Луѓе, сериозно, немојте да очекувате премногу, зошто лесно ќе се разочарате после. Полесно е да бидеш изненаден.
Лавеци, Исла, Коларов, Дестро се минимум 40 милиони евра потрошени на нив. Дури и играчи да се користат во нивно купување. А сметајте дека тие работи се многу комплицирани, затоа што, треба многу многу труд за да договориш таква трампа. Зборам за да идат двајца играчи за Лавеци. Сметајте дека тука и играчите имаат збор. Па плата, па награди за агенти, па натегања кој колку вреди.
Плус треба да ги откупиме и Гуарин и Поли. Тоа се дополнителни 15ина милиони.
Од каде би ги нашле тие пари?
Прилично сум сигурен или барем можам да заклучам од тоа до што сите имаме пристап, дека Морати ги нема тие пари оваа година да ги даде.
Еве и да го продадеме Снајдер. Колку реално би можеле да очекуваме од него? 50 милиона сигурно не. Максимум, со добро европско, до накај 35 претпоставувам. После има разлика во тоа како тие пари би биле обезбедени од клубот што би го купил. Дури и да претпоставиме дека сите еве овие 4 играчи горе би биле купени со некој играч вклучен за размена, кои се реално играчите кои би биле привлечни за другиот тим (да речеме Пацини, Ранокија, Оби, некој младинец) и дали тоа нема да ни отвори нови проблеми кои треба да се крпат со нови играчи, што бараат пари,дали за трансфер, дали за плати.
Некој може ќе каже дека, со тоа што си идат играчи со големи плати, ќе има повеќе пари за трансфери, ама не заборавајте дека и новите играчи ќе бараат голема плата. Сигурно нема под 2,5 милиона никој да прифати. Платите стално идат нагоре просечно, никогаш надоле.
Дали треба можда двајца да продадеме?
Ова е генерално многу ризична игра и стратегија со многу варијабли, која ретко кога испаѓа во реалноста така како што е првично замислена, дури и да го имаат тоа во план све рационализирано. А ние две лета по ред очигледно идеме на таков рецепт. За да ти испадне ваков план, треба или да си многу добар планер, со многу рационални алтерантиви или да веруваш дека можеш на интуиција да го изработиш (што најчесто е голема глупост). Паралелно треба да се пази да не се расипе нешто веќе што е на место
Треба да се фокусураат на една до две најбитни позиции, во зависност од тоа што ќе продаваат и да си тераат со тоа.