Бате, во Скопје имаш 3 екипи што играат во Првата и Втората Футсал Лига на Македонија... Едната е КМФ Железарец која е неколку години по ред неприкосновена екипа за Македонска Лига, а и играат стандард квалификации во Лигата на Шампионите, најорганизирана екипа се, нема што тука... Тренираат во Автокоманда и во Чаир, зависи до термини...
Втората екипа е филијала на Железарец, тоа е КМФ Скопје 2011 и игра во Втората Лига на Македонија... Таму играат исто така квалитетни дечки, помлади, кои чекаат шанса да влезат во КМФ Железарец... Натпреварите ги играат во Спортска Сала во Чаир (до болницата)...
Третата екипа е Јувентус од Чаир, Албанска екипа е... Нова екипа се, ланската сезона играа во Втората Лига и се пласираа во Првата... Натпреварите ги играат во Чаир (до болницата)...