Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.798
Поени од реакции
8.926
Треба уште еден бод да освоиме до крај на сезона за да бидат откупени Арнаутовиќ и Фратези.
Кнап ќе биде, ќе се тресеме дали ќе ги откупат или не до крај..
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Дај бе немојте овакви глупости да пишувате. Без врска муабет, баба да беше машко приказни. Сме го испуштиле Дибала заради Лукаку. Проценка е тоа, Дибала беше и уште ќе биде стакленко, единствена опција за нас беше он само заради тоа што кубуриме со пари, не видовте ли дека освен ние и Рома не го бараше никој поголем клуб?

Лукаку беше машина, скудетото во голема мера е негова заслуга, миленик стана за кратко. KING OF MILANO го правевме, ѓуптинот му даде на Еспозито пенал да шутира па го величавме тука кој маестро е, колку голем човек е.
Еве стави друга опција, го зимаме Дибала, го оставаме Лукаку. И секое коло у црква дали ќе игра или нема да игра, бап повреден, чекај го до мај месец да се врати.

Џеко се пушти да си оди зашто Лукаку беше у план. Лукаку испадна огромно гомно од човек лани летото, ама очите на сите ни беа во него. Да се знаеше дека со Лукаку нема иднина, ниеден нормален у клубот немаше да го пушти Џеко да си оди. Може и Џеко стартер да беше па Турам да мислевме сите дека е дрвце па затоа влегува у 85та минута секое коло. Може и Џеко ќе беше јуфка сезонава во Италија. Се можеше да биде и се можеше да се деси, затоа има луѓе ангажирано кои прават проценки како ќе биде и имаме среќа што добро погодија и они имаа среќа што испадна овака.

Фала му на господа Лаутаро тргна да го остварува својот потенцијал и не му се дешава тоа што му се случуваше секоја година, по 2 месеца без даден гол и со ситуации кај што само он знаеше како промашил. Како со Бенфика сезонава у ЛШ кај што имаше 3 сто процентни шанси па не даде гол. Среќа Турам што е машина, најјако засилување за без пари што го видела Италија. Имаме топ играчи напред, нека зимаат само посолидни замени. Овој Тареми не ми ветува ништо повеќе од Арнаутовиќ ама ќе го видиме. И шо го спомнав Ибра од Али Експрес, ептен имав надеж дека искуството и 2те добри сезони во Болоња му се предност и дека ко измена ќе растура, братот е како да испил 20 пива пред секоја утакмица, тромав, спор и мизерен.
Тоа ми беше поентата, дека ради mood swings на гомното го пуштивме Џеко и панично ги купивме Кореа и Арнаутовиќ да закрпиме во двата наврати кога се изглупира. А Дибала и со се повреди има подобра статистика од Лукаку последниве две сезони, ама нормално, се согласувам дека тогаш беше најлогично да се оди на Лукаку како главен таргет.

Во секој случај секако за нас на крај коцките се наредија на најдобар можен начин и да, нема за што да жалиме.

За натпреварот вечер, иако не ги имам гледано како играат Рома со Де Роси, стојам на тоа дека овој Интер е класа подобар од секој тим во Серија А моментално, така да се надевам дека нов-тренер-моџото нема да го наруши тој баланс и традиционално ќе ги здробиме среде Рим.
Автоматски споено мислење:

И трансферите како Муриел се глупи за коментирање пошто едно е трансфер у друг клуб у иста лига а друго е трансфер надвор од континентот.
У Интер сигурно ќе требаше да ја зима истата плата ко и во Аталанта, плус тие ќе бараа оштета и на крај краева може немаше ни уопште да го продадат.
Вака Орландо, сигурно му понудиле 3-4 пати повисока плата, побарал трансфер пошто му е задња можност за добра печалба и го пуштиле од Аталанта со симболична оштета.
Тој муабет го почнав јас за фри трансфер на лето, последна сезона му е од договорот и затоа беше симболична оштетата, ама имам впечаток дека никогаш не беше ни сериозно разгледувана опција освен некоја шпекулација тук-таму, особено чим се официјализира трансферот на Арнаутовиќ, очигледно е дека ќе треба да го потрпиме до крајот на договорот.
 
Последно уредено:

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.342
Поени од реакции
6.277
Неќна читав едно текстче.
Рома, и да останеше Мурињо ќе ги победеше тие 4 утакмици што ги победи Де Роси. Рома немаше проблем со малите екипи, Рома имаше проблем да се носи со големите на долг рок зашто немаше доволно добра клупа за да надокнади со измените и да ротира. Оваа утакмица или ќе докаже дека Мурињо е со право избркан или ќе докаже дека Мурињо е избркан за да се најде поефтина замена која нема да се расправа со федерацијата цело време и да го навлекува гневот на судиите.

Ја ќе кажам од наша страна многу добро ќе биде да одиме на победа и да се тепа се во овој период додека не сме почнале со лига на шампиони, оти после ќе биде тешко да се носиме на два фронта. Зашто раководството од аспект на пари знае дека осмина финале у ЛШ вреди повеќе од скудето во Италија и ако дојде да се жртвува едното или другото мислам дека кинезот ќе оди на ЛШ.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.798
Поени од реакции
8.926
Неќна читав едно текстче.
Рома, и да останеше Мурињо ќе ги победеше тие 4 утакмици што ги победи Де Роси. Рома немаше проблем со малите екипи, Рома имаше проблем да се носи со големите на долг рок зашто немаше доволно добра клупа за да надокнади со измените и да ротира. Оваа утакмица или ќе докаже дека Мурињо е со право избркан или ќе докаже дека Мурињо е избркан за да се најде поефтина замена која нема да се расправа со федерацијата цело време и да го навлекува гневот на судиите.

Ја ќе кажам од наша страна многу добро ќе биде да одиме на победа и да се тепа се во овој период додека не сме почнале со лига на шампиони, оти после ќе биде тешко да се носиме на два фронта. Зашто раководството од аспект на пари знае дека осмина финале у ЛШ вреди повеќе од скудето во Италија и ако дојде да се жртвува едното или другото мислам дека кинезот ќе оди на ЛШ.
Кинезот веќе е во 1/8 финале брат, опушти се. Нема жртви, ќе гризаат на двата фронта.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.057
Поени од реакции
12.554
Што гледаа бог да чува...

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.599
Поени од реакции
7.194
Кој од стоперите киснеше напред и не фатија на контра. Агресивно ни играат на средниот ред, Дармоан е неупотреблив по десна страна.
Нека се соземат, нема шанси овие 90 минути да играат во ова темпо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom