Бенитез ...
Кога дошол Рафињо во Валенсија имало големи протести низ градот. Дури една улица била блокирана.
Откако на Валенсија ја направи топ 2 тим во светот, и освои скоро се што му дојде при рака, одлучи да ја замени за легендарниот Ливерпул. Тао ваљда му беше голем предизвик. Некое време пред да замине Рафа, пак имало протести, ама сега за да не си оди. Рафа се прокламираше како најдобар менаџер на светот.
Дојде во Ливерпул на местото на Жерар Улие. Од него во наследство доби тим кој беше тотален хаос. Под палката на Улие, тимот заврши на четвртото место со неверојатни 30 бода заостанување зад шампионот Челси. Рафа направи некои промени во составот, се ослободи од некои дотогашни првотимци. Се очекуваше нова ера. Нов напаѓач (Сисе) и нов менаџер (Рафа).
Дојде Рафа и неговата 4 - 5 - 1 тактика. Во нападот беше Сисе или Барош. Па потоа двајцата се повредија. Тимот играше слабо во Премиер лигата, поради тешкотијата да се постигне гол, поради дефанзивната тактика. Или победуваа или губеа. И пола тим беше повреден. Рафа се потпираше на играчи како Леталек и Понгол. Малерозен беше стартот. Сисе се повреди многу тешко и го немаше цела сезона. И никогаш повеќе.
Но, ја освои Лигата на Шампионите после 20 години и го врати Ливерпул во врвот. Во Англија заврши петти, но повторно играше во ЛШ, поради тоа што беше првак. Евертон заврши четврт, ама покасно играше со Виљареал во квалификациите и наеба. Значи - исто е ...
Понатаму ... скоро се е стандардно и познато. Рафа не води трансфер политика, тоа беше работа на Рик Пери. Некои трансфери беа добри, некои лоши. Тимот почна да игра како што се очекуваше, а тактиките на Улие беа минато. Оти се познаваше дека играчите се растргнати меѓу стратегијата на двата тренери. И Ливерпул беше се подобар.
Играше уште едно финале против Милан. Тоа го загуби несреќно.
Освои ФА куп, лани заврши втор и беше многу блиску до титулата. За прв пат беше конкурент за титула.
Оваа година го загуби Чаби Алонсо и цела сезона ја изигра десеткуван, откако трансфер политиката ја презедоа Јенките.
Зошто е крив Рафа Бенитез? Тренерот кој два пати не однесе во Финале, освои ФА куп, го обележа Ливерпул на Европската и светската карта и лани заврши втор во Англија, сега е крив?
Нека остане, и онака никој нема да замине од играчите. Нека остане за следна подобра сезона! Само ... Јенките нека си одат.
Ебати Америка, и фудбалот ни го еба!