Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Да не се разбереме погрешно , јас него плукам клубот ИНТЕР ако ме разбра, туку луѓето што го водаат Интер т.е Масимо Морати,
Marco Branca, Ernesto Paolillo, Gabriele Oriali ,Andrea Butti на обие плукам , а не на клубот.:smir:
Чеј да им се јавам да им кажам дека Енерџино1 ги мрзи из дна душе .... може бомбоњера со извинување ќе ти пратат ........


пс:Еее нерешено изигравме и пола форум дојде да се сити .... :tapp::tapp:
 
P

PewDiePie

Гостин
Епа за Милан е човекот лани го приметив и затоа си гледам на ОБН.
Утре 99% од телевизиите во светот ке пренесуват Рома-Наполи а на Телма Милан-Болоња
AJ BE DOSTA BRANKO ZA INTER NAVIVA IMA IZJAVENO I VO INTERVJU DURI,NE GO SLUSNA KOGA SVRSUVASE KOGA IBRAHIMOVIC DADE GOL???I STO GI SOMNAL MILAN PA TREBA LI DA KAZE KOGO KE PRENESUVAAT DENES
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
AJ BE DOSTA BRANKO ZA INTER NAVIVA IMA IZJAVENO I VO INTERVJU DURI,NE GO SLUSNA KOGA SVRSUVASE KOGA IBRAHIMOVIC DADE GOL???I STO GI SOMNAL MILAN PA TREBA LI DA KAZE KOGO KE PRENESUVAAT DENES
EJ?! ЗНАЕШ ДЕКА ПИШУВАЊЕТО СО "CAPS ON" се смета како викање?
Смири се.
Голема работа за кого навива...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
се сеќаваш на изјавите од Роберо Манчини кој после секој натпревар изјавуваше дека добил поука , но тоа се повторуваше до бесконечни 18 реми... или во лш кога никако неможеше да го видет 1/2 финалето на ЛШ а не пак Финале.
Не, не, немој така, со Манчини стигнаа до полуфинале во ЛШ, и испаднаа од Милан ради гол на гости (0-0, па 1-1, Мартинс го даде за нас...). Но факт е дека Манчини беше само стратег за во Италија, но не и пошироко. Изгледа требаше како оние Швеѓанине да направиме, со 2 тренери, Манчини за Италија, Мурињо за Европа... Нормално дека се зезам, супер сме и вака, леле, големото чудо, 1-1, и тоа против Сампдорија, и тоа на гости пред преполн стадион, готово, светот се руши...:smir:


FORZA INTER!
 

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156
Ее големо чудо 1-1 и лани нерешено почнавме па први бевме на крај .. Ко со рекле старите на есен се бројат пилците haha
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Го сфаќам Думан зашто го говори тоа , на ист начин и јас го отворив постирањето на овој Форум , затоа сметам дека ништо лошо не кажува на сметка на овој клуб , напротив . Факт е дека на овој тим покрај Кварезма , фали уште едно големо име во средината , или играч кој ние ке го направиме она што Милан направија од Кака или Манчестер од Роналдо , нешто што му недостига на овој тим . Можеа да се дрзнат за Менез , Диего па дури и Буонаноте . Каде се скаутите на Интер во последниве неколку години . . . . :toe: .
Сан долго време говориме за тоа што е најголемиот проблем на Интер, истото го говоревме и кога испаднавме во ЛШ и кога заврши сезоната по која се радувавме и кога каувавме кои играчи ги посакуваме во овој трансфер пазар. Мурињо си има свои замилси и тој си ги бира играчите, ние можеме уште 500 страни да пишеме за тоа дека ни фали ПЛЕЈМЕЈКЕР но тоа може да биде џабе зошто други носат одлуки.

Пропуштивме многу во минатото, Прво рековме дека Пирло е непроспективен, потоа истото го кажавме и за Кака, незнам која е причината зошто не се обидовме со Менез.

Но од далеку е тоа дека составот ни е толку лош како што го кажа Думан, ние немаме традиција како Барселона или Арсенал да играме напаѓачки и атрактивен фудбал. Каталонците тоа им е во крвта, а Арсенал го имаат Венгер 12 години. Мурињо не е магионичар па преку ноќ да не направи ѕверови, тоа мора на сите да ни биде јасно.

Грешката е започната уште пред две години. После Калчополи скандалот едноставно ние се одвоивме од останатите, Манчини можеше да направи екипа која никој нема да ја симне од тронот во следните 10 години. Но тој направи неколку грешки во трансфер политиката и неколку грешки во управувањето на теренот па наместо да направиме пет чекора напред ние направивме само еден.

Јас сум фан на Интер околу 10 години, еве да не рачунам тоа до 8 оделение, солидни 8 години. Јас овие три титули ги сфаќам со мала доза на респект. Првата воопшто не ја рачунам за титула, втората ја добивме без сериозни ривали, додека само последната има некое поголемо значење бидејќи Милан стартуваше рамноправно, Јуве колку толку беше сериозен а за Рома да не говорам.

Вистински тест ќе биде оваа години. Титула во оваа сезона ќе ми ги излечи раните за неуспехот на Купер. Оваа година кога сите ќе се обидат да го симант Интер од тронот година кога сите се засилија осетно е правиот предизвик. Имаме солиден состав, можеби ги немаме најдобрите играчи во светот но и како тоа имаме солиден состав. Не е начинот на тоа колку е играчот од светска класа, тука начинот на кој ќе го искористиш. Самуел и Матераци се тип на дефанзивци кои треба да седат во шеснаесетникот и да не дозволуваат да прелта топка, не си тие кои треба да ги маркираат играчите надвор и да трчаат по нив, за тоа се кордоба и Киву, ама на дебилот Манчини тоа не му текнуваше лани. Милион пати Матераци ги пркаже противниците и добиваше картони за клупости, треба да си луд да му дадеш такво задолжение на човек кој е висок 2 метри кој е спор и кој е многу груб.

Фиго можеби е стар и нема кондиција, но сезоната е премногу долга и напорна, неговото искуство и квалитет и тоа како ќе ни е потребно. Истото важи и за Бурдисо и Ривас, тие не се за во прв тим но се тука да помогнат кога ќе има проблеми со повреди, кога ќе треба некој да се одмори и сл. Овој тим на Интер е навистина солиден, сега имаме и квалитетен стручњак. Единествена алка која ни недостасува е тој класичен плејмејкер. Можеби до година уште во јануари ќе го решиме тој проблем, можеби следното лето, можеби ќе се потпреме на некои од децата кои ги донесовме.

Очекувам вистинскиот Интер од оваа сезона, да го видам дури во ноември или декември, до тогаш да се надеваме дека ќе освоиме што повеќе бодови со слаба игра.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Треба да се почека уште неколку кола за да видиме како ќе се снајде тимот со тактиките на Мурињо. Рано е прво коло, не се уиграни. Ако, не дај Боже, продолжат со игра како против Сампдорија и во наредните неколку кола ќе биде лошо...

Ќе споредам со Баерн. Најголем клуб во Германија, актуелен шампион, со нов тренер, бајаги повредени и нови играчи од 2 кола освои само 2 бода (ако и денес против Херта не победат значи имаат сериозен проблем).

Интер има солиден тим. Факт е дека е потребен плејмејкер, а за омилената формација на Мурињо треба и уште едно крило. Фиго не може да игра цел натпревар. Дури и едно полувреме, со оглед на годините, му е тешко да го одигра како што треба. Балотели не се снаоѓа најдобро на таа позиција, ама и не можеме да очекуваме премногу од 18 годишно дете. Треба да игра повеќе за да стекне искуство, а во Интер реално тешко да игра по 90 минути.

Се прашувам како тие од управата не ги увиделе овие работи??! Или пак, ако ги увиделе, зошто не превземат нешто :toe:?

П.С. Думан respect!!! Навиваш за Интер од кога сум се родила :).
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
А, хахаха добро де прва сезона ли ви е како го следите Интер?

Не ме терајте да го барам мојот пост со фамозните изјави на Морати. Ќе биде, вие само кулирајте. За утакмицата нема да удрам анализа, само ќе го искритикувам ФИГО по 56 пат. Џабе, какво искуство, какви бакрачи. Не ни е потребен, зошто?
Секојпат кога ќе ја прими топката, знајте дека акцијата на Интер е стопирана. Со него во триото напаѓачи се губи течноста на играта, не може да добие дуел, постојано е на тревата и бара од судиите да го заштитат(демек голем играч бев, сеа не можам да истрчам али сепак, ќе паднам па вие штитете ме) и затоа си добива жолт картон фино и лепо секоја можна утакмица. Аут... или нека влезе во канцелариите на Интер како дел од тој тим. Тоа ќе биде најдобро за сите.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Еве дел од изјавите на Мурињо. Англискиот дел од официјалната страна на Интер повторно проработи :).

"It was a hard match. I heard (Sky commentator) Boban's words and I agree - Stankovic isn't perfect to play in this position. Cambiasso was useful in that position when we were in difficulty and we didn't have anyone else who could cover that role. Without Samuel, Chivu and Rivas, and with Cordoba on the bench, I was forced to make certain choices. I don't like thinking about the absentees after the match."

"The team did everything they could tonight, so I have nothing to blame my players for."

Ми се допаѓа што не ги критикува јавно играчите, односно одбира што да каже за во весник (не верувам дека ова ним им го кажал и во соблекувалната :wink:).
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.580
Поени од реакции
2.564
А, хахаха добро де прва сезона ли ви е како го следите Интер?

Не ме терајте да го барам мојот пост со фамозните изјави на Морати. Ќе биде, вие само кулирајте. За утакмицата нема да удрам анализа, само ќе го искритикувам ФИГО по 56 пат. Џабе, какво искуство, какви бакрачи. Не ни е потребен, зошто?
Секојпат кога ќе ја прими топката, знајте дека акцијата на Интер е стопирана. Со него во триото напаѓачи се губи течноста на играта, не може да добие дуел, постојано е на тревата и бара од судиите да го заштитат(демек голем играч бев, сеа не можам да истрчам али сепак, ќе паднам па вие штитете ме) и затоа си добива жолт картон фино и лепо секоја можна утакмица. Аут... или нека влезе во канцелариите на Интер како дел од тој тим. Тоа ќе биде најдобро за сите.
Абе те разбирам што сакаш да кажиш за изјавите на Морати,ама овај пат мислам дека сериозен е....еве после цели 3 месеци надевање,мислам дека време е да се заборајме на Куарезма......И нај искрено,ако останиме вака,тешко дека ќе напрајме нешто во ЛШ,а исто така тешко и за во Сеариа А!Дури се колка другиве екипи со одлични засилувања,ние...:uvo::toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom