Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.903
Поени од реакции
22.994
Премногу утакмици изигравме од кога зврши светското, се виде денес дека се уморени, исто ќе е и во недела,. Но она што е позитивно одиме во добар правец со Тен Хаг и со неколку добри засилувања наредната сезона ќе бидеме во борбата за титула.. Никој неверуваше дека ќе бидеме на таа позиција со можност за борба за титула но тоа е кога на клупа ги имаш Фред и Мектоминеј..
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.080

Од нова година до крај на Јануари имаме 10 претеризам е.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.613
Поени од реакции
6.415
Тоа е, ни ги урнаа надежите. Не дека ќе освоевме особено што имаме и погуст распоред, сепак ќе беше интересно да замешавме прсти неколку кола. И жолтиот на Касемиро не издиша. Штета.

Ентони ни е убедливо најслаб од стартните 11. А и однесувањето циганско. Нека го форсира малку Пелистри, барем во куповите. Глава ставам дека ќе е подобар од циганов. Се врајќа и Санчо, се надевам ќе се разигра конечно.

Рашфорд влезен во филм, секоја акција ја поеба. Очигледно сакаше сам да даде гол, да го сруши рекордот на дадени голови во серија на Руни.

Бруно многу лош второ.

Во одбрана бевме добри, нема кривица кај никој за голот. Нападот е нашиот проблем, премалку голови даваме. Се надевам Вегорст ќе надополни нешто.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.080
@reddevil4ever мислам дека го бркаше рекордот на Ван Нистелрој, 9 или 10 утакмици со гол по ред, кој воедно беше и ПЛ рекорд, кој потоа го подобри Варди.

Можеби и ќе му успееше да не комплицираше.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.864
Поени од реакции
11.539
Нападот потфрли вчера, а посебно Антони кој очигледно се спрема да биде Санчо број 2. Везе нема дечкото, буквално везе нема и нема ни да има. 100м отидоа у вода и искрено не очекувам да се подобри, туку да се сели во Шпанија. Браво за Ајакс, добар дил.
Да видиме дали ќе не побие во недела или ќе гледа од трибини.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.848
Поени од реакции
67.329
Мора да почне Тен Хаг да вади перформанси од него. Она што го игра е буквално нула придонес. Треба на Вегхорст на глава да му црта топки. Тренерот запнуваше за него, на него е да го подобри.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.080
Мора да почне Тен Хаг да вади перформанси од него. Она што го игра е буквално нула придонес. Треба на Вегхорст на глава да му црта топки. Тренерот запнуваше за него, на него е да го подобри.
Да се оправи Санчо па ќе го прати у Холандија на рехабилитација и Ентони. :D
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Дечки то е, колку и да се разочарваме кога ќе дојде некој кикс, како што реков еднаш пред неколку месеци разбирливи се осцилации сега, тимот сеуште е во фаза на стабилизација и не сме дојдени ни до 50% од тоа. Мислам дека е потребно барем уште 2-3 прелазни за да се консолидираме во смисла на играчки кадар, пример да не стравуваме како сега доколку некој играч од стартна постава добил суспензија и т.н.

Сепак, кога ќе направиш паралела со она што се случуваше пред една година како и на почеток на оваа сезона и сега, ова сега е одлично дури и над очекувањата. Само нека продолжат во таа насока.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Се наоѓаме на посакувана позиција и со посакуван скор и форма за овој период. Вчера беше пораз од секој аспект...од Касемиро до изедначувањето на крајот. Подобри бевме од Палас и игравме доволно да го одржиме мечот до самиот крај. Имавме падови, но сепак не толку фатални.

Сега со Арсенал без Касемиро ни се намалуваат шансите, но ако останатите одиграат на ниво мислам дека се е можно на Емирати. Секако дека Арсенал е фаворит на мечов, не само поради тоа што е прв туку и тоа што игра на високо ниво веќе подолг период. Имаме и ние наши квалитети и се надевам дека ќе ги покажеме во најдобро светло.
 
Вчера најголем проблем беше што после водството како да заминаа со умот на утакмицата со Арсенал, гледаа само како што побрзо да заврши утакмицата, без никаква идеја.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.903
Поени од реакции
22.994
Тотенхем или Конте каков лузер, се сеќавам некој го бараа за во Јунајтед, со него ќе бевме 10 ти во табелата.. Д бидеме среќни што некој имало по паметен од Глејери па Тен Хаг беше назнанчен за тренер ..

Најдоброто нешто после САФ е Тен Хаг.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.427
Поени од реакции
7.127

Само да му донесат некое појачување во средина, ептен сме тенки, а многу утакмици треба да се играат до крај. Да не го остаат на цедило, зошто сумњам дека овие сега ќе можат да ја изгураат во ова тњмпо цела сезона. Поготово Бруно и Еиксен, делуваат уште сега заморени.
Ама не верувам да се замараат, клубот е на просажба, кој знае колку ќе се влечкаат со тоа, па нема ни да се замараат со резултати.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.848
Поени од реакции
67.329
6 бода пред петтиот, и утакмица плус. Солидна предност на скоро на средина на сезона, плус тимот го преброди лошиот период на почетокот на сезоната. Ремито со Палас ни се врати за сите утакмици каде се извадивме на крај, како со Фулам.

Ме радува реакцијата на Тен Хаг на крајот на мечот синоќа. Делува дека ке направи се за она да не се повтори. Се надевам дека ке му дадат да купи 3-4 играчи летово, и мора, мора да тргнат по Кејн. Со добра клупа, имам верба во тренерот дека ке биде успешен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom