Е и јас чекам виза другата среда, ама далеку сум од сите тие
. Иначе без разлика на составот (со Робен или не), сепак речиси сигурен сум дека нема да загубиме, па типувам исто како и во Милано, минимум нерешено. Се одморија Рио, Руни и Керик колку толку, доволно Руни да му извади цревата на Ван Бујтен и дај Боже Валенсија да игра, нема да знае кај се наоѓа нивниот лев бек, макар и едно полувреме
. Составот ни е доста искусен и комплетен секако, па неам никаква причина за страв. Ферги ја има тактиката веќе и мислам дека по поразот од Барселона во финалето, стариот е решен да стигне пак во финале притоа ќе им одржи лекција на сите кои му стојат на патот на Манчестер. Од друга страна Баерн Минхен изгуби 2 пати по ред у Германија ако не се лажам, групите ги минаа у последното коло против Јувентус, Фиорентина ја минаа со нерегуларниот гол од офсајд у 92ра, така да не мислам дека заслужуваат повеќе. Јунајтед одигра многу подобро досега во ЛШ што не мора да значи ништо, ама мислам дека Баварците ќе завршат тука. Среќно вечер, типувам 1:2.