Некои од работиве што го прават играчиве на терен се да фатиш и да ги млатиш на терен. Гарначо и Ентони дриблајки изгубија топка, Волфс добија корнер од таа топка, 2-3. И не беше само таа топка, едно 4-5 пати дадоа посед последните 10 минути.
Водиш 2-3, на терен имаш 2-ца централни бекови кои се движат како танкери, и ти во 95-та минута ги гледаш како трчаат напред, да дадат гол од корна. Им требаат тачно 157 секунди да се вратат од едниот до другиот гол. Нормално, во полуконтра, примаат гол за 3-3, зашто кај ке се вратат да покријат на време.
Бруно тиква недоделкана, на 2-3 место да игра краток пас од корна, или да држи време кај корнер знаменцето, или иде да финишира акција, или набацува. Нормално, отвара шанса и им враќа посед на противникот.
Тренеров, место на 1-3 да пушти уште 2-ца во одбрана, и да го пушти Ериксен кој има пас игра, и може да диктира темпо и да задржи топка, прави измена откако примија гол за 2-3, со тоа што Ентони го стави на лево крило каде што во живот нема играно, нити пак знае да задржи топка, а Гарначо и понатака на неговата неприродна позиција. Нормално, изгубија милион топки играјки вака.
Гледаш и си велиш, па дали е можно секоја одлука да е погрешна и никој да не забележува на терен дека сами на себе си прават проблеми?