Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.364
Поени од реакции
6.479
Сакам Хојлунд хеттрик да даде. Одамна не сме се порадувале на такво нешто.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.355
Поени од реакции
9.534
Од колку гомна не извади Онана сезонава?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.403
Поени од реакции
7.695
Фатив од 60та негде, имаше брз проток на топката, се отвараше простор и имаше некој напаѓачки патерн. Средината непостоечка дури, немаше контрола на натпреварот.

Гарначо се изнаутиња за цел тим, како по обичај.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.563
Поени од реакции
66.218
Од колку гомна не извади Онана сезонава?
Се појде од еден избрзан пас на Касемиро низ средина, за кој немаше потреба да го игра, па потоа во паника и со игра ја сопре. Тимов тешко лечи стари навики, пак виси голот сосема непотребно. Откако излезе Маунт, како цел пресинг да пропадна, и почнаа да ни прават шанси.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.726
Поени од реакции
22.711
Едвај го победивме Бодо, и мора да се комплицира за на крај тој што го кудеа лани и плачеа некој за ДеГеа да не извади од гомна и тоа многу пати.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
471
Поени од реакции
661
Не сум задоволен у главно, каква тква победа испадна.Сувишно е да се коментира кога очигледно се игра на картата уште се навикнуваат на играта.
Противникот не беше за потценување,два пати минаа центар,два гола ни дадоа и до крај се тресевме да не примиме по нивното трето минење на центар.
Она што го знаеме е тоа дека сме на дното, се надевам дека чекор по чекор ќе се качуваме нагоре.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.355
Поени од реакции
9.534
Се појде од еден избрзан пас на Касемиро низ средина, за кој немаше потреба да го игра, па потоа во паника и со игра ја сопре. Тимов тешко лечи стари навики, пак виси голот сосема непотребно. Откако излезе Маунт, како цел пресинг да пропадна, и почнаа да ни прават шанси.
Маунт и Амад ќе добијат прилично зголемена минутажа под Аморим изгледа, е колку ќе покажат ќе видиме.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Нема оправачка да бидеме реални. Пола од играчите не се ни за Ченпионшип. Тешка мизерија е клубот и ако бидеме во првите 10 на крај на сезона ќе биде премија.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.585
Поени од реакции
6.320
Второто полувреме се консолидираа, конечно видовме акции, фудбал, првото кружевме ко киша око Крагујевац.
Хојлунд е страшен потенцијал. Му фали уште малку самодоверба и ќе биде незапирлив. Секако и повеќе шанси да му креираат соиграчите. Не верувам дека ќе загриземе за Ѓоќереш баш ради Хојлунд. Освен да го донесат место преварата Зиркзи.
Маунт беше добар, добри комбинации, неколку пети, пресинг. Беше себичен кога погоди пречка а не ја подаде на Ентони но жеден е за голови јбг.
Од Угарте исто сум задоволен како изигра, мислам дека ќе се бетонира во прв тим.
Мазрауи стандард, докторски.

Нека ја тера својата игра Рубен, полека ќе открие кој играч каде најмногу му одговара во формацијава.
Засега покрај Онана, сметам дека Мазрауи, Угарте, Хојлунд и Бруно ќе се првотимци иако за Бруно сеуште не сум сигурен на која позиција.
Мартинез, Шо а можеби и Мегваер лев штопер.
Јоро веројатно ќе ротира десно со Маз а би сакал да го видам и централно, Де Лигхт не ме убедил за сега дека е добар прв избор.

На лево крилно-бековската позиција сме најтенки. Шо не верувам да игра таму, можеби само по потреба. Маласија е бивш фудбалер додека Дало е тежок глупак. Нека загризат за Аит Нури во јануари, дечкото е машина.
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.166
Угарте денеска ми беше Керик класика - еден куп топки зема, се ангажираше во градење на акциите, ама се некако неприметно. Според мене одлично засилување (бар денеска)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom