Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Мата на 10ка е фантазија. Како со дупли пасови со Ибра врват 4-5 играчи е одлично да се гледа. Исто и Погба имаше одличен перформанс. Бочниве бекови да ни беа офанзивно интелегентни и во влез во празно и во комбинирање со крилата ќе имавме уште неколку шанси.

И дај престанете со оввинувања кон Мурињо.Нема ни 0.0001% вина за вчерашниот резултат. Единствено што сакам од него е почесто да има ваков пристап и резултатите ќе си дојдат како што треба.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
R

red.devil

Гостин
Време е да се проба со Мики и Марсијал по крилата, Рашфорд центарфор, Мата позади него. Погба и Ерера или Морган позади нив. Одбраната ќе се закрпи некако.
Никогаш нема да го видиш овој состав на терен. Мурџо е во прашање.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Ибра досега сите топки што ги прифаќа ги мава од прва и промашува во голем број наврати, барем еден потег плус да направи, односно да се намести добро па потоа да шутира реализацијата би му била многу поголема според мене, али заборавив дека има огромно его и затоа тоа не го прави. :D
 
A

apidrone

Гостин
За следниот евентуален кикс од силниот Свонси, крив ќе биде фактот што се игра во Велс. Или тревата не била добро искосена. Или противниците играле остро/дефанзивно/што ти ја знам. Или судијата не досудил пенал. Или Златан утнал зицер. Менаџерот никако.

Ти ебам плачкото. Па уште и помошникот Фариа го праќа да дава пост-меч изјава, он навреден бил. Вака и во Реал го праќаше Каранка на прес.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.844
Поени од реакции
1.327
Kako naednas mu trgna na Chelsea otkoga si zamina Murinjo.
Se plasam da ne treba da cekame isto i za Man Utd.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Уште од сеа ЛШ е километар далеку. А титулата само 100 метра од ЛШ.Но ајде 1-2 екипи да изгубат форма разбирам, ама сите 4 да паднат нема теоретска шанса.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Микитарјан денес тренирал сам на Керингтон.


Инаку @apidrone Мурињо беше исклучен од Клатенбург зошто се бунеше дека фаулот врз Дармијан во првото полувреме беше пенал и затоа Фарија дојде на прес, такви се правилата, и Венгер кога го исклучија на ОТ ако памтиш пред некоја сезона, дојде неговиот тогашен помошник, заборавив како се викаше, јака фаца им беше.А Фергусон никогаш не даваше изјава зошто беше скаран со BBC поради документарецот за неговиот коњ :icon_mrgr: и го праќаше Фелан.

Од Мурињо лично јас барам само две работи - Мата и Ерера да се први имиња на стартна листа заедно со Де Геа (во ЛЕ групнава фаза кој сака нека го игра, најсериозно ова) и Лингард да биде решение од клупа или да биде стартер кога ќе треба да се одмара некој играч, боксинг деј периодот и слично. Резултатите со онаква игра ќе дојдат. И многу ми е мило што конечно сите гледаат какво играчиште е Мата и Мурињо што сфаќа дека е грешка што го продаде од Челзи, на позадина на мобилните ми седи две години веќе :icon_mrgr:, „малтретиран“ на неприродна позиција ни е статистички најдобар офанзивен играч откако дојде, редно беше да го преместат на десетка каде што освен да билда статистика може и воочливо да влијае на играта.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Maта само го промаши финишот на една акција вчера, имаше ептен празен простор десно, шутна на средина и голманот стигна да му ја фати. :) Ерера знае од време на време да погреши пас, ама со која страст игра човекот, секоја чест.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Maта само го промаши финишот на една акција вчера, имаше ептен празен простор десно, шутна на средина и голманот стигна да му ја фати. :) Ерера знае од време на време да погреши пас, ама со која страст игра човекот, секоја чест.
Кај Мата поштувам тоа што не му треба повеќе од 2 шанси на меч за да даде гол. Има килер инстинкт. За Ерера сите се слагаме, се освен нареден капитен ќе биде превид, Смолинг ми делува на неавторитетно дете, Де Геа е голман и далеку од се, Ерера има шамари да дели во соблекувална.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Доволно е да се врзат неколку победи во низа и да се искористат киксови од конкурентите, друго ништо. Се надевам дека кога тогаш и среќата ќе биде на наша страна.
 
A

apidrone

Гостин
@Ilumious ок не сум знаел дека исклучен тренер не дава изјава али сепак, што има он да коментира за судиите или да протестира. Ете и за со Ливерпул, т.е. коментарот за Тејлор дека ќе имал тешка работа, од ФА отвориле или има најави дека ќе отворат дисциплинска постапка. Кога ќе видиш, Мурињо отсекогаш бил таков. У Реал, пишете на јутуб Mourinho porque и ќе ви искочи таа ситуација. У Челзи првиот мандат, со Барса ЛШ играа, коментираше дека Андерс Фриск на полувреме се договарал со Рајкард, па лапаше казна (Фриск се пензионираше ради смртни закани). Колку и да е во право за некои ситуации, нема плачење, нема коментирање, идемо даље. Вака само штета прави.

Мене лично ми е апсолутно сеедно дали ќе играат Мата и Ерера, или пак Руни и Фелаини, се додека има резултат. Не сум јас тој што треба да сугерира вака треба, онака треба (не сте ни вие, али не е тоа муабетот сеа). Знам дека сум досаден со тие промени што мора да се случат, ама факт е дека сме на статус кво со можност други екипи да не претицаат на табелата. Нека измисли нешто, нова стратегија, нова формација, нови стартни 11, било што. Крај краева, тој надимак The Special One не му го измисли никој, сам си го наметна. Ако останало нешто од таа специјалност, ќе извади некој џокер од рукав, ќе направи некоја магија.
Ако не ќе му ги пратам криминалците од Серава да го бркаат по манчестерските улици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom