Не знам за вас, ама после долго време, уживање е да се гледа Јунајтед. Ваква борбеност, гинење на терен, немало уште од времето на Ферги. За тоа најмногу мислам придонесуваат Мартинез и Касемиро. Буквално играчите гинат за секоја топка, секој дуел, а тоа е она што навивачите го бараат и очекуваат. Дали сме спремни за титула? Рано е да се каже, мислам се уште не. Атмосферата во екипата е на највисоко можно ниво, за што најголема заслуга има Тен Хаг. Кога треба е строг, но и праведен, па затоа и гледаме играчи за кои не ни помислувавме дека можат било што да придонесат како играат како препородени. Лук Шо игра најдобра сезона од кога е дојден. Дури и како штопер делува одлично, за што заслуга има претпоставувам и Мартинез кој сигурно доста му помага. Варан стандард е класа. Мартинез што да се каже. Не верувам некој да очекуваше дека до волку ќе биде добар. Плус е главен кривец за таа борбена атмосфера во тимот. Едноставно позитивно влијае на сите играчи околу себе и им внесува самодоверба да одат и со глава кај што нога не се става. Дало е пример за како Мартинез влијае на другите. Играч кој предходно и не покажуваше некој жар, борбеност, сезонава игра ко луд, од стартови, многу клучни расчистувања, до стандар напред добар. Бисака, за кој и јас сметав дека не може да игра во овој систем, последниве утакмици прикажува одлични партии. Касемиро, што да се каже за оваа легенда. Буквално за 6 месеци стана најомилен играч кај многу фанови. Сува класа, злато вреден играч. Што и да се каже нема да биде доволно да се опише каква класа играч е. Ериксен е страшен креативец. Игра одлично, дели добри пасови, многу е потечна играта. Многу ми е криво што му се деси тоа на Европско, за жал остави тоа трага и веќе ја нема таа енергичност која ја имаше предходно. Фред стандард, моторче у гз има. Голем работник, кој трча и се бори до последна капка крв и со тоа пробува да ги наодкнади недостатоците во офанзива кои ги има. Антони е добар, се гледа дека му треба време за да се привикне на лигата, ама никако не може да се каже дека игра лошо. Марсијал, цел живот повреден. Кога е здрав игра доста битна улога во напад. Игра добар пресинг, но она во што е многу напреднат е играда завртен со грб кон противнички гол. Знае да задржи топка, да загради, со тоа да отвори простор за останатите, пред се крилата. Игра улога нешто налик на Фирмињо, кога беше подреден да игра за Салах и Мане, Бензема кога беше подреден да игра за Роналдо и Беил. Рашфорд, е нов играч. Никогаш немаме гледано ваков Рашфорд. Бруно е капитен во права смисла на зборот. За Тен Хаг иако е рано да се носи заклучок, за сега ги надминува сите очекувања.