Промоцијата на Луј ван Гал за нов менаџер на Манчестер Јунајтед донесе голема доза оптимизам кај сезонава разочараните фанови на овој англиски клуб. Истовремено, новинарите кои секојдневно ја следат работата на екипата ќе мора да се адаптираат на одличниот стручњак кој истовремено има и спефицичен карактер.
Токму затоа нивните холандски колеги им составија список од 10 правила кои треба да ги почитуваат кога разговараат со Ван Гал.
1. Бидете подготвени за секаков вид расположение - Без разлика дали неговиот тим победил или изгубил, бидете подготвени на различно расположение. Дури и кога неговиот тим победил и изгледа среќен, едно погрешно прашање може да го извади од такт.
2. Бидете неутрални - Прашањата по натпреварот почнете ги со „Како играше вашиот тим?“, затоа што наведување на некаков став за неговата состојба може да предизвика проблем. Вашата и оценката на Ван Гал за натпреварот може да биде различен, па на пример за пораз од Сандерленд со 3:0, тој може да каже дека бил најдобар натпревар на екипата во текот на сезоната.
3. Не се претставувајте - Ако го запамети вашето име, ќе го користи тоа за да влезе во препирка и да се расправа со вас.
4. Држете се за темата - Ако го интервјуирате по натпревар, вашите прашања нека бидат поврзани за натпреварот. Не го прашувајте ништо за следниот натпревар или за трансфер шпекулации.
5. Јазикот кој го зборувате сега е негов - Подгответете се за фрази кои досега не сте ги употребувале. Ван Гал веднаш се поставува како некој кој одлично го владее јазикот и ќе констатира дека новинарите не го познаваат добро истиот јазик и затоа не го разбираат.
6. Избегнете мета-интервју - Не се обидувајте да го направите интервјуто поинтересно со парафризирање на веќе поставените прашања. Тогаш ќе ја загубите контролата и ќе се најдете на Youtube.
7. Не ги повторувајте прашањата - Слично на претходното, не ги поставувајте истите прашања, затоа што нема да го надмудрите. Ќе ви одговори дека веќе кажал што мисли на таа тема.
8. Не го гледајте во лице - Кога мислите дека се шегува или е смртно сериозен, постои голема шанса неговит фацијален израз да ве измами. Најдобро е да гледате во прстите на вашите нозе.
9. Разликувајте факти од став - Ова ќе биде тешка задача затоа што Ван Гал е тој кој одредува што се факти, а што мислење или став. Само тој е способен да ви каже дали победил подобриот тим или судијата оштетил некого. Без разлика што и вие сте го гледале истиот натпревар.
10. Трудете се да бидете концизни - Шансата да влезете во конфликт со Ван Гал нагло расте по третата минута од интервјуто. Обидете се да го завршите интервјуто во тој период за тој да не го направи тоа место вас.