Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не се палете на Лева, агентот сака да изнуди побогат договор. Лева и Кагава не се мирисаат, уште ултимејт фајтинг ни треба по терен.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.473
Поени од реакции
3.446
Нека го игра Еванс во средина како што го игра и Џонс .. па да видиме дали ќе биде толку константен во одбрана како и Џонс ... Џонс е ѕвериште од играч ... умира на терен ... еднаш изигра централен и одма заклучија дека не го бива !!! Многу е лошто што Џонс игра се и сешто зашто Саф така ја поставува формацијата .. ајде да видиме колку ќе се снајде Еванс на такви ротации .
На Велбек може би у е прва сезона во првиот тим но сепак ... дека ќе стане ѕвер мене искрено тешко веројатно ми е зашто тоа не го гледам во него воопшто ... Еве Клеверли беше исто на позајмица и на него ова му ја прва сезона и дечкото за 5 утакмици изигра маестрално ... од марс се гледа дека гори за да игра за Јунајтед !!! Зашто никој не го цитира делот со Руни ... каде неговата слаба форма се должи на ротациите и тоа упорно форсирање на Велбек пред Руни .. каде Руни работи 500 на саат за да му овозможува на доточниот нешто да направи ... ама без завршница !!! На крај се се сведување на Руни ... и неговите маестрални завршници како онаа со Сандерленд вчера !!! Едиснтвена позитивна рабора на велбек е што не е како Гибсон исфорсираниот , па секој напад да му е шут во трибини !!!
ВЕЛБЕК нема да биде јак играч , кој ти вика ке видеш следната сезона што ке права Дени
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Смеа ме фаќа сега кога ќе ми текне што се дешаваше вчера :pos: Вистина дека никогаш не е досадно да си фан на Манчестер :D
Не се карајте и не берете гајле, стариот ги надмина и Лидс и Евертон и Арсенал и Ливерпул и Блекбурн и Челзи, ќе го најде лекот и за селаниве. Ако има нешо добро од тоа вчера како шо кажа зиак е што останува Манчини на клупата. Иако изненади, се слагам со Марвин, сепам со онаков тим како што милуваат да кажат некои фанови да одиш рамо до рамо до последна секунда е лоша работа.

Ајде рилекс, не чека интересно лето.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Заборави да напоменеш дека Евра е офанзивен бек и дека најголем број од организираните акции по таа лева страна почнуваа со него и без малце голем дел завршуваа со него вклучуваајчи и голем број нафрлени топки !!! Кога не можеше Јанг , можеше евра во нападот, кога не можеше евра можеше Јанг во одбраната .. нешто налик на Силва со Валенсија ...Каде Валенсија безборј пати се врати за да го покрие братчето !!!!! Ама јас не им замерувам на нив воопшто зашто се борат и гинат на теренот .. нешто како Смолинг и Џонс поготово ... дечките изумреа на терен !!! Еванс кога беше најпотребен успеа да го уништи тимот и да си го добие 6-1 поштено !!!! Од тој момент Манчестер Јунaјтед не беше повеќе ист иако се до таа утакмица Јунајтед кинеше живо и диво !!!
Aма дали се читаш воопшто шо пишуваш ? Баш од кога се случи Сити 6-1, Јунајтед се стабилизира до нова година кикс немавме барем во Англија, за ЛШ не коментирам сезонава. И што се фати за едниот од малкуте лоши настапи на Еванс сезонава. Гледам и за Рио си спомнал нешто подолу. Што мислиш зошто догодина ќе има многу помала плата(нефицијално) и ќе игра многу помалку ? Пошо Еванс е за никаде ? А пази во сезона коа го немаме Видиќ, имаме втора најдобра одбрана во лигата.

И ако за Велбек го имаш тоа мислење, кој знае што си мислел коа Роналдо сам се дриблаше првите утакмици. Таква е сезоната слична на периодот од 2004-2006 се форсираат млади играчи, не знам како досега не си го сфатил тоа. Смалинг, Де Геа, Рафаел, Џонс, Еванс,Велбек, Клеверли...само потсети се колку заостанувавме зад лидерите во тој период, а сеа бевме секунди одделени од титула, Да се разбереме и мене ми е ептен криво што не освоивме и сами сме криви затоа, ама дека има иднина во овој тим има. Со Кагава, еден лев бек(пошо Фабио ќе иде на позајмица, не оти Евра е дотолку за никаде туку не може без одмор да е) ќе се заврши работа за во наредни 3-4 сезони.

И многу бев разочаран откако завршија утакмиците, али кога ќе видиш чичиња од 50 години како скокаат од радост по кладилница и викаат Пуши Јунајтед :D си викаш, па нека се израдуваат еднаш мајка му, еднаш у 100 години се дешава ова. :icon_lol:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.401
Поени од реакции
7.694
Ќе се воздржам од коментирање додека не се смират страстите.



ПС: Не ми е толку жал што не освоивме, него ми е жал што имавме 8 бода предност и шанса за да бидат 6,што успеав да се порадувам се до 90-та и што Сити освои а не се толку супериорни колку што 70-80% од овде и цел свет мислат така.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Добро, според сите стандарди и прописи мораше да има церемонијални ствари во Сандерленд, имаше и преклани на ОТ кога освои Челзи, имаше и на Стемфорд Бриџ ние кога освојувавме, се може да се деси, не е дека ние сме побарале шампањска :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
Дечко еве го твоето златно мислење и твојата лојалност како фан на Јунајтед сите знаеме дека во Премиер Лига се игра до последно до последна минута до последна секунда ти беше од неколкуте кои се прогласија за шампиони па дури ти смелиот си направи и слика за десктоп.
Ќе се воздржам од коментирање додека не се смират страстите.

Да пукнат душманите goodlife нели !!!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Гигс не сме го побарале ние ова, процедура е, пишав погоре :)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
Гигс не сме го побарале ние ова, процедура е, пишав погоре :)
Па што да правам кога напаѓа со глупи аргументи и си мава контра во ист пост.
Ми сере дека сум направил wallpaper и дека сум прославил пред време а подоле пишал BELIEVE !!!! Очигледно не го разбира значењњето на тој збор туку си го препишува од други зашто е cool !!!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.401
Поени од реакции
7.694
Да пукнат душманите goodlife нели !!!!
Брат искулирај малце, никаде не водат овие караници.И ја ја имам таа можност па ја чувам за правиот момент кога највише боли :sneaky:Колку пати ме изреметија денес у школо ми идеше сите да ги ставам у чашка за ракија да ги измочам,да ги запалам, па та ги фрлам у Вардар и што ти не.Ке дојде момент кога они ќе бидат ранливи ко нас и со зборот Кај си бе Челзи( пример било кој тим) ќе ги боли 100% повеќе од сол на рана.

Ќе биде подобро верувајми, а и САФ нема да остане на ова ;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Кога некој викаше со деца не се осваја титула :icon_lol:

Би ве замолил следна сезона да не праќате играчи во трета лига!
Сами се тепавме,тоа е факт.Она вчера ми скрати пола век,уште еднаш ќе кажам честито титула на нафташите,ја заслужија :unsure:
Ќе биде интересно лето,но не му се замарам кој што сака нека дојде додека е серот нема време и простор за паника ! Bel20ve :icon_lol:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.401
Поени од реакции
7.694
Gary Neville has signed a 4-year-deal with the FA, appointed coaching member of Roy Hodgson's coaching staff. #MUFC

И Фил е повикан од вчера ама незнаел имал утакмица
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Брзо сега сите админи на фејсбук да направите фан група на Хоџсон и сите да лајкувате,па за некое време и да биде на кормилото кај Фергусон ако не другo "десна рака"... :icon_lol:
<3333 Хоџсон!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.767
Сезонава испадна интересна, иако ептен рано ја напуштивме Лигата на Шампионите.. Премиер Лигата беше интересна и неизвесна до последен момент, па кој знае дали ќе бевме живи ако трпевме вакви стресови и во ЛШ.. :D.. Таков е фудбалот момци, еднаш ќе се радуваш, еднаш ќе плачеш.. Битното е во секој момент да си со тимот (што не треба да значи дека не смееш да критикуваш).. Без разлика на се што се случи оваа сезона ние ќе продолжиме да навиваме за Јунајтед и догодина уште порадосни ќе бидеме кога ќе се вратат трофеите каде што припаѓаат..

Започнавме фуриозно.. Изгледаше дека никој неможе да не сопре.. Сите фудбалери летаа по теренот, игравме фантастичен фудбал, крунисан со голем број голови во противничките мрежи.. Пополека почнаа повредите и почнавме да играме мање-више на сила.. Дури мораше да се враќа Сколс од пензија, бидејќи бевме без фудбалери на средината.. Навистина огромна штета за Клевери, Андерсон и Флечер што отсуствуваа 90% од сезона.. Мора да се каже дека ова беше една од главните причини за падот во брзината и динамичноста на играта на тимот.. Исто така 90% од сезоната бевме и без капитенот, најдобриот фудбалер во ПЛ од претходната сезона и столб на нашата одбрана.. На сите ни е јасно дека одбраната без Видиќ е многу послаба, па дури и понеорганизирана (му се дивам на човеков колку е моќен).. Така да, ете и овие битни фактори беа против нас.. Како и да е, Рио даде се од себе и заедно со Еванс кој ме изненади позитивно, мислам дека колку-толку успејаа да го покријат отсуството на капитенот (без разлика што имаа по некој ептен слаб натпревар)... Од Керик исто така сум позитивно изненаден, кој за разлика од претходните 2 сезони оваа ја одигра над сите очекувања.. Сколс на крај испадна главен играч во средината, заедно со Валенсија на десното крило.. За Јанг супер дебитантска сезона, иако и тој се мачеше со повредите (заедно со Нани).. Рафаел, Џонс и Смолинг исто изиграа супер (овие се фудбалери во подем и секоја наредна сезона очекувам се повеќе и повеќе од нив).. За во нападот, мислам дека моментално само Руни е достоен да биде регуларен првотимец.. Без разлика што и тој овие 2-3 месеца изигра под нивото и направи 300 грешки и промаши неколку зицери, сепак даде +30 голови цела сезона, а додека дава голови и ни носи поени, нема поголеми замерки... Сепак тој е напаѓач и најдобар е кога врши улога на шпиц, а не на плејмејкер.. За Чичарито и Велбек, искрено јас не сум кој знае колку задоволен од нив.. Кај Чичарито ме нервира што нема никаква контрола на топката, мора да поработи на тоа.. За голови давање се докажа веќе, но нека повежба малце штоп и водење, па зошто да не научи и некоја финта... За Велбек, според мене играше топло-ладно.. Пружи неколку фантастични партии, даде и понекој битен гол, направи неколку супер асистенции, ама кај него не ми се допаѓа што многу често знае да направи потег плус, па безвеза да ја изгуби топката...или не дај боже со се топка да испадне во аут.. За Бербатов и Овен најверојатно последна сезона, па чисто да ги поздравам...

За ЛШ и ЛЕ нема што да се каже.. Очајни партии, сите до една.. Едноставно не ни заслуживме повеќе од тоа што го добивме.. Испаднавме од групите во ЛШ, што е срамота за тим како Јунајтед, но се дешава.. Наредната сезона мора да се поправи впечатокот од оваа, па да патуваме на Вембли во Мај..

За ПЛ, мешани се чувствата... Од една страна освоивме дури 89 поени, имавме 28 победи ,толку немавме ни кога бевме најсилни 2007-2009... Но кога ќе ти текне дека имавме 8 поени предност на 6 кола, 4-2 со Евертон во 83та на ОТ и на 2 минути до крајот титулата беше во наши раце, неможе а да не ти биде мака.. Испадна најболното можно сценарио, поарно ќе беше вчера 8-0 да си тепаа Сити, како Челзи против Виган пред 2 години.. Факт е дека сами ја прокоцкавме титулата, така да не смееме да обвинуваме други (иако мене никој неможе да ме убеде дека КПР не им ја пуштија на Сити вчера)..Едноставно од Виган мораше бар поен да освоиме, или пак поразот од Блекбурн на ОТ.. :O.. Тим што испадна не плесна на наш терен.. Тоа е недозволиво за Јунајтед.. Исто како и понижувањето од Сити од 1-6.. Но на грешките се учи нели? Тоа е тоа, едноставно така морало да биде..

На крај, во зависност од кој агол гледаш, може да испадне и најлоша сезона во последните 10.. Велам најлоша бидејќи прв пат после 10тина години остануваме без финале во некој куп и без освоена титула (земавме Комјунити Шилд, ама правиме муабет за ПЛ, ЛШ, ФК и КК).. Сепак за мене не е така, бидејќи сезонава имаше премногу возбудувања, посебно во ПЛ за да се каже најлоша во последните 10 години..

Здравје догодина со 2-3 засилувања, одиме на поголеми успеси..

П.С. Поздрав до Руд! Тој е легенда на Јунајтед и тешко се раѓат такви напаѓачи како него...

Едит: И ќе си земам за право на шала да кажам дека сезонава најголем успех ни беше победата над Барса на пријателската во Вашингтон.. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom