Не е потребен сега таков играч... Што не чини за да се мења нешто?? Прво место во Серија А, после поразот од Фенербахче (единствен сезонава), 5 последователни победи во ЛШ... стварно нема потреба во моментов од никаков Диего, Рикелме, Кварезма и што ти ја знам... не е време за играч од таков калибар во моментов... Ниеден од овие играчи не би дошол за да седи на клупа, а место кој би играл?? Кој не игра ко што треба сезонава за да се доведе негова замена?? - Никој!
Околу Маниче... Повеќе е од јасно дека е земен (позајмен) само како алтернатива доколку би дошло до повреда на УШТЕ некој стандарден играч... Јасно е дека нема да се буни и ако ја грее клупата (во Атлетико истото го праи). Така да, трансферов според мене е за секој случај...
Сметам дека Сисоко е повеќе од потребен, големо искуство на само 22 години (искрено се чудев како е можно да има 22). Цврст, добро спремен, млад... повеќе од потребен! Виеира не покажа ништо откако е дојден (освен различен вид на повреди

), така да не би ме зачудило доколку летово си отиде...
Дакур е повреден до крајот на сезоната, а и веќе годините го газат (исто како и Виеира), па не се знае дали догодина би можел да се носи со силното темпо кое е се игра во Италија. (еве за примeр ќе го земам Емерсон... типот е за греота)
Фиго е класа дури и на овие години...
Станкович е играч кој стварно се труди, се гледа жар во него, ама не покажува нешто посебно, далеку од од тоа дека игра иста позиција ко Дакур, Виеира, Камбијасо (некој спомна такво нешто, не се согласувам воопшто), он е АМ, ама ко што спомнав не по мој терк.
Камбијасо игра одлично, нема што повеќе околу него...
Пеле, ништо посебно, не знам зошто толку доверба во него... Иако е млад, некако слабо го гледам потенцијалот во него (бар јас).
Киву и Занети играат доста добро, со самото тоа што можат да покриваат разни позиции на теренот, станува јасно дека се играчи од голема корист, а играат добро на секоја позиција (средина и одбрана)
Бурдисо, златна резерва... Доста корисен дефанзивец, кој по потреба може и да игра во средниот ред...
Значи, поентата ми е дека, зимава освен Маниче не треба да се купува никој друг, а летово, откако очекувам да отидат Фиго (со сигурност) и еден од Виеира или Дакур, да се донесе играчи од типот на Кварезма и Сисоко...
Некако се заборавив... толку од мене сега за сега : )))