Многу е спора средината. Мек Томинеј поима нема у дефанзива, а на тоа кога ќе ги додадеш Ериксен и Бруно кои исто се доста спори во однос на играчите на Арсенал, добиваш ептен порозна средина која лесно ни ја претрчуваат и исфрлаат од позиција, па до тоа се отвараат дупки и на крило. Исто така пресингот што го играме е доста лош. Џабе тројката напред игра добар пресинг и брка кога секогаш некој од позади касни, најчесто бековите, па штом топката ја помине тројката напред, одма се отвара дупка на страна. Бисака веќе стоти пат вака спие и му се убацува играч од позад грб. Искрено, на клупа немаме некој што би сменил ситуација на терен во поглед на подобрување на средината. Мора да се донесе некон таму што може во висок интензитет да игра. Видете ги Арсенал, дур Бруно креваше раце кај требало да иде пасот пред шеснаесетник на Арсенал, Парти кој беше до него, по додавање на голманот истрча полуконтра, а нашиов уште не беше свесен. Нема време за мавтање-пафтсње против екипа која игра со ваков интезитет.
Габриел игра со жут уште од старт, мора повеќе да го таргетираат.
Како игра Арсенал, секоја чест. Гинат за секоја топка, а кај нас пак некои играчи бегаат од контакт.