Кушчак - солидна утакмица со неколку одлични одбрани. Се повеќе и повеќе ме убедува дека заслужува првотимски статус
Рафаел - The next best thing. Ако продолжи да се развива како досега ќе прерасне во одличен играч за нас. Се надевам дека ќе добива повеќе шанса во вториот дел од сезоната за да стекне уште поголемо искуство за од следната година биде прв избор на десната бековска позиција.
Видиќ - Браун - Одлично одигран натпревар на двајцата. Браво момци
Евра - одличен како и секогаш
Валенсија - Играч на натпреварот за мене. Прекрасен гол, одлични асистенции, нафрлени топки и пробиви. Сега сите што го критикуваа ќе му се клањаат сега. Еден лош натпревар не е репер за целокупниот придонес до сега.
Флечер - Керик - Супер игра од двајцата.
Парк - Конечно покажа дека можеме нешто повеќе да очекуваме од него освен бркање играчи и паѓање при дуели со противнички играчи. Одигра добар натпревар
Руни - Лидер на тимот. Едноставно му оди со Виган. Одличен натпревар за Вејн
Бербатов - Солиден натпревар од него, трчаше, се трудеше, постигна супер гол
Андерсон, Фабио, Велбек - влегоа кога натпреварот беше одамна решен, добра игра во последната четвртина од мечот.
Се на се одличен натпревар. Покажавме како знаеме и можеме да играме кога одбраната личи на нешто, кога во средината е Флечер подржан од Валенсија а во напад ги имаме расположени Руни и Берба.
GLORY GLORY MAN UNITED