Како прво, нека му е честит првиот гол на Рафаел, мора да игра во првиот тим.
Како второ, ептен сум разочаран од поразот, шансите оваа сезона полека се намалуваат, али уште е рано за прогнози, али на овој начин не иде... Значи двете од трите големи дербија во првиот дел ги губиме. Абе таман помислуваме влеговме во форма, еве што ни се дешава. Па уште загубивме од еден Арсенал кој е во лоша форма, ем без Адебајор и Ван Перси.
Ферги направи катастрофална грешка со Невил денеска значи, се гледа мотивацијата, а и талентот и добрата игра кај Рафаел. Понекогаш искуството не игра голема улога.
На почеток моравме да искористиме некоја шанса од тие што ги имавме. Премногу фрустрации и нервоза кај Руни, му смета премногу карактерот. Не знам каде да го барам поразот.. сепак до реализацијата ќе да е.
И ве молам да не пишуваме сега: Ако, сезоната е долга, ќе бидеме шампиони, најдобри сме ова, она. Можда претеруваме кога ќе помислам подобро.