Факт е дека ова со Мурињо е само шпекулација но факт е и големиот интерес кој го има Морати за тој човек , години уназад самиот јавно изјавуваше дека е голем фан на Мурињо и дека сака да го види на кормилото на Интер , затоа и сметам дека од наредната година Мурињо ке дојде во Интер , ова го говорам поради тоа што тоа и ке биде единствената прилика која би ја имал Морати за Мурињо , доколку ја пропушти , наредната сигурен сум дека нема да jа има во наредните 5-6 а може и повеќе години плус има доволно причини да го отпушти Манчини и покрај освојувањето на Скудетото , со самото тоа што типот се откажа од клубот по елиминацијата од Лигата на Шампионите самиот си ја отвори излезната врата од овој клуб .
Овие податоци само ги подгреваат надежите за доаѓањето на '' the Special One ''
Со Мурињо многу играчи сега што играат нема да бидат прва постава,а може и да си отидат и да дојдат други,сите знаеме дека тој е прибирлив тренер
Прибирлив е но има 100 примери дека секој негов потег е за доброто на клубот . Го донесе Дрогба , од него го извлече буквално целиот негов потенцијал , целата игра беше поставена за Дрогба ( нешто што во Интер го очекувам со Ибра ) , се противеше за Шева и Балак што подоцна и се покажа како поразителна одлука на спортските директори во Челзи .
Не очекувај дека Мурињо ке купува играчи кои нема да играат, со Мурињо нема да гледаш безвезно фрлање на пари . Оваа година Интер како главни засилувања ги купија Киву и Суазо , потрошија преку 40 милиони евра , и што добија ?!?! Добија играч кој цела своја кариера игра како централен бек а во тимот игра средина и е тотално некорисен ( за ова ли 30 милиони евра ), за Суазо има ли потреба да зборам , го купија за да биде замена а со тие пари можеше да се купи квалитетен млад и перспективен играч ( премногу се 12 милиони евра за замена ) .
А има ли па потреба да пишувам што се можеше да се купи за тие 40 милиони евра . . . .