Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Јбга, се беше јасно после првиот наптревар. Дечки, Манчини не може да се носи со Бенитез па каков сака тим нека има на располагање.
п.с. А колку гола рече Морати дека може да му дадете на Ливерпул:tapp:?
фала баш ме просветли :) :) :) а остај го морати не е нормален на моменти. ке се види тоа кога ке го убеди манчио да остане
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.657
Поени од реакции
5.340
фала баш ме просветли :) :) :) а остај го морати не е нормален на моменти. ке се види тоа кога ке го убеди манчио да остане
Манчио ќе се откаже од Интер како мечката од медот!Сега тоа го вика за да не го навлечи гневот на навивачите, инаку на крајот мислам дека ќе се пеј стара песна...Инаку Манчини според неговите способности никогаш нема да биди тренер во тим како што е Интер па не е будала да се откажи сам..Следен потег е на Морати, само што мислам дека ќе се повтори историјата од минатите две години..
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
74
Поени од реакции
3
значи сепак само РОМА останува од италијанскиве и барселона од шпанските тимови во четврт финалето, со голема доминација на Англичаните = 4 тима....
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
2.589
Нема да коментирам за играта на играчите одделно,нема да коментирам за почетната тактика на Манчини(!„“’%‘&@#$%‘&‘’“„),кажано е се во предходните постови,и се молам да не се предомисли и да му прелета некоја мисла да не се откажи,туку ме мачи едно нешто!!!!!
Дали некој можи да ми кажи што има мислено “СТРАТЕГОВ“ НАШ ко го изваде Виеира и на негово место го стави Пеле?????????????Се очекував ама буквално СЕ,ама ни на крај памет немаше да ми падни на памет дека она можи да се случи вечерва!!!!!!При онаков резултат она замена да се напрај :S:S:S:S:S:S:SS:S:

P.S cestito neka mu e na Liverpool, EXTRA si izigraa decata,im posakuvam uspeh vo ponatamosniot tek od ligata na sampionite!!!!
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
То е то пријатели. Си изгубивме чесно и поштено. Немавме игра, имавме шанси. Ват да фак, Круз многу почнал да алчи бе? Нема везе, да го пишував постов порано ќе напишев дека спремен сум да го убијам судијата што судеше, после него Манчини, па Торес, опа трипл кил. Не дека имам нешто против Торесито, стварно е машина, ама зошто? =) Ќе спијам подобро само заради добрите партии Дота, ништо друго. За мене од Интер остана уште титулава на Рома да му ја подарат и таман ќе ми биди се. ф0рца.
 
Член од
5 март 2007
Мислења
194
Поени од реакции
4
успехот на манчни со лацио е една приказна, неуспехот негов со интер е друга приказна. на страна титулите. сите знаеме дека иако се освоени, последната и веројатно оваа година, немаат тежина. знаеме зошто и како и да не се повторуваме..
со лацио стана од играч тренер, помал клуб, поставен на другарска основа, целсно одврзани раце и со играчи кои се мотивирани да се докажат. манчини беше ѕвер таа година! затоа интер после го купи.
и што се деси? кај се видело манчини да наметне авторитет над ибрахимович? ибра го имам гледано во живо, човекот е жива доминација на терен, фудбалер што секој би посакал да го има, али темперамент балкански.. од авион се гледа дури. после тоа виеира? ако на еден виеира не му се игра, ондак што сакаш повеќе? виера кога беше во форма во арсенал, топка на распон од 10 метра не му поминуваше. со тој неговиот чекор ги скокаше цели противничките фудбалери. сега мизерија, мивка. како тони мицевски изигра.
најголем проблем на интер, со децении не само вечерва е тимскиот дух. потоа нема компактна екипа, нека креативен среден ред, има изолирани добри напаѓачи врз кои не може да се воспостави тренерски авторитет.
бидете во едно сигурни: иргачи како мартинс и адриано да паднеа во раце на венгер или алекс ф. денес ќе беа број 1 и 2 во светот. а во интер кој ќе ги контролира? клаудио раниери? манчини?

конкретно по мечот - ливерпул не дојде во милано да победи, за нив доволно е дури 1 гол предност, а не пак вкупно 3 за да испаднат.
бенитез постави игра со хипија и оној (дури ни името не му го знам) како штопери, со еден лабав лев бек и ѕверот карагер! интер при таа поставеност, при таков притисок, успеа да направи само 2 стопроцентни шанси, од кој едната беше реално чист поклон. се останато беше борба на средина од терен каде интер беа аргеивни и реално подобри. конечно, во 180 осумдесет минути да не се постигне гол, а да се примат 3, виновник не може да биде никој освен манчини. причината можеме да ја бараме и во ливерпул, затоа што свесни сме дека ливерпул важни утакмици на чело со бенитез тешко губи. затоа.. интераши, знам дека можеби клубот ви е во срце, но искрено атмосверата во клубот, другарството, мотивираноста, духот... во последниве години констатно е НУЛА. на фудбалот гледам многу објективно и секогаш сум критички настроен ако нешто не е како што треба, без разлика дали сум или не сум фан на некој клуб.

и уште една забелешка. страшно се нервирам колку некои играчи на интер се склони на глума. погледете го круз, 3 метра човек, во чист дуел игра он се тркала како покосен. па лежи, плаче.. на шо личи тоа? ај круз.. ама еден играч како занети, кој ако сака нема да падне па макар решиле 11 фудбалери од ливерпул со се судијата да го бутнат, он нема да панде, при еден силен трк .. зошто очигледно паѓа и глуми?
затоа од дамна не гледам италијанско првенство. се пиздам скроз
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
поздрави праќа Ел Нињо !!!
Имаше добра игра интер штета можеби на Круз шансата да беше гол ке беа по други работите али сега првенството е сигурно ваше зш во последно време Рома почна сериозно да се вмешува во трката!
 
С

Спенсер

Гостин

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
и уште една забелешка. страшно се нервирам колку некои играчи на интер се склони на глума. погледете го круз, 3 метра човек, во чист дуел игра он се тркала како покосен. па лежи, плаче.. на шо личи тоа? ај круз.. ама еден играч како занети, кој ако сака нема да падне па макар решиле 11 фудбалери од ливерпул со се судијата да го бутнат, он нема да панде, при еден силен трк .. зошто очигледно паѓа и глуми?
затоа од дамна не гледам италијанско првенство. се пиздам скроз
Se slozuvam so se somo so ova NE. Kapitenot vo nitu eden moment ne se prepravase se borese do posleden moment, nekati tekne samo prodorod vo prvoto poluvreme, no za zal se lizna, taka padnat proba so glava da ja brani topkata EDNOSTAVNO BRAVO noga ne se stava na takov duel a ne pa GLAVA.

Sto se odnesuva do nov trener spekulaciite vednas ke pocnat. Murinjo ke bide prv pik veke GAzeta objavi link

Ako me prasate mene jas sakam nekoj koj miluva ponapagacki stil na Igra, Venger moze, Rajkard nikako poso pocna da se budali u posledno vreme mislam deka dobro ke ni dojde i selektorot na Holandija Van Basten ili Kike Sances Flores :) mnogu go postuvam.

Inaku ovoj tim na inter mnogu ke mu odgovara na Morunjo, titulite so celzi gi dobi na konstantnost i neatraktivna igra. Istoto go pravime i nie.

edit gi zaboraviv i Чезаре Прандели, dobar mlad strateg i Лучијано Спалети :)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Да, да...
Иако во очите на сите интеристи, следниот тренер е Мурињо сепак малце потешко остварливо ќе биде тоа. И мене Хозе ми е еден од омилените тренери ама дека ќе прифати работа во Интер, не сум сигурен. Со Реал, Барса, Милан и евентуално Јувентус во потрага по тренер... но, ајде да бидеме оптимисти.

Спалети нема да прифати ни под разно, Прандели е одличен и според мене е идеалната замена за Манчини. Сепак има еден проблем, не е докажан во Европа, ако проблемот беше Италијанското првенство сигурен сум дека Прандели ќе ни донесеше титула, но она што секој навивач на Интер го сака е трофеј од ЛШ. Дали Прандели и човекот за тоа и дали пак Морати ќе оди на ризик, не знам...

Најверојатно пак ќе има разочарување и црн период на Интер со Ериксон или евентуално Рајкард.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Ајде нешто и на Македонски

Мурињо најсериозен кандидат за заменик на Манчини
(или мојот омилен: Бенитез)



Само неколку часа по ненадејната најава за заминување од клупата на Интер на крајот на сезоната, од страна на Роберто Манчини, светските медиуми почнаа да шпекулираат со имињата за негови можни наследници.

Најголем кандидат за тренерското место на клупата на Интер е португалскиот стретег Жозе Мурињо, тврди италијанскиот спортски дневен весник "Ла Газета дело Спорт".

Роберто Манчини на вчерашната прес конференција по мечот со Ливерпул шокантно најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото на Интер. Сепак според изданието, колку и да била шокантна оваа вест за претседателот на "нероазурите" Морати, раководството на клубот веќе има подготвено решение за ново настанатиот проблем.

Поранешниот тренер на Челзи неодамна изјави дека би сакал да работи под водство на Морати, човекот кој го сака својот клуб и фудбалот. Во таа прилика Мурињо демантираше дека некогаш контактирал со Морати.

Според "Газета" менаџерите на Португалецот контактирале со соработниците на Морати, Бранка и Ориали. Имајќи го предвид фактот дека Мурињо во Лондон работеше за годишна плата од седум милиони евра, значи дека финансиските услови не би биле пречка за остварување на соработката.

Втор на листата заменици на Манчини е менаџерот на Ливерпул Рафаел Бенитез, од причина што челниците на клубовите сакаат да купуваат тренери или фудбалери кои се докажале токму против нив. А има ли подобра препорака од вчерашната елиминација во Лигата на Шампионите?

Листата од можни кандидати се заклучува со Чезаре Прандели кој според Морати е најголем тренерски потенцијал во Италија.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.704
Поени од реакции
43.809
Inaku ovoj tim na inter mnogu ke mu odgovara na Morunjo, titulite so celzi gi dobi na konstantnost i neatraktivna igra. Istoto go pravime i nie.

:)
Проблемот во Челзи беше што Мурињо не беше одговорен за трансферите , не ги сакаше нит Шева нит Балак ( пред Се првиот ) , преферираше 4-3-3 систем а со Шева ке мораше да го преиначи у 4-4-2 , така да сеа каде и да оди го поставува тој услов т.е. за играчите он да одлучува , плус до доаѓањето на Мурињо нек ти текне Челзи колку долго ја немаа освоено титулата .

Е сеа да те потсетам , со Порто за две сезони типот прво го освои Уефа Купот , домашното првенство и титулата во Купот , а наредна сезона повторно двојната круна во Португалија и Лигата на Шампионите , ова ни Спалети ни Фергусон ни Прандели ни Бенитез не би можеле да го направат , далеку од тоа дека играше неатрактивен Фудбал , играше тактички перфектен Фудбал каде во првите две сезони ( Кога Абрамович не му одлучуваше за трансферите ) типот тактички ја неутрализираше сите клубови во Премиер Лигата , како само играа на Олд Трафорд или на Енфилд тој период .
Плус со неговото доаѓање се отвара простор за Кварезма , за креативец во средината ( он тоа цел живот го преферираше , пр. Деко во Порто , Лампард во Челзи ) и што е најбитно , , залагање на Играчите цели 90 минути што сега не е случај ( Виеира , Камбиа вчера , Ибра на моменти , Станкович и тн и тн ) , не глеам некој од играчиве да плаче за Манчио , за Мурињо Дрогба ко мало дете плачеше .

Без оглед на се , и да не дојде во Интер , Мурињо за мене бил , е и ке остане еден од најдобрите и најавторитативните тренери , плус колку само ке биде интересна Серија А со него и со неговите добро познати прес конференции :D


Да, да...
Иако во очите на сите интеристи, следниот тренер е Мурињо сепак малце потешко остварливо ќе биде тоа. И мене Хозе ми е еден од омилените тренери ама дека ќе прифати работа во Интер, не сум сигурен. Со Реал, Барса, Милан и евентуално Јувентус во потрага по тренер... но, ајде да бидеме оптимисти.

Најверојатно пак ќе има разочарување и црн период на Интер со Ериксон или евентуално Рајкард.
Мурињо уште во времето на Челзи имаше дадено неколку изјави поврзани за Интер а и сеа имаше веќе остварено контакт со Морати , Ериксон е недајбоже комбинација .
Што се однесува за Рајкард , типот преферира мн сличен фудбал како и Мурињо , истата формација 4-3-3 формација која и донесе на Барса Титула во Примера и во Лигата на Шампионите е сеа оваа сезона со Ето и Анри во напад се руши целата концепција затоа и имаат слаб скор сезонава пред Се во Примера .
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ја мислам дека и Бенитез да го земат одличен избор ке направат.

Дали мислите дека Кварезма би бил добар за Интер?Многу е себичен а таков веќе има во Интер,Ибрахимович.Дали тоа ке придонесе за уште полоша тимска игра?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.704
Поени од реакции
43.809
Ја мислам дека и Бенитез да го земат одличен избор ке направат.

Дали мислите дека Кварезма би бил добар за Интер?Многу е себичен а таков веќе има во Интер,Ибрахимович.Дали тоа ке придонесе за уште полоша тимска игра?
Tренерот ја поставува играта , и за Кристиано Роналдо можеш да кажеш дека е себичен ( скоро и ист фудбал преферираат со Кварезма ) па разара и у Англија и у Европа , реков јас , Мурињо најголема работа ке заврши со пристапот кон играта на фудбалерите кој сеа за сеа е многу несериозен .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom