По стил на игра со високиот пресинг, по давање шанса на младичиве, по напредокот кој го има, и желба за докажување, ја сум со Ставро, за Покетино како прва опција. Сега, нема искуство во Европа, ама во Англија и повеќе од докажан е. И ако гледаме по она што е Јунајтед, тогаш, овој е поприроден фит.
Може да ме правите луд, али Мурињо е поголем ризик од Покетино моментално, колку и да бил добар претходно. Начинот на менаџирање, контроверзиите, стилот на играта, неротирањето, ама баш никако не се уклопува со традицијата на клубот.
Меч со 2 острици. Не ми свиѓа ова како заврши со Челси. Прегорува играчи, а кога овие не му враќаат со перформанси, крив му е Педро.
Добрите страни со Мурињо се што знае да наметне психолошка предност, ке може едни од најдобрите играчи да донесеме во Јунајтед ради неговата врска со Мендеш, и знае како во дерби мечевите да игра. Не верувам дека Мурињо ке се смени, Јунајтед не е клуб кој би можел да си дозволи прес екскурзии како што правеше Мурињо во Челси. Мурињо ке сака целосна слобода во клубот, пошто у секое документарче кекна за целосната слобода што ја имаше Ферги како една од детерминатите за успешно менаџирање.
Иначе, мислам дека не за џабе искачаат шпекулацииве, Ед има состанок неделава, дали со извршниот одбор, дали со инвеститорите, па ваљда ке ја официјализираат оваа одлука.
И за крај, страшно
добар артикл за Видара.