- Член од
- 20 март 2022
- Мислења
- 1.385
- Поени од реакции
- 3.513
Барнли барем ќе погодат некој центаршут и ќе дадат гол. Ние се отепавме 90 мин центрирање, се на се 3 пати наш играч погодија со топка.
Не знам што да кажам што не е веќе кажано. Пишав еднаш, мора да пишам пак - ова е убедливо најслабиот тим на Манчестер Јунајтед откако пратам фудбал. Слободно може да кажам и дека играме најмртов фудбал во цела ПЛ. Барнли бар имаат концепт кој го следат и знаат што сакаат. Ние сме без компас и напред и позади. Таман ќе помислиш "ова е дното", они веднаш ти даваат демат и ти покажуваат дека знаат уште полошо.
Неможам да сфатам што е проблемот. Се сменија 5 тренери, се свртеа играчи и играчи. Дел од нив беа во топ форма кога доаѓаа и уште по првиот месец едноставно забораа да играат фудбал. Бруно ваљда беше единствен што успеа да биде конзистентен едно година дена ама моментално и тој е целосно вклопен во сивилото. Колку се мртви и депресивни на терен, нема да ме чуди и да се самоубие некој во блиска иднина.
Овие не заслужуваат ни 1 фунта да видат за последните 2 - 3 месеци, а не плати по 200к+ неделно да земаат. Мене би ми било срам да ја земам платата за она мизерија.
А бидејќи ќе ја земат, барем нека ја донираат во добротворни цели, на пример парите да се поделат на навивачите кои секоја недела одат да ги гледаат и да си го кратат животот по 1 година секоја утакмица со овие мочковци.
И дај од следна утакмица нека ги стават Гарначо, Ханибал и уште некој од тие младите, барем нема да се нервираме.
Со Евертон, Ватфорд, Лестер, екипи кои ги товарија сите оваа сезона, ние успеавме да освоиме по 1 бод од две утакмици со секој од нив.