Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
и ја па оптимист, очекував паметно нешто.

Има право @Red Man, се исфитиле само на Мојс сите а магарињата што делат 500 илјади неделно ќе бидат од бледи побледи против десеткуван тим чиј најплатен играч е негде 20-30 илјади неделно. Не може бре така, па срамота е против Олимпијакос и Дрндакос менаџер да ти треба ко прво, да не зборам ова дека требал да игра или не треба. Па на времето против вакви боси Лиам Милер играше како Меси да е.

будалетинка, која црна топка да им се фрли? На Роналдо во Реал изминативе години кој му фрла топки, на Меси, Серхи Роберто да не чека да му фрлат топки? Види го Суарез со какви сакати игра, па самиот зема топка, игра, разигрува, подава на Стариџ. Со дваес тренера го прави истото, од Кени до Табарез. Фергусон ранг на тренери да не се сите овие? Не ги оправдувајте аман.

Абе ајде, све распрдени се собрале, те немало кој да им подаде, те немало кој да им засмета.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.453
Поени од реакции
42.742
и ја па оптимист, очекував паметно нешто.

Има право @Red Man, се исфитиле само на Мојс сите а магарињата што делат 500 илјади неделно ќе бидат од бледи побледи против десеткуван тим чиј најплатен играч е негде 20-30 илјади неделно. Не може бре така, па срамота е против Олимпијакос и Дрндакос менаџер да ти треба ко прво, да не зборам ова дека требал да игра или не треба. Па на времето против вакви боси Лиам Милер играше како Меси да е.
Да, ама менаџерот е тој што ги избира играчите. Мојс беше тој што ги пушти Валенсија, Јанг и Клеверли во игра, а ги извади Јанузај и Фелаини после одличната партија против Палас. Исто, тој е човекот кој ги поставува позициите на играчите, кој треба да ги мотивира, кој ја прави тактиката и кој се усра и даде наредба да се бранат против десеткуваниот тим чиј најплатен играч е 20-30 илјади неделно. :) Тој треба да знае против кој тим кој играч да го извади. Дали да игра со 3ца во средниот ред или да чека на Јанг и Валенсија да направат нешто. Ми се допадна само оптимизмот и верувањето кај Ван Перси: "With all due respect, we should be able to defeat this team 2-0 or 3-0," he added. Добро е и што им е јасно од каква екипа изгубиле.

Да не бидам грешка сфатен. Јас пишав дека ако се споредат перформансот на Руни од вчера и платата која ја зема, треба или да биде обесен или да лежи 10 години затвор за кражба на ФК Манчестер Јунајтед. Ама и него потполно го разбирам, кога буквално нема со кој да сврза пас и кога е тој со топката, Валенсија чека на едното коше, Јанг на другото, околу Перси има 2ца, Керик си прави муабет со Видиќ и Фердинанд, а Клеверли го нема ни на мапата. :)
 
Последно уредено:
2

~2A

Гостин
и ја па оптимист, очекував паметно нешто.

Има право @Red Man, се исфитиле само на Мојс сите а магарињата што делат 500 илјади неделно ќе бидат од бледи побледи против десеткуван тим чиј најплатен играч е негде 20-30 илјади неделно. Не може бре така, па срамота е против Олимпијакос и Дрндакос менаџер да ти треба ко прво, да не зборам ова дека требал да игра или не треба. Па на времето против вакви боси Лиам Милер играше како Меси да е.

Со голем респект кон тебе, ама не ти личи напишаново. :)


Истава екипа пред 1 година не беше олку мизерна колку што е сега, сме губеле од бош екипи, ама олку не била слаба. Така да најверојатно е до тренерот!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Да, ама менаџерот е тој што ги избира играчите. Мојс беше тој што ги пушти Валенсија, Јанг и Клеверли во игра, а ги извади Јанузај и Фелаини после одличната партија против Палас. Исто, тој е човекот кој ги поставува позициите на играчите, кој ја прави тактиката и кој се усра и даде наредба да се бранат против десеткуваниот тим чиј најплатен играч е 20-30 илјади неделно. :) Тој треба да знае против кој тим кој играч да го извади. Дали да игра со 3ца во средниот ред или да чека на Јанг и Валенсија да направат нешто. Ми се допадна само оптимизмот и верувањето кај Ван Перси: "With all due respect, we should be able to defeat this team 2-0 or 3-0," he added. Добро е и што им е јасно од каква екипа изгубиле.
И јас сакав да играат Јанузај и Фелаини, ама како прво, Јанузај не смееме да го форсираме толку, дете е уште, една лоша повреда или лош режим фали на овие години и се да му отиде по вода, како Мајкл Овен. Фелаини нема играно три месеца, разбирам зошто не играше, можеби ќе беше полош од Клеверли вчера.
Ама она што го постираше од РвП мене ми ја потврдува тезата која сакав да ја кажам, и ќе ја повторам, дека и Амос да беше на гол и уште рандом тројца идиоти во тим, екипа од рангот на Олимпијакос мора да биде победена. Значи кога Џонс и Еванс беа опоравени, Клеверли не го ни имаше во составов. Јанг сеа мора тек тук да игра, Нани господ знае кај е.

Едноставно за крај, срамота е против Олимпијакос да патиме по Фела и Аднан кога на нив не им играа најдобрите двајца и беа со трет напаѓач. Манчестер Јунајтед е ова.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.252
Очекував досега некој казна, дали некоја недела без плата, дали со резервите да почалка некој. Ама ништо, многу мирен е Мојс.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
и ја па оптимист, очекував паметно нешто.



будалетинка, која црна топка да им се фрли? На Роналдо во Реал изминативе години кој му фрла топки, на Меси, Серхи Роберто да не чека да му фрлат топки? Види го Суарез со какви сакати игра, па самиот зема топка, игра, разигрува, подава на Стариџ. Со дваес тренера го прави истото, од Кени до Табарез. Фергусон ранг на тренери да не се сите овие? Не ги оправдувајте аман.
На роналдо му фрла алонсо и остала барга ,на меси чави и ињеста.За зублето иако има посрани играчи окулу него ,барем се тие поставени така како што треба. Кај нас е сосема обратна ситуацијата ,за да се победува со оваа тактика на мојсије треба да имаме 15играчи на терен т.е. уште четворица помеѓу керик-клеверли-јанг и ЛАВ .
РВП каков играч е?Чека топка во или близу до 16ник за да шутира ,вчера доби такви топки?Ниту една. Затоа немој да кажуваш како не чинеле некој и не се замарал а зимал толкава плата.
Се знае кој беше проблемот вчера - Мојсије и неговиот ‘‘стручен‘‘ штаб. Која му беше таа формација, која тактика, зашто не играше со истата ко со палас и наместо мата - шинџи, да играше така 12000% ке беше резултатот 1:3 ,ама неее магионичарот ке иде на сигурно со прејаката 442 и со најдобрите крила Лав и Кешли .
 
R

red.devil

Гостин
Мене никако не ми е јасно со што Мојс заслужува да му се даде шанса уште една сезона, ама ајде. Да имаше едно позитивно нешто од неговото доаѓање, ајде ќе речев нема проблем. Јасно ми е дека до крајот на сезонава не јаде отказ, пред се ради инатот на стариот, ама оти да не изеде пред почетокот на наредната? Прво муабетот беше, рано е за судење во Октомври, ќе видиме какви ќе бидат работите во Мај. А сега, сред фервуари кога сезоната ни стана само формалност...чисто онака да ги доиграме натпреварите до крај, се тера муабет од дел од нашите фанови дека сезонава не била репер за ништо, требало тој да си го создаде тимот како што му одговара него,па тогаш да му судиме.

Ај не се заебавајте, ако Руни, Перси, Кагава, Мата, Јанузај, Керик, Фелаини, Џонс, Де Геа не му се по негов вкус треба да е ненормален.
Да беше до мене, немаше ни да ја види менаџерската фотеља на Манчестер Јунајтед а не па да седне на неа. Подршка јасно е зошто има, дури многу фанови присутни тука ја имаат ставено како потпис или статус порака. Дури и од мене ја имаше подршката ради Ферги.

Ама да се разбериме, Јунајтед е во прашање и интегритетот на клубот, кој и да беше менаџер и добиеше 6 годишен договор, се испраќа јасна порака. Клубот стои зад тебе. И не можеш да очекуваш после пола или една година да го смени мислењето инстинуција како Јунајтед. И не го зборам ова зошто навивам за овој клуб, туку затоа што е така. На тој начин (ако се избрка) ќе се покаже несериозност од страна на клубот и неодржувањето на зборот (знам глупо звучи, ама договор си е договор и треба џентлмен да се испадне дури и кога ништо не е како што треба) и Мојс ќе си има за право да рече дека не го испочитувале договорот и не му дале доволно време, во што и ќе биде во право.

Инаку го делиме истото мислење, имаме играчи кои би биле во прв тим и во други великани во Европа, нема оспорување за тоа. Изгледа лошо си ме разбрал. Јас ги пишав причините за неуспесите од гледана точка на Мојс а не од моја. Мојата гледна точка и причина е многу јасна. Ја кажав после дуелот со Стоук. И тоа не е ни Велбек, ни Клеверли, ни Кагава што седи на клупа, ни парите што ги земаат Руни и РВП. Само една е, и тоа е МАЕСТО МОЈС.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.453
Поени од реакции
42.742
И јас сакав да играат Јанузај и Фелаини, ама како прво, Јанузај не смееме да го форсираме толку, дете е уште, една лоша повреда или лош режим фали на овие години и се да му отиде по вода, како Мајкл Овен. Фелаини нема играно три месеца, разбирам зошто не играше, можеби ќе беше полош од Клеверли вчера.
Ама она што го постираше од РвП мене ми ја потврдува тезата која сакав да ја кажам, и ќе ја повторам, дека и Амос да беше на гол и уште рандом тројца идиоти во тим, екипа од рангот на Олимпијакос мора да биде победена. Значи кога Џонс и Еванс беа опоравени, Клеверли не го ни имаше во составов. Јанг сеа мора тек тук да игра, Нани господ знае кај е.

Едноставно за крај, срамота е против Олимпијакос да патиме по Фела и Аднан кога на нив не им играа најдобрите двајца и беа со трет напаѓач. Манчестер Јунајтед е ова.
Ама самиот пристап ни беше таков, тоа е работата. Ние место да ја фатиме топката, да направиме шанса, две од старт и да им се фатат нозете, првиот и единствен шут го имавме во 78ма. Колку и да го бранете, Мојс се уплаши од Олимпијакос вчера. Мојс одеше на нерешено, со оваа никаква одбрана. Целата одбрана ни беше или дедовци и Смолинг кој не играше на неговата природна позиција. Па со оваа одбрана јасно е дека ќе ти дадат гол. Немавме никаков концепт на игра и никаков распоред на играчите. Колку и да се појаки, голема улога има и тренерот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.875
Поени од реакции
7.309
Со голем респект кон тебе, ама не ти личи напишаново. :)


Истава екипа пред 1 година не беше олку мизерна колку што е сега, сме губеле од бош екипи, ама олку не била слаба. Така да најверојатно е до тренерот!
А истава екипа пред 1 година беше постара или помлада?И од тогаш изигра 100 утакмици навака или им се одземаа?Истава екипа да беше со Гвардиола 20 години и да дојдеше Фергусон ќе освоеше титула?
Не зборете и вие глупости,не може тренерот да биде крив што Фердинанд против факинг Олимпијакос има оцена -2.


Еве ви бај д уеј да се олабавите малце

:D
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.453
Поени од реакции
42.742
Да беше до мене, немаше ни да ја види менаџерската фотеља на Манчестер Јунајтед а не па да седне на неа. Подршка јасно е зошто има, дури многу фанови присутни тука ја имаат ставено како потпис или статус порака. Дури и од мене ја имаше подршката ради Ферги.

Ама да се разбериме, Јунајтед е во прашање и интегритетот на клубот, кој и да беше менаџер и добиеше 6 годишен договор, се испраќа јасна порака. Клубот стои зад тебе. И не можеш да очекуваш после пола или една година да го смени мислењето инстинуција како Јунајтед. И не го зборам ова зошто навивам за овој клуб, туку затоа што е така. На тој начин (ако се избрка) ќе се покаже несериозност од страна на клубот и неодржувањето на зборот (знам глупо звучи, ама договор си е договор и треба џентлмен да се испадне дури и кога ништо не е како што треба) и Мојс ќе си има за право да рече дека не го испочитувале договорот и не му дале доволно време, во што и ќе биде во право.

Инаку го делиме истото мислење, имаме играчи кои би биле во прв тим и во други великани во Европа, нема оспорување за тоа. Изгледа лошо си ме разбрал. Јас ги пишав причините за неуспесите од гледана точка на Мојс а не од моја. Мојата гледна точка и причина е многу јасна. Ја кажав после дуелот со Стоук. И тоа не е ни Велбек, ни Клеверли, ни Кагава што седи на клупа, ни парите што ги земаат Руни и РВП. Само една е, и тоа е МАЕСТО МОЈС.
Aбе јас арно те разбрав, знам дека тоа не е од твоја гледана точка и пишував општо за ситуацијата според мене... :D Океј си држи вода ова горе напишаното, ама од друга страна ако е несериозност да не се одржа зборот за сметка на многу подобра сезона, јас би одел со несериозноста. :D
 
2

~2A

Гостин
А истава екипа пред 1 година беше постара или помлада?И од тогаш изигра 100 утакмици навака или им се одземаа?Истава екипа да беше со Гвардиола 20 години и да дојдеше Фергусон ќе освоеше титула?
Не зборете и вие глупости,не може тренерот да биде крив што Фердинанд против факинг Олимпијакос има оцена -2.
Јас значи секогаш ставам акцент на средниот ред. Затоа што тие се играчите кои што треба најмногу да покриваат, а нашата средина исто како да ја нема. Тука дефанзивците им е уште потешко.

Не го бранам Фердинанд, ама средина нема(в)ме!
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Ја не разбирам како со цел памет уште плукате по Мојс.Човекот не може да влезе во соблекувална , да глуми лихвар и да го шљака цел тим пошо играат со желба за победа 0. Да речеме дека Мојс е лош тренер.ЗОшто тогаш играчите не земат да играат 200% од тоа што можат чисто за Јунајтед ако го сакаат толку ? Или му тераат инат на стариот дека напраил лош избор со тренерот па сеа они паметните му докажуваат.Со овој тим постои само еден тренер на светот што може да освои Премиер Лига, зошто само он можеше да му рече на Руни ќе играш позади и точка ,ти ако сакаш пресадуј коса дур не ти стане ко на битлси.Не си бладајте остајте го човекот нека си поќами малце , нека си покаже што има.ГОлем кур ако не освоиме Премиер Лига 4 години, јас само сакам да видам како повторно се создава една извонредна генерација околу Јанузај и помладокот кој што реално е многу заебан.И секако играчите кои што се доле на теренот да играат со срце и за Јунајтед .
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Глупо што не ги прават и договорите на менаџерите со клаузули.
“Еве ти 6 годишен договор ама од тебе се бара минимум 4то место премиер лига, ЛШ доволен е влез во 1/8 финале и да не се го правиш клубот мајмун па по ред да загубиш од Миравци, Турново и Беласица на домашен терен.

Иначе јас сум од тие што до пред месец дена имав уште надеж во Мојс и стоев на негова страна, колку само го бранев тука. :facepalm:

Моментално најдобра идеја ми е нека си седи дома, нека си зема плата а да доведат нов непознат менаџер од некоја шкљ лига да му покаже дека иако е непознат до сега (овој новиов) сепак може да ги има истите или појаки резултати од The chosen one.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom