Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Клубов е in shambles откако освоија титула. :pos:
Не паметам друг таков пример во понова фудбалска историја, буквално два дена по освојување на титулата, почна целосен хаос на секое ниво на клубот. Катастрофален менаџмент from top to bottom. Ни некој знае што е стратегијата на краток и среден рок, што се целите, кој се продава, кој се купува. Клубов воопшто нема спортски проект. Што имаат заедничко, Кореа, Запата, Инсиње, Белоти, Влахович и Скамака (lol at this guy), како замени за Лукаку? Какви карактеристики на напаѓач се бараат, надвор од финансиските параметри на трансферот, кои се очигледно одлучувачки? Пак ќе кажам, хаос!

Нормално, најголема кривица за ова имаат смрдлињата Сунинг. Јас уште на почеток на јуни, кога искочија информациите за барањата за нето добивка од трансфери од 80 милиони и намалување на плати од 20%, пишав дека Сунинг се спрема за продавање, без разлика на бајките кои тоа лиглето Стивен ги продаваше пред медиуми. Сите знаци покажуваа дека тоа е планот, без разлика на зборовите во јавност. Ама, до толку да не ја разбираат индустријата во која инвестирале 600-700 милиони евра и да покажаат таква моронска некомпетентност, искрено не очекував. Интер нема вреден бренд, нема ни стадион. Единствени assets кои на краток рок влијаат врз вредноста на клубот, се играчите. Проектираните идни приходи, како учество во европски натпреварувања, повеќе пари од спонзори, engagement од фановите (одење на стадион, реквизити, социјални медиуми), најмногу зависат од играчите со кои клубот располага.
Сунинг наводно одбил понуда од 750 милиони евра од инвестициски фонд, зошто понудата била прениска. Одговорот на тоа им е уште повеќе да си ја намалат вредноста на клубот за неколку месеци, со свои одлуки. Што им вреди ако се намали акумулираната загуба од претходните години, ако има ризик клубот да остане надвор од ЛШ местата, или да ја налутиш цела фан-база. Сами се саботираат и го саботираат клубот, истовремено.

Јас немам проблем со продавање на Лукаку за 115 милиони евра. Уствари тоа и го предлагав ко решение, уште кога се вадеа информации за продажба на Лаутаро или Хакими. Ако, се гледа од чисто економски аспект, Лукаку е секогаш очигледната жртва. 28 години, со најдобрите две сезони позади него, со тренер што има еротска фиксација со него. Никогаш нема да постигне поголема цена од оваа. Али, имам проблем што мороните се истрчаа и го продадоа Хакими во паника, уште пред да заврши ЕП и пред големите играчи да почнат да го пополнуваат ростерот. Екстремно глупо изгледаат и Жанг и Марота и Хелп. Сега, Лукаку би се заменил со истите играчи, пр. Џеко и Кореа, а немаше да има потреба Хакими да се заменува со инфериорен играч.
И пак ќе го имаа тој нето плус од 80ина милиони од трасфер пазар. Али зошто, кога можеме да им плаќаме, отпремнини на Марио, Наинголан, најверојатно Видал и гомното Конте.

Најзаебан во целава ситуација искача Инзаги. Кутриот мислеше дека оди од клуб во борба за 4то место, во клуб шампион кој се бори за титули. За да месец дена откако дојде, Интер, со амбиции, да се претвори во Лацио. :LOL:
Ако типот успее да избори лесен пласман во ЛШ, со вакво торнадо во клубот пред почеток на сезона, за мене е голем успех. И ќе го сменам мислењето за него како тренер. Ако па, по некое чудо, освои титула сезонава, за мене инстантно станува coaching god.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Се што зборуваме сега е под претпоставка дека нема да се продаваат и други важни играчи до крајот на преодниот рок, дека ќе дојдат Дамфрис, Нандез и дека ќе се најде солиден играч напред.

Значи подобро од тоа не може да биде, а полошо може каде-каде.

Најмногу ме загрижува тоа што нема да можат да најдат саглам напаѓач. Фиорентина нема да го пушти Влаховиќ, ова се друго е мој до мојега. Посебно овие преварите од Аталанта кои се со една нога во гроб а чинат 40-50 милиони. Дуван Запата 40 милиони му бараат. Не гледам играч кој би можел да биде решение за нападот за наредни 2-3 години, подобро да најдат некој на позајмица да одигра една сезона, и да купуваат кога ќе има нешто да се купи. Да не се залетаат да купуваат во паника.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.568
Поени од реакции
5.614
Уште стојам на тоа дека требаше Жиру да се пазари ОДМА уште пред да се продаде Лукаку.

Жиру и Лаутаро би биле најбоље тандем во Сериа А. Едноставно таков тип на играчи ми се, мислам дека боље би било од Џеко- Лаутаро. Иако и Џеко не е за потценување, ваљда ќе покаже што знае.

Иако, Џекп, Жиру, Лаутаро и Инсиње/било кој друг напаѓач би било најбоље.
Што е тука е, да се надеваме на некое чудо од Примавера и добра форма на замената на Лукаку.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.123
Поени од реакции
10.035
Агуеро на Барса да им го соберат, и онака тие грешните не можат ни да го пријават.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Читав нешто дека глумел повреда, сакал да ја дувне... не знам колку има вистина во тоа.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Се што зборуваме сега е под претпоставка дека нема да се продаваат и други важни играчи до крајот на преодниот рок, дека ќе дојдат Дамфрис, Нандез и дека ќе се најде солиден играч напред.

Значи подобро од тоа не може да биде, а полошо може каде-каде.

Најмногу ме загрижува тоа што нема да можат да најдат саглам напаѓач. Фиорентина нема да го пушти Влаховиќ, ова се друго е мој до мојега. Посебно овие преварите од Аталанта кои се со една нога во гроб а чинат 40-50 милиони. Дуван Запата 40 милиони му бараат. Не гледам играч кој би можел да биде решение за нападот за наредни 2-3 години, подобро да најдат некој на позајмица да одигра една сезона, и да купуваат кога ќе има нешто да се купи. Да не се залетаат да купуваат во паника.
Мене и Влаховиќ ми е знак прашалник. Типот има една добра сезона одиграна и одеднаш вреди 70 милиони? Ова истото го правеше Торино со Белоти пред неколку години и Лацио со СМС. Еве, сега Белоти е на чекор од фри трансфер со пропадната кариера позади себе, а СМС нема купувачи за таа цена што Лотито му ја бара.
40 милиони за Запата се грабеж според мене. Ок играч, ама ништо повеќе од тоа. Плус, 30 години има.
Можда, да пробаат со некој ко Јович на позајмица за една сезона и да го остават тоа детето од младински тим, да се бори за првотимец, ко што предлагаш и ти.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Мене и Влаховиќ ми е знак прашалник. Типот има една добра сезона одиграна и одеднаш вреди 70 милиони? Ова истото го правеше Торино со Белоти пред неколку години и Лацио со СМС. Еве, сега Белоти е на чекор од фри трансфер со пропадната кариера позади себе, а СМС нема купувачи за таа цена што Лотито му ја бара.
40 милиони за Запата се грабеж според мене. Ок играч, ама ништо повеќе од тоа. Плус, 30 години има.
Можда, да пробаат со некој ко Јович на позајмица за една сезона и да го остават тоа детето од младински тим, да се бори за првотимец, ко што предлагаш и ти.
Да беше наш Влаховиќ сега ќе одеше за 45+бонуси како алва :D

Тоа на страна, и јас не сум убеден и секако дека толку пари не вреди, но ако гледаме физички, само тој може колку толку да го замени Лукаку. Овие другиве ми изгледаат како втор Лаутаро да купуваме. Не можам да разберам.

Џеко е секако резерва, во прв состав да е Џеко не може да одигра цела сезона. Може и да остават до нова година да туркаат со Лаутаро Џеко и Сатриано, па после да се види...

Ништо не би купувал од овие другите, Запата 25 милиони максимум, и не превисока плата за да можат да се ослободат од него ако флопне.

Јовиќ колку што читам е тежок балканерос, к*р му е двор му е, тешко со таквите.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.919
Поени од реакции
23.648
Мене и Влаховиќ ми е знак прашалник. Типот има една добра сезона одиграна и одеднаш вреди 70 милиони? Ова истото го правеше Торино со Белоти пред неколку години и Лацио со СМС. Еве, сега Белоти е на чекор од фри трансфер со пропадната кариера позади себе, а СМС нема купувачи за таа цена што Лотито му ја бара.
40 милиони за Запата се грабеж според мене. Ок играч, ама ништо повеќе од тоа. Плус, 30 години има.
Можда, да пробаат со некој ко Јович на позајмица за една сезона и да го остават тоа детето од младински тим, да се бори за првотимец, ко што предлагаш и ти.
Па ретко кој има повеќе од една супер сезона на 21 година. Реално Влаховиќ + Лаутаро, за 2-3 години има да бидат тандем од соништата.
Ама се си мислам дека ќе го лапне некој тим како А.Мадрид, Тотенхем, Арсенал...
Нашиве се мрцварат со ПСВ за 2 милиони за Дамфрис (они бараат 15, нашиве даваат 12.5 + 2.5 у бонуси), а не па да фрлат 60 милиони на играч како Влаховиќ. Кореа е близу, ќе се договорат за 30 милиони за да го смират Инзаги, евентуално Нандез ако дојде и тоа е тоа. И на Нандез ќе му удрат некоја позајмица со право на откуп. Едноставно се гледа дека змијата од дресот им влегла во џебот, гз мајчин да им ебам. Јас нема да имав против нив ако го продадеа Лукаку и сите тие пари ги инвестираа на некој просперитетен играч. Ама овие едвај чекаат некој за 0€ да го купат.
 
Ти текнува на Piatek (не знам како се чита уште ова гомно) и Шик. И тие беа своевремено the next best thing, се лупнаа на нив огромни пари и еве ги и двајцата во Германија. Не им верувам на италијански газди и нивните проценки, полека стануваат како јужноамерикански клубови со преварантско превреднување на играчи. Ја од тоа што сум го гледал од Влаховиќ, уште ми е зелен за толкави суми. Лани се бореше за опстанок практично со Фиорентина. Али да, beggars can't be choosers.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Најзаебан во целава ситуација искача Инзаги. Кутриот мислеше дека оди од клуб во борба за 4то место, во клуб шампион кој се бори за титули. За да месец дена откако дојде, Интер, со амбиции, да се претвори во Лацио. :LOL:
Ако типот успее да избори лесен пласман во ЛШ, со вакво торнадо во клубот пред почеток на сезона, за мене е голем успех. И ќе го сменам мислењето за него како тренер. Ако па, по некое чудо, освои титула сезонава, за мене инстантно станува coaching god.
Се претерува со овие муабети. Од кого сте толку уплашени и кои се тие 4 екипи што би го исфрлиле Интер надвор од топ 4?
Нит па другите екипи се појачаа, останаа исти кур заглавени како и лани, плус минус ситници трансфери што ништо посебно не им гарантираат.
Тоа што Интер од пол позиција да постави сериозна основа за доминација на лигава се врати еден чекор поназад не ги прави другите клубови кујзне колку појаки.

Околу играчите, не мора да се зима конкретно ист профил како замена за Лукаку. Можеби Инзаги не сака таков сидраш односно таргет мен. Ете го Џеко кој е далеку од готов играч, секако далеку е и од некои 40 утакмици у сезона ама сепак со правилна ротација може многу да користи како поддршка за Лаутаро кој ќе биде главниот напаѓач.
Јес да нема некој достапен квалитетен шпиц, едино Влаховиќ кој секако не гарантира инстант успех ама па кој кур знаеше и дека Лаутаро ќе ти гарантира успех коа дојде на задна врата од аргентинско првенство. Пак ќе кажам ако ништо друго вреди ризикот кај Душан.
Мада мислам дека заврши приказната за негов трансфер ова лето.

Според мене, Лаутаро, Џеко, Санчез и до крајот на летово ќе се опипува пулсот за Инсиње, Кореа да се убеди Лотито да попушти у тоа барањата од 40 милиони, евентуално ако се предомисли и си најде друг шпиц Аталанта па да го даде за разумна понуда Запата, или на крајот од меркатото некоја позајмица на Јовиќ или нему сличен.
Јас сум за Белоти искрено да ви кажам.

Плус Турчинот и Сенси можат да играат малце поистурено ако загусти со повреди и суспензии кај напаѓачиве. Не му е страно на Инзаги 3-5-1-1.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom