^ registriran e vo LS ,z atoa
Па нема врска што е регистриран, ако нема настапено за тимот има право да игра за друг тим. А Тевез има настапено, тоа ја намалува неговата цена, но и неговата плата која му ја плаќа Сити за неиграње.Конечно направиле пресметка дека е подобро да го пуштат за реална цена и да не го плаќаат кога веќе не го пуштаат да игра. Мислам дека сега може да се земе за сума од 15 до 20 милиони во зависност колку заинтересирани екипи има за него, и како ќе оди наддавањето!
--- надополнето: Oct 25, 2011 9:41 PM ---
Некој спомна погоре лев бек да го земеме Варгас,камен е човекот ! Коларов и Армеро се добри али овој никако,иначе утре ке биде тешка утакмица па се надевам со некоја добра асистенција на Снајдер или продор на Маикон да дадеме гол во прво полувреме,сакам да ги видам Мота и Алварез / Оби во прв состав! За Нагатомо јасно е дека е крш во одбрана,какви сами кичми му правеа Хазард и тој Москардели кога влезе
,само он ме плаши ако игра со Јуве !
Варгас ни од далеку не е лош играч, цврст е, брз, има добар шут и уште подобар центаршут, може да игра бек, крило и централен играч, што сакаме повеќе. Коларов и Армеро се подобри од него но се многу поскапи за носење,Армеро е проценет на трансферпазарот на 5 милиони, ама од Удине за него ќе побараат најмалку 20 за него ако се знае дека оваа сезона им е еден од носителите на играта, Коларов пак е проценет на 15 милиони,и би го добиле за најмалку 25 милиони.
Затоа Раниери и Бранка се свртени кој Варгас или Бастос според fcinternews.it,кои би ги добиле за некои 12 до 15 милиони.
Воедно се заинтересирани за едно Шпанче од Екваторијална Гвинеја кое е главен играч во средниот ред на Сампдориа и има 19 години Обианг. А највеќе пари ќе фрлат на играчот на Билбао Хави Мартинез за кој веќе упатиле понуда од 22 милиони, во Билбао уште размислувале за неа и нема повратен одговор.
А сигурни засилувања се посочени Хуан кој ќе го форсираат стопер а може полусезона и да оди на позајмица или лев бек ако не се купи сигурен играч за таа позиција, и братот на Весли, Родни Снајдер кој ќе остане во Утрехт до крај на оваа сезона и ќе дојде од наредниот јули.
А за мечот со Аталанта, Раниери изјави дека само Милито е сигурен стертер иако се насетуваше и дека Алварез ќе биде стартер од пофалните зборови упатени на негова сметка.