Барајќи да видам сто ќе најдам налетав на извадоци од Дневник и ова е составот мислам дека се од сезоната 1999/2000 или подоцна година две ако сум грешка нека ме поправи
Iron Lion Zion пошто тој ги знае тие работи . Пошто тогаш бев прилично мал едно 9/10 години сум имал ама се сеќавам на играчиве на некои од нив реков ако сум грешка нека ме поправи горенаведениот пошто ги знае играчите :smir:.
Македонија Ѓорче Петров (тогаш Асиба):
*Стојановиќ (овој мислам дека беше Србин еден приќелав одличен голман и беше доста добро граден, ако не сум утка)
Стоилов
*Божиновски (овој е Васко Божиновски-Бардо ако не се лажам дете на Ѓорче , беше во Хрватска во Камен Инград и Славен Белупо мислам , играше и за репрезентација против Холандија 2-2 тука , играше и за Вардар и Работнички сега е тренер-играч на Ѓорче)
Илиоски
*Брага (Агиналдо де Јесус хаха легенда во нашиов фудбал , и мислам дека во пакет дојде во Ѓорче со Џеферсон , значи прв клуб што го донесе Брага и стана икона тука е Ѓорче :helou:.)
*Треноски (овој ако е тој Треноски би требало да се вика Горан бидејќи мислам дека кога влеговме во 1 лига 2005 година дојде од Башкими и игра Штопер ако е тој мислам дека има жена ракометарка таа голманката Зашовска у Кометал што бранеше)
Колев
*Александровиќ (е овој е Драган Александровиќ и имево и презимево никогаш нема да му ги заборавам на човеков , бидејќи од мал ми беше мерак да го гледам како играше. Обично играше со број 8 во средина и нема да заборавам каков гол од слободен за 3-2 во 92 минута им даде на тогаш силниот Силекс во сред Кратово

убаво ми текнува на тој гол. Штета што не стана играч за респект во фудбалов кај нас бидејќи беше стварно добар играч , мајстор за слободни удари , играше за нас неколку сезони по ред мислам)
*Георгиевски (овој е Славчо Георгиевски-Тупанот сега што игра за репрезентација ако не се лажам играше тоа време за нас памтам?!)
*Ангелов (мислам дека овој Ангелов ни беше доста груб играч еден позади што играше Штопер мислам ???)
*Стојковиќ ( да не е овој Далибор Стојковиќ што играше во Силекс порано сег е мислам во Тетекс ???)
*Џеферсон ( е овој човек е жива легенда

. Кога собирав топки ко копиљ на стадион секогаш се поздравував со него во тунелот внатре. Страшен напаѓач играше со број 17 или 18 , а во нашево првенство играше уште за Осогово и Куманово. Памтам кога си отиде у Осогово кога дојде у Ѓорче не отидов да се поздравам со него намерно а башка беше 1 коло и ги теавме 3-0 дома мислам дека се играше во Сабота . Леле јака меморија

)
*Спасовски (Влатче Спасовски играч на Вардар на Цементара сега е мислам у Шведска игра за некои нисколигаш , памтам им даде гол на вардар за намалување на 2-3 коа беше онаа утакмица коа се спасивме со поразот на Саса дома од Силекс)
Трајковски
Стојменовски
*Милевски (Овој да не е Чича , Благоја Милевски ?!

)
*Ѓоргиевски (Овој да не е Илчо... или тогаш он беше во Израел во Ашдод мислам ???

)
Донев
*Петков ( Овој е мислам бугарчето Марио Петов , со една коса ко Калц ама виткана го памтам како страшен шпиц и знам дека Вардар коа беше јак во сезоната 2001/02 година претпоследно коло Ѓорче требаше да тепа за да остане во лига а ни одговараше и да изгубиме ама Саса да изгуби дома од Силекс ако не се лажам или од Тиквеш . На полувреме ѕверот им шибна гол на Вардар водевме со 1-0

и во второ ни напраија 3-1 а израмни Влатче Спасовски ако не се лажам и заврши 3-2 за вардар. И останавме на Стадион уште 5 до 10 минути за да слушнеме што направила Саса во Каменица . Се јави коментаторов и вика во Каменица , Саса- Силекс 3-4 а Саса водеше мислам едно време и после тоа у кафана доле под стадион лудница . Саса испадна ние останавме

)
Тренер: Вујадин Станојковиќ ( сегашен претседател на Тренерска организација на Македонија беше помошник на Катанец и тренер на неколку наши прволигаши).
Најдов и две слики од натпревари со Вардар :
Вторава слика ја памтам на Градски присуствував на утакмицава и мислам дека беше отварање на сезоната и прв натпревар Вардар-Македонија Ѓ.П. на Градски под рефлектори но за несреќа мислам дека ја изгубивме со 2-1 утакмицава ако не се лажам. Иначе на вторава слика е Брага во жолт дрес во дуел со Бајевски црвен дрес.
Доста беше час по Понова Иторија :helou: