Видиќ се враќа во составот на Јунајтед за дуелот со Арсенал:
Видиќ ги пропушти последните шест натпревари за Црвените Ѓаволи откако се мачеше со проблеми со нервот на десната нога.
Но српскиот интернационалец сега е опоравен и најверојатно ќе го завземе местото на Рио Фердинанд во стартниот состав за дуелот со Арсенал.
Манчестер Јунајтед во недела гостува на Емирати во натпревар кој Алекс Фергусон го опиша како ’најголемиот дуел во сезоната’.
“Сите што настапија во средата немаат никакви проблеми.” – рече Фергусон. “Тоа се добри вести.”
“Очигледно е дека ќе ни недостава Рио поради суспензијата, но покрај тоа, сите останати се фит.”
“Овој натпревар, во мојата глава изгледа како решавачки за тоа како ќе се развива шампионатот, е најголемиот натпревар во сезоната за нас.”
“Со Арсенал во една конзистентна форма, зачудувачки е како ова првенство се промени.”
“Се чини дека тимот кој ќе биде најконзистентен ќе ја освои титулата.”
Андерсон се поврзува со преселба во Лион:
Иднината на Андерсон на Олд Трафорд во последно време е мета на шпекулации откако играчот беше изоставен од составот на Јунајтед за последните два натпревари. Се шпекулира дека играчот имал посета на Бразил која не била одобрена од Јунајтед и затоа играчот бил казнет со две неделни плати.
Тој се поврзуваше со преселба во Васко де Гама во својата родна земја, но клубот ги ја отфрли можноста да го ангажира 21 годишниот играч од средниот ред.
Сега како нова можна дестинација се спомнува Лион, а портпаролот на агенцијата
Gestifute која го застапува Бразилецот го потврди интересот на клубот од Франција.
За
The Sun портпарлот на
Gestifute рече: “Работиме на такцата зделка заедо со Јунајтед.”
“Целата работа би требало да се комплетира овој викенд.”
Медиумите од Англија сугерираат дека Црвените Ѓаволи посакуваат во целата зделка го вклучат и високо ценетиот голман на Лион, Хуго Лорис.