Со оглед на се што се случуваше во клубов изминатиов месец резултатите воопшто не се изненадувачки. Прво со "трансферите"(особено на мршојадците што не сакаа да си одат) па Гринвуд, Ентони, Санчо плус многуте повреди. Очигледно владее лоша атмосфера во клубов. Но сепак колку и да влијаат овие фактори, Тен Хаг треба да се чукне малку по келавицата и да ја изменаџира ситуацијата подобро, некој потези му се катастрофа. Не сум од тие што одма ќе бараат смена на тренер, кур свиткавме со смена на тренери преку сезона изминативе неколку. Си треба време додека да си направи свој тим, некогаш само едно делче од сложувалката е доволно за работите да крејнат напред. Тоа делче може да е еден играч, формација, стартни 11...
Артета е пример дека работите можат да се сменат за многу брзо. Пред 2 сезони почна со 3 порази првите 3 кола во неговата 2ра или 3та сезона. Пораз од Брајтон кој реално може секој да победи и издоминира во лигата, тесен пораз на Емирати каде влакно фалеше да биде обратно и пораз на ВХЛ мислам дека не би ни паднале толку тешко да не беа во серија иако додуша играта е таа што загрижува повеќе.
Ни следува полесен распоред, треба сега да ги оладат главите и да врзат неколку победи по ред, да се дигне малку атмосферата па да заличиме на екипа.