Англиски поглед: Извонредниот Манчестер, но Интер е во предност!
Бранителот на титулата во лигата на шампионите беше за класа подобар од Италијанскиот првак, но се најде себеси во послаба позиција во пресрет на втората утакмица.. пишува Сулмаан Ахмад, колумнист во Гоал!
Непредвидливоста и итрината на сер Алекс Фергусон повторно излегоа на виделина. Тој можеби има послаб скор во однос на Мурињо, но неговиот Манчестер синоќа ја доби битката на бодови! И се разбира, Жозе Мурињо, не остави новиот предизвик во Интер да го притисне, тој сеуште можи и ке продуцира резултат во било која ситуација!
Да го оставиме на страна она правило кое вика дека тимовите вообичаено треба да победуваат дома, да го земиме во предвид она кое е доста контрапродуктивно, а тоа е голот во гости, во овој случај сега на Манчестер не му останува ништо друго освен победа, додека за Интер има два поволни од три резултати!
Колку навистина е тешко да се постигне гол во гости? Жозе Мурињо беше очаен да победи сношти, како се наближуваше крајот тој во игра уфрли три напаѓачи, и откако заврши 0-0, фрустрацијата ја искажа кон главниот судија.
Фергусон ке биде задоволен, но исто така и разочаран, во иста мера. Нема двоумење дека тој уживаше во доминацијата на своите фудбалери од средината во формацијата 4-5-1, но грижата лежи во тоа што Жозе Мурињо беше специјалист за нерешени резултати на Олд Трафорд во минатото. Точно е и тоа дека црвените ѓаволи се најдоа во иста ситуација минатата година кога се вратија од Ноу Камп со резултат 0-0, но да не заборавиме дека тоа беше Барселона која тонеше, а ова е Интер кој оди нагоре, со многу за докажување!!
Манчестер докажа дека е подобар тим во овој момент! Интер имаа потреба од плејмејкер. Дејан Станкович не можеше да направи доволно, Интер одвај ја држеше топката. Фановите не го оправдуваа тоа. Мајкл Карик и Рајан Гигс оперираа со леснотија подржани од Флечер и секако постојаната закана кон голот на Интер, Роналдо!
Она што фалеше беше врска со осамениот напаѓач Бербатов. Тука доаѓа факторот Вејн Руни, и на домашен терен Гигс е оној кој бил жртвуван на сметка на Флечер, за средината на Манчестер да не падне на физички план од страна на Камбиасо и Мунтари!
Клучниот фактор во Интер е тоа што тие се тим изграден да не загубат, така да нема да бидат во подредена улога во реваншот. Манчестер нема да биде надигран. Тие се побрзи и повешти од Интер. Дури и да примат гол од прекин не треба да се загрижени, се додека се носат на ниво со силата и дисциплината на Интер!
Тие треба, но и не мора да поминат во 1/4 финалето. Што и да значи тоа, но Жозе доби исклучително опасен резултат минатата ноќ, кој би требало да го послужи на пат до четврт финалето.
П.С. Колумнава ме бендиса сакав да ја преведам..