Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Изгинаа денес сите особено Ерера, Јанг и Рашфорд. Тактички ги надигравме во секое поле и посебно сум задоволен што сите максимално се залагаа и ја посакуваа победата.

Сите бевме изненадени од стартниот состав, но по крајот капа доле и до играчите кои очигледно ги потценавме, а и до Жозе.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ne mi e jasno sto im tekna da pocnat da igraat sega pred kraj na sezona, ama pobedava e edina pozitivna rabota ovaa sezona. Ne sum ubeden seuste deka ke pobedat se do kraj za da igraat lsh taka da ostanuva da vidime. Seoski rashford iskina, alal da mu e.
Оваа победа ме прави уште по пис ! Ама сега кога возот е отиден , џабе се чалами !
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
12 нерешени и 2 одбрана во премиер лига со 24 примени гола :D
Untitled-1.jpg
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
12 нерешени и 2 одбрана во премиер лига со 24 примени гола :D
Прегледај го приврзокот 168557
Има време до крај и на тоа поле први да бидеме. Ехееее Сити, Арсенал, Тотенхем.. обавезно една ќе е нерешена.
Типувам дека до крајот ќе бидеме без пораз ама нема ни во топ4 да бидеме и онда следи "да ви речеа во октомври дека ова ќе ви е последен пораз, немаше да прифатите?"
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.479
На Рашфорд ова му е една од најдобрите партии во Јунајтед, заедно со мечот против Арсенал дома и со Сити на гости. Погба не глумеше премногу лудило, проба да го натмегира Матиќ 2 пати, па му свика Мурињо и престана. Но, просторот што напред го отвараат Лингард и Рашфорд е страшно нешто, во првите 15 минути се виде дека на Челси им зјае празно во одбрана, и дека не можат да ги пратат.

За Фелаини немам збор утакмицава, перфектен меч, ги уби на средина.

Тоа Лингард да има маааалце повеќе во тиквата, играчиште ке биде. Рохо е една невидена енигма, знае да изигра перфектен меч, а знае и да усере мотка начисто.

Све на све, тактички перфектен меч, секој втор дуел го добија, секаде беа побрзи. Се надевам дека ова ке му даде на Мурињо идеја да не го игра Ибра по секоја цена на секој меч.
 
A

apidrone

Гостин
Пичка му матер, требаше 8 (ОСУМ) месеци да чекаме за ваква утакмица? Конечно упалија апелите да проба Мурињо да смени нешто, а богами треба и вие да не коментирате пред да почне утакмицата, особено кога се гледа дека експериментира со составот
 
R

red.devil

Гостин
Има време до крај и на тоа поле први да бидеме. Ехееее Сити, Арсенал, Тотенхем.. обавезно една ќе е нерешена.
Типувам дека до крајот ќе бидеме без пораз ама нема ни во топ4 да бидеме и онда следи "да ви речеа во октомври дека ова ќе ви е последен пораз, немаше да прифатите?"
Јас ќе имам друго прашање. Натпреварот на Енфилд со Ливерпул. Дали пак ќе го прифатеа како огромен бод ако за бод-два е Ливерпул пред Јунајтед на крај?
За мене, огромно беше влијанието од тој натпревар за мајндсетот на играчите, ептен криво ми е што влегоа со страв и огромен респект према нив.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Епа јасно ви е сега зошто Рашфорд стартуваше и зошто трубам дека Ибра со вакви противници дека треба да одмара.

ПС: За лингард не сакам збор да чујам, константно докажува дека заслужува да остане во клубот и дека е корисен играч.(Не е за да се гради тим околу него ама за ротација е измислен). За повеќе ќе збориме подоцна
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.479
Јас ќе имам друго прашање. Натпреварот на Енфилд со Ливерпул. Дали пак ќе го прифатеа како огромен бод ако за бод-два е Ливерпул пред Јунајтед на крај?
За мене, огромно беше влијанието од тој натпревар за мајндсетот на играчите, ептен криво ми е што влегоа со страв и огромен респект према нив.
Meстото во ЛШ и шанса за нешто повеќе си ги изгубивме на домашен терен со 6-те нерешени кои требаше да ги добиеме, а не на тој меч. Тие беа во страшен налет, а ние мака мачевме да дадеме гол. Дефанзивно, тактиката беше слична како денес, со цврста одбрана, и трпеливи напади. Разликата беше Рашфорд, зашто тој меч го играше Ибра. Рашфорд од првата шанса денес даде гол, за Ибра го промаши зицерот што му го намести Погба. Не креиравме доволно тој меч. Да излезевме да се надигруваме со нив во таа форма во која беа, сигурно ке примевме некој гол.
 
Не ми беше тоа поенатата а со бод а без него, исто. Него, кога на прес кажуваш дека ќе се бориш за титула а два дена покасно се браниш како Стоук, влијае на играчите. Не е ни чудно што после тој натпревар беа како отепани.
Ја би прифатил и пораз од тој натпревар на сметка за похрабра игра. Можеби тој ќе го изгубеа ама немаше да ги стај во мајндфак психичка состојба играчите.

Иначе, да не се лажеме денешниов натпревар ни малце не личеше на тој. Можеби натпреварите против Челзи на мостот и против Сити првото полувреме, овој денес - никако.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Со овој состав Мурињо му го најде лекот за Челзи, маркирање на сите побитни играчи, одземање топка и брзо претворање во акција.
Тоа се требаше за разлика кога другите уракмици ги игра со кратки пасови до гол, сеа со подолги пасови на првиот слободен играч во противничка половина и брзо трансформирање на напад, тоа е тоа што се бараше.
Мило ќе ми беше и Лингард и Јанг да ги дадеа головите, добри шанси беа па така во целост ќе им се израмнеа за првиот пораз.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom