоите лични интереси се во судир со интересите на другата страна, во случајов клубот. И секогаш кога интересите им се судираат, Фергусон се става над клубот.

Поенатата на Кин е, дека не може да му јадат нему гомна дека го ставал сопственото его над интересите на клубот, кога од другата страна има менаџер што редовно кога неговото его и интересите на клубот доаѓале во судир, го правел истото. Лицемерно е едниот да биде легенда, другиот предавник. И за тоа е 100% во право.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.483

Го гледав целото видео, и би ти препорачал да го гледаш и ти.

Кин имал поголем проблем со Квеироз, отколку со Ферги. И не вика Кин дека секоја одлука што ја донел Ферги била во негова корист, туку дека одредени одлуки биле во негова корист, а не во корист на клубот.

Нешто слично кога на Руни му дадоа висока плата, па самиот си ја качил и неговата плата, зашто не сакал играч да биде поплатен од него.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.419
Поени од реакции
42.674
Едноставно е, без каратекри како Фергусон и Кин во Јунајтед ние не би се израдувале ни на пола титули од кога и да сме почнале да гледаме фудбал до 2013. Егоисти се и двајцата и нема никаква шанса едниот да му признае да другиот дека згрешил, што е и нормално до негде, ама има поента и тоа што го збори Рој, како што Феругсон сосема со право го избрка него пред 15тина години (иако можда не на најфер начин).

Факт е дека секој човек е себичен и ако нејќе да биде изеден од околината мора да си го брани своето. Класичен непотизам се Дарен Фергусон во тимот и брат му како главен скаут, плус враќањето на играчи од позајмица пошто син му добил отказ е ептен идиотски потег. Ама без тој нерв, Фергусон никогаш не би бил тоа што е.

Кин од друга страна не требало да изеде гомна јавно, ама 100% сум сигурен дека се што кажал бил во право и дека не било со цел да направи раздор во соблекувалната туку едноставно му се качил 200 притисок кога гледал како не млати Мидлзброу со полу-пензионираниот Мендиета и дека едноставно си ја отворил душата.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Uste sto nema da procitas....Fergi namerno go 'naznacil' Mojs za da flopne, i da se vidi goleminata negova.. :pos: :shok2:
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Uste sto nema da procitas....Fergi namerno go 'naznacil' Mojs za da flopne, i da se vidi goleminata negova.. :pos: :shok2:
Ти можеш да се смееш колку сакаш, но тие "теории" не ги измислив јас и не се од вчера.
И доста со тие кукавичлуци, ако сакаш да реплицираш некому, цитирај го.

Едит: Да се надополнам: нели Мојс (ако не се лажам) кажа дека САФ го препорачал? Факт ли е дека Мојс пропадна за пола година? Нели е факт и тоа дека екипата беше релативно остарена? И дека играч од среден ред немаше купено од 2007?
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Ти можеш да се смееш колку сакаш, но тие "теории" не ги измислив јас и не се од вчера.
И доста со тие кукавичлуци, ако сакаш да реплицираш некому, цитирај го.
Ne e tocno toa. Fergi shest meseci pred da se penzionira resil deka mu e vreme, a ne od 2009 koga pocna da ne kupuva mn dobri igraci od edna ili dr pricini. Tevez i Roni gi zameni so Owen i Valencija, pa ti sega razmisli.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Мешаш поими.

Капацитетот да искреира успех, се нарекува способност. И Фергусон ја имаше, како никој пред него.

Лојалност е друга категорија. Ако носиш трофеи, не значи дека си лојален на клубот. Да носиш трофеи е во заеднички интерес и на клубот и на менаџерот. Лојалност се мери кога твоите лични интереси се во судир со интересите на другата страна, во случајов клубот. И секогаш кога интересите им се судираат, Фергусон се става над клубот.

Поенатата на Кин е, дека не може да му јадат нему гомна дека го ставал сопственото его над интересите на клубот, кога од другата страна има менаџер што редовно кога неговото его и интересите на клубот доаѓале во судир, го правел истото. Лицемерно е едниот да биде легенда, другиот предавник. И за тоа е 100% во право.
Не ги мешам поимите брат. Лојалноста никаде не била спомната ниту оспорена во целата дискусија.
Ама не се согласувам со твоето тврдење дека баш ради личните интереси САФ не бил лојален кон Јунајтед. Само 1 повик би му требало за да ги реализира и наплати побогато сопствените лични интереси каде и да сака.

САФ не беше само лојален кон Јунајтед, туку комотно можам да го сметам за еден од темелите на Манчестер Јунајтед, заедносо Мет Базби, Чарлтон и дружина. Секој со своето време поставил квалитетен столб во клубот. Како менаџер направил премногу за тоа што е Јунајтед денес. И тоа не го бројам само во трофеи.
Неговата големина во Јунајтед со тоа што го направил во клубот довело да биде гледан како Господ. Во моментов таков третман има Меси во Барселона.
Е сега имаш таков лик на клупа кој направил од клубче со скромни успеси и солидна историја во клубиште со огромни успеси, со комерцијална вредност, со огромна фан база... Дали тој раст кој сакале или не биле под заслуга на САФ значи меѓу другото и интерес за клубот? И тоа како.
Со се што направил за клубот не му го земам за грев тоа што го играл син му, за финтите со позајмиците и тоа што брат му бил шеф на скаутингот. Бледи аргументи, капка во море...Сепак, не оспорувам дека било неетички, но за САФ зборуваме. Еве Мојс, ЛВГ, Жозе и Оле сега немаат такви кредити за слично однесување.

За мене и САФ и Кин се легенди (во никој случај не го сметам за предавник, туку ме нервира кога некој вака јавно кења). И сигурен сум дека 100% од фан базата се согласува со тоа. Само треба да се направи една дистинкција. САФ беше кормиларот, а Кин беше играч и капитен. Вториот во ниту една нормална ситуација не смее да биде поголем од првиот. Со тоа што САФ беше авторитетот и колку и да се бунтова Кин, еден е менаџер и тој е над сите и неговиот збор треба да се почитува. Значи, во никој случај ниту еден играч не смее да биде поголем од менаџерот, поготово не над големина како што беше САФ за Јунајтед. Ни сега не смее некој да биде поголем од Оле.

Кин беше играчиште, капитен...но испадот му беше се само не капитенски. Плус сите превирања кои ги имале во тој период. Ниту еден играч не е поголем од клубот. Кин е сеуште гневен кон САФ затоа што не му дозволи да се прави петел и по едно бледо издание во кое Флечер, Роналдо и останатите млади потфрлиле, овој си зел за право како капитен јавно и медиумски да ги искритикува.

Го гледав целото видео, и би ти препорачал да го гледаш и ти.

Кин имал поголем проблем со Квеироз, отколку со Ферги. И не вика Кин дека секоја одлука што ја донел Ферги била во негова корист, туку дека одредени одлуки биле во негова корист, а не во корист на клубот.

Нешто слично кога на Руни му дадоа висока плата, па самиот си ја качил и неговата плата, зашто не сакал играч да биде поплатен од него.
Го гледав целото за делот за неговото заминување (околу 25мин) и јас. Ќе парафразирам зошто коментирав...(на крајот беше тоа)

Го цитира САФ каде што стариот вика дека правел се што е најдобро и во интерес на Јунајтед за што Рој дава констатција дека тоа е нонсенс. Како главни аргументи ги зема тоа што Дарен Фергусон одиграл за добие медал од ПЛ, кога бил менаџер на Престон му позајмувал играчи и кога го кикнале САФ ги отповикал и тоа што неговиот брат бил шеф на скаутите (за овој имам читано дека бил квалитетен). Значи никаде не вика дека одредени одлуки биле во корист на САФ туку ја коментира како нонсенс изјавата на САФ дека правел се што е најдобро за клубот.

Јас ќе коментирам дека таквите ситуации од САФ се неетички, НО стариот направи премногу добри работи кои биле во интерес на Јунајтед и овие се само бледи аргументи за да се констатира тоа што го констатира Кин. Затоа викам дека таквата констатација за САФ е срамна според мене колку Кин да му е лут и гневен на САФ.

Не можи за поединачни ситуации да се генерализира целата слика.

Кин вика цело интервју САФ, Квеироз, Гил ... сите тие не чинеа, јас не згрешив, не напрвив ништо страшно и на крај фаќа да го оспорува САФ дека не работел во интерес на Јунајтед. Чекај малку другар...

Кин е играчка легенда на Јунајтед, ама на микрофон со Сколс корнат брат...

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Ne e tocno toa. Fergi shest meseci pred da se penzionira resil deka mu e vreme, a ne od 2009 koga pocna da ne kupuva mn dobri igraci od edna ili dr pricini. Tevez i Roni gi zameni so Owen i Valencija, pa ti sega razmisli.
На светов ништо не е апсолутно, сѐ е релативно. Освен математиката. Другото сѐ мора да подлежи на сомневање.

Ние никогаш нема да знаеме точно кога решил тој да се пензионира. Не за џабе го викаат стар лисец.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
На светов ништо не е апсолутно, сѐ е релативно. Освен математиката. Другото сѐ мора да подлежи на сомневање.

Ние никогаш нема да знаеме точно кога решил тој да се пензионира. Не за џабе го викаат стар лисец.
Navodno posle smrta na sestrata na zena mu, ako se dobro sekjavam okolu zimoto 2012. Togas resil deka mu e vreme.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Не ги мешам поимите брат. Лојалноста никаде не била спомната ниту оспорена во целата дискусија.
Ама не се согласувам со твоето тврдење дека баш ради личните интереси САФ не бил лојален кон Јунајтед. Само 1 повик би му требало за да ги реализира и наплати побогато сопствените лични интереси каде и да сака.

САФ не беше само лојален кон Јунајтед, туку комотно можам да го сметам за еден од темелите на Манчестер Јунајтед, заедносо Мет Базби, Чарлтон и дружина. Секој со своето време поставил квалитетен столб во клубот. Како менаџер направил премногу за тоа што е Јунајтед денес. И тоа не го бројам само во трофеи.
Неговата големина во Јунајтед со тоа што го направил во клубот довело да биде гледан како Господ. Во моментов таков третман има Меси во Барселона.
Е сега имаш таков лик на клупа кој направил од клубче со скромни успеси и солидна историја во клубиште со огромни успеси, со комерцијална вредност, со огромна фан база... Дали тој раст кој сакале или не биле под заслуга на САФ значи меѓу другото и интерес за клубот? И тоа како.
Со се што направил за клубот не му го земам за грев тоа што го играл син му, за финтите со позајмиците и тоа што брат му бил шеф на скаутингот. Бледи аргументи, капка во море...Сепак, не оспорувам дека било неетички, но за САФ зборуваме. Еве Мојс, ЛВГ, Жозе и Оле сега немаат такви кредити за слично однесување.

За мене и САФ и Кин се легенди (во никој случај не го сметам за предавник, туку ме нервира кога некој вака јавно кења). И сигурен сум дека 100% од фан базата се согласува со тоа. Само треба да се направи една дистинкција. САФ беше кормиларот, а Кин беше играч и капитен. Вториот во ниту една нормална ситуација не смее да биде поголем од првиот. Со тоа што САФ беше авторитетот и колку и да се бунтова Кин, еден е менаџер и тој е над сите и неговиот збор треба да се почитува. Значи, во никој случај ниту еден играч не смее да биде поголем од менаџерот, поготово не над големина како што беше САФ за Јунајтед. Ни сега не смее некој да биде поголем од Оле.

Кин беше играчиште, капитен...но испадот му беше се само не капитенски. Плус сите превирања кои ги имале во тој период. Ниту еден играч не е поголем од клубот. Кин е сеуште гневен кон САФ затоа што не му дозволи да се прави петел и по едно бледо издание во кое Флечер, Роналдо и останатите млади потфрлиле, овој си зел за право како капитен јавно и медиумски да ги искритикува.
Ни на крај памет не ми е да ги спорам успесите на Фергусон (спортски, менаџерски, финансиски, персонални и секакви). Само мислам дека му го промашуваш гневот на Кин. Тој не вика дека е лут зошто Фергусон решил да го казни за испадот. Тој многу повеќе е лут за наредбата да биде шиканиран од целата медиумска машинерија на Јунајтед.

Јас знам дека за мене и тебе и двајцата ќе бидат легенди на клубот. И тоа е факт. Ама стави се во позиција да си капитен на клубот толку долго. И од нигде никаде, човек со кој одлично си соработувал, кој патем има исто лудо его како твоето, наредува координиран напад врз сите твои децениски заслуги. За тоа е лут Кин на Фергусон и Гил.

Не е убаво такви работи да излегуваат во медиуми, ама веќе дистанцата е безбедна, и не нанесува штета на никој. И јас порадо би имал човек како Кин до клубот, отколку некој како Гери Невил што се тетеравеше. Рој Кин во интервјуто ништо не излажа, само си ја раскажа неговата верзија на настаните. За разлика од Гери Невил кој пробуваше да продаде некаква коректност, да балансира, па после да заќути ко лигле кога овој му рече “доста бе, и брат ти беше во приватна вила“.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.927
Поени од реакции
10.555

така се поставува авторитет и се дава до знаење дека никој не е над тренерот и си стои клубот целосно позади него, па така у иднина некоја ѕвезда од типот на Рио ке подразмисли као ке се понаша а тек па за просечните играчи да не правиме муабет, или па за еден мочко ко Погба шо ке му дозволеше да праи циркуз
оправдан потег и со платата кога си ја зголемил, да се знае дека никој неможе да е над босот
тие потези носеа стабилност на клубот ама затоа денес мочковци диктираат у која насока клубот ке се движи

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom