Драги фанови на Манчестер нека ни е честита најновата победа која значи поттик, инспирација и самодоверба. Но за некои и кошмар. Верувам дека синоќа Бенитез имше "воспаление на желудникот и мозокот" ама тоа е кога тој си фати работа со гигант како Манчестер. Колку и да ја критикувате играта ќе си земам за право да ви кажам дека не сте во право. Ова е тој Манчестер што личи на Манчестер, тим кој знае да ја контролира играта и топката на сите делови од теренот. Одамна нема вака професионално и итро заиграно. Целосна контрола на теренот особено средината. Одбраната беше прва лига, Портсмут едвај неколку пати на крајот се приближија до голот. А шансите наши се редеа повремено, мудро и сигурно. Можеби требаше уште некој гол да дадеме но и ова е супер затоа што покажавме голема сигурност. Ова е и најдобриот состав додавајќи го и Фердинанд. Сметам дека овај квалитет го покажавме затоа што го немаше "продуцентот на нервоза"-Бербатов. А Руни со Роналдо и Гигс се покажаа како феноменална уиграна машинерија за создавање на шанси. Е сега добро имаше и доста промашувања, но тоа е затоа што имаше и доста 100%-ни креирани шанси за гол. Добро е што гол постигна и невообичаен голгетер, Керик. Така ќе сватат сите дека во Манчестер секој е опасен и секој може да казни. Синаќа беше токму добропознатата комбинација на искуство и младост зачинети со квалитет и професионалност. Уште еднаш може да се види колкава е големината на Сер Алекс Фергусон во споредба со (не)големината на Рафа Бенитез. Се покажа дека на повеќе фронтови се игра само со мудрост и искуство, а не со сила. Никој не е допингован да игра убиствено секој трет ден, како што мислат во Ливерпул па затоа постигнаа еден куп голови на последните натпревари, а наспроти тоа забележаа неуспех. И Ферги ако трчаше да дава по 4 голови, ќе ги истоштеше играчите и ќе ги онеспособеше за атак на сите фронтови. На Бенитез му останува да продолжи да биде медиумски новинар или водител и да креира емисии од областа на "научна фантастика". Мене синоќешниот натпревар премногу ми се допадна, затоа што имаше сигурна игра, без панични и напамет додавања, со целосна контрола и посед на топката. Едноставно речено Манчестер кога што ќе посакаше, тогаш напаѓаше и создаваше шанси за гол. Не ни требаат нас натпревари со 8 голови. Тоа им се случува на екипи кој немаат никаква одбрана, па головите паѓаат исто како на час по физичко воспитување. Уште еднаш честита победа и со среќа на следната борба со Тотенхем.