Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

W

wicked_1

Гостин
Им треба некој CDM и уште некој стопер позади, напред нападот и средината плетење, предобар фудбал.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Израмнување преку Буено...
Да не беше Манучо во нивниот напад досега можеа миниимум со 1-3 да не водат...

Очајна партија денес, мада со овој состав и бод е како планина :facepalm:
Точе каква шанса утна на 1-0, нека си касне од јајцата.[DOUBLEPOST=1409517178][/DOUBLEPOST]1-2 уште еден сосема заслужен пораз со пресврт...
Кањела ја загуби топката и им овозможи чиста ситуација за центаршут која умешно ја валоризираа.
Наздравје втора лига, што со ваков состав воопшто не е изненадување :)[DOUBLEPOST=1409518684][/DOUBLEPOST]Ауууу какво спасение гзно :D
Во 95 минута од пенал Куенка израмни за конечни ДЕПОРТИВО-РАЈО 2-2!

Игравме мизерен меч се до моментот кога Рајо поведе со 1-2.
Реално ни фалат многу играчи во составот, со враќање на Саломао и Лукас Перез мислам дека ќе биде подруга работата. Се очекува нов одбранбен, за мене не познат играч, но бил избран за најдобар дефанзивец во Португалија (Марсело Дос Сантос).
Одново играч кој доаѓа на позајмица во посредство на Мендес...

Откако Рајо поведе по катастрофалната грешка на Кањела, почнавме да играме фудбал.
Створивме 2-3 шанси (полушанси) кои за жал не ги реализиравме. Конечно по едно нафрлување на Лауре, голманот на Рајо боксираше до Медуњанин кој шутна и го погоди во рака главниот виновник за нашиот прв гол, Абдујане...
Куенка беше сигурен во изведувањето на пеналот.
Лауре и Медуњанин беа одлични денес, се друго под просек...

Добро е што земавме бод, мора да тргне возот од негде :D
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Hugo Ballester @HugoBallester · 7m
Contado en @CopeCV HELDER POSTIGA negocia desde ayer con el Deportivo de la Coruña. Cerca de firmar con la carta de libertad.

Изгледа Постига ќе дојде кај вас како слободен играч.
и ја сега прочитав :)
Постига добар е за во тимови кој се борат за опстанок, пред две сезони даде 14 гола.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Кај нас ни Меси не може да гарантира дека ќе даде над 10 гола, па камоли Хелдер Постига.
Последните шпекулации велат дека потпишал едно годишен договор со Депортиво, вест која сеуште не е официјално потврдено.
Искрено преразочарувачки е ако Постига ни е решението за главен напаѓач :confused:
Подобро Рики да си го вратиме...

Се вртат еден куп шпекулации во последниов ден за трансфери.
Последното е дека Хуанфран Морено кој од Севиља премина во Ватфорд, ќе биде испратен на позајмица во Депортиво. Во моментов не гледам како би ни бил потребен средњак како него, кога ние на многу повитални позиции сме далеку послабо покриени.
Ако не донесеме напаѓач и централен дефанзивец, тогаш сезоната за нас е од сега завршена.

Официјално е дека Марсело Дос Сантос останува во Рио Аве и нема да не засили.
Според последните информации за позицијата штопер сме се бореле со ПСВ за ангажирање на Исимат Мирин. Се знае кој ќе ја добие битката :)[DOUBLEPOST=1409596381][/DOUBLEPOST]Официјално е веќе, Хелдер Постига е нов напаѓач на Депортиво. Потпиша на една година со можност да му биде продолжен на уште една.

Депортиво преговара за позајмица на Сиднеи од Бенфика, кој лани изиграл 13 меча како позајмен играч во Еспањол.
Ебате играчите што ги носиме :place:[DOUBLEPOST=1409606768][/DOUBLEPOST]
Вака кога ги гледам најинтересните моменти од мечот, се добива впечаток дека сме биле израмнети во најмала рака, впечаток кој искрено не го добив гледајќи ја утакмицата.
Имаме уште точно 38 минути да купиме некој централен дефанзивец или да го молиме Марчена да се врати, затоа што вака не оди.
Мада мислам дека дефанзивците не се главни виновници, ипак средината е многу слаба во дефанзивните задачи. Сите тројца средњаци се офанзивно настроени. Нашето дете Домингез највеќе разочарува, додека Родригез и Медуњанин се сосема солидни.
Можеби е подобро Алекс Бергантињос да игра како разбивач, на местото на Домингез.
Заборавив вчера да го пофалам Куенка, мислам дека ќе има добра сезона.
Со враќање на теренот на Лукас Перез и Саломао очекувам подобра игра.
Луизињо (патем он ја направил грешката за вториот гол, а не Кањела) би играл лев бек, додека некој од двајцата гореспоменати би играл лево крило.
Се надевам Постига ќе покаже нешто, ипак порано беше добар играч...
Нема да носиме нов напаѓач, што значи ги планираат Кавалеиро за напад или пак Лукас Перез.[DOUBLEPOST=1409609195][/DOUBLEPOST]Последен едит за денеска :D Јебига си водам монолог, па ми се спојуваат коментарите :D

Депортиво потпиша уште два нови играчи.
Првиот е Хуан Франциско Морено или Хуанфран Морено кој доаѓа на позајмица директно од Бетис. Претходно пишав дека потпишал за Ватфорд, но сепак не било вистина.
Има изиграно и една утакмица за Реал :D
Игра на позициите десен бек и десно крило.

Како што се очекуваше нов играч од одбраната ни е Сиднеи Речел од Бенфика, кој истотака доаѓа на едно годишна позајмица.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Како што најавив вчера, најверојатно сме постигнале договор со уште еден дефанзивец.
Некои Шпански медиуми тврдат дека се работи за Модибо Диаките, кој го раскина договорот со Сандерленд и е слободен играч. Од друга страна повеќето Италијански медиуми веќе го поврзаа со Фиорентина, клуб во кој играше како позајмен во ланската пролетна полусезона.
Добро би ни дошол како засилување бидејќи и онака сме слаби во воздушни дуели...[DOUBLEPOST=1409681902][/DOUBLEPOST]Веќе и официјално Диаките е нов член на Депортиво. Деталите ќе бидат објавени подоцна, а најверојатно ќе биде договор од една година.

Резиме на составот:

Лукс (голман)
Фабрицио (голман)

Лауре (десен бек)
Мануел Пабло (десен бек)
Сеоане (десен бек)
Хуанфран Морено (десен бек/десно крило)

Кањела (лев бек)
Луизињо (лев бек/лево крило)

Лопо (централен дефанзивец)
Инсуа (дентрален дефанзивец)
Сиднеи (централен дефанзивец)
Диаките (централен дефанзивец)

Алекс Бергантињос (дефанзивна средина)
Вилк (дефанзивна средина)
Медуњанин (средина)
Хуан Домингез (средина)
Хозе Родригез (средина)
Фариња (офанзивна средина)

Хуан Карлос (офанзивна средина)

Саломао (лево крило)
Куенка (десно крило)
Кавалеиро (десно крило/напад)
Лукас Перез (лево крило/десно крило)


Постига (напад)
Точе (напад)

Играчите со црвено се кај нас на позајмица, а покрај нив, ова лето не засилија и играчите во плаво кои потпишаа едно или повеќегодишен договор со Депортиво.

Притоа, Сеоане и Хуан Карлос не се во плановите на Виктор Фернандез, и за нив се бараше клуб на кој би оделе на позамица Меѓутоа и двајцата одбиле да одат на позајмица и се согласиле да останат во клубот и да се борат за место во составот.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Гоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооллллл :vozbud::vozbud:
Одново рано поведуваме, овојпат против Еибар на гости, меч кој за нас е од витална важност.
Одлична акција преку Лауре и Хуанфран, Хуанфран одлично нафрли, одбраната на Еибар катастрофално одби до Домингез кој беше на три метра од голот и буквално ја искина мрежата за водство кај протиникот кој не успеавме да го добиеме лани во Сегунда :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Хуанфран и Лауре ги бушат од десно.
Чуден состав извади Фернандез, без стрелците од претходното коло.
Новаците не се сеуште вклопени а овој ги лупнал сите прва постава.
Овој Босанецов доста глупи фаули на прај и виси на конец би требало да го извади за кратко време, а и Постига не е подобар повеќе се караше однего што изигра.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Лапај сииииииииии три бодааааа :vozbud:
Три бода во дуел со главен конкурент е исто како 6 бода да сме земале, особено што ги добивме на нивни терен.
Еибар-Депортиво 0-1! :pipi:
Не изигравме којзнае што, повеќе беше игра на нерви.
Како и на секој меч, притиснавме на почеток, имавме 4 корнери во серија, напаѓавме цело време и по една акција на Лауре и Хуанфран, Хуан Домингез ја искористи невнимателноста на одбраната на домаќините и стрелаше за 0-1. Потоа Депортиво се затвори и немаше ниту една шанса до крајот на мечот :icon_mrgr: Постига се утепа од карање, цела утакмица водеше борба со противничките одбранбени играчи и на крај си доби жолт картон. Скоро цел наш тим пожолте...
Еибар имаа 2-3 поконретни шанси особено во вториот дел, но сепак Лукс излегуваше како победник во дуелите. Утакмицата беше бајаги тензична откако домаќините заедно со фановите се бунеа буквално на секоја судиска одлука. Имаше доста подмукли удари од двете страни кои останаа несанкционирани што уште толку долеа масло на огнот. Особено Лопо ги изритира неколку нивни играчи и после мечот сеуште имаше закачки.
Денес победивме само заради Лопо. Изигра маестрална партија. И он и Сиднеи играа одлично, како цел живот да играле заедно, а не да им е прва заедничка утакмица.
Лауре беше добар офанзивно, ама во дефанзива дозволи неколку нафрлувања на Хави Љара кој беше најопасен кај противниците, нафрлувања кои ни создадоаа доста проблеми.
Хуанфран имае солидно деби. Доста изменет беше составот за денес, Алекс Бергантињос играше прва постава и заврши добра работа.
Ќе му треба уште долго време на тимот да се воигра :icon_mrgr:

Наредно коло го пречекуваме Реал на Риазор :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Депортиво-Реал 2-8 :icon_mrgr:
Јебига, некогаш дерби беше, можеа да сонуваат да не победат, ама ова што се случи е само реалната разлика во квалитетот на екипите...
Пред мечот ја типував дека ќе заврши 2-6 и имав најпесимистички тип од сите фанови на Депортиво, на крај испадна дека и тоа не било доволно песимистички :icon_mrgr:
Не бев во можност да го гледам мечот, ги видов само последните три гола, на Точе и двата на Чичарито.
Чичарито нема гол да даде на наредните мечеви, а вакви голови може да сонува дека ќе даде повторно, ама кога сака - сака :icon_mrgr:
Очекував хет-трик од Роналдо и се оствари прогнозата...
Од тоа што гледав на хајлајтсот и од изјавите по мечот, може да се примети дека направени се огромен број на грешки и дека до голот за 1-4, сме биле сосема солиден противник. Може не рамноправен, ама далеку од противник за потценување. Дури на 1-3 сме имале како што читам неколку шанси за намалување на резултатот.
Какви само смешни голови се изнапримиве, особено за третиот кога господ знае што правеше Лукс, недопустливо е такво нешто да се случи на меч од Примера...
Лукс има многу слаб старт на првенството, по негова вина загубивме во Гранада, сега ова, мислам дека е време да седне малце на клупата.
Три гола по вина на дебитантот Диаките, баш одбрал Фернандез на кој меч да му даде шанса. Двоецот Лопо-Сиднеи беше одличен против Еибар и само ради нив победивме, немало потреба да го менува, освен ако не го чувал Лопо од суспензија пред супердербито против Селта во вторник...
Немам што многу да додадам, освен очекуван резултат, Реал сигурно не е противникот против кого ќе бараме бодови, а тука може да се стават и уште неколку екипи како Барса, Валенсија, Атлетико, па и Сосиедад, Севиља, а богами и Селта...
Лошо е што во Виго одиме со претпрена хаварија по која сигурно нема моралот да им биде на највисоко ниво на нашите играчи и уште сега осеќам дека ќе претпеме уште еден висок пораз за 3 дена...
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Депортиво-Реал 2-8 :icon_mrgr:
Јебига, некогаш дерби беше, можеа да сонуваат да не победат, ама ова што се случи е само реалната разлика во квалитетот на екипите...
Пред мечот ја типував дека ќе заврши 2-6 и имав најпесимистички тип од сите фанови на Депортиво, на крај испадна дека и тоа не било доволно песимистички :icon_mrgr:
Не бев во можност да го гледам мечот, ги видов само последните три гола, на Точе и двата на Чичарито.
Чичарито нема гол да даде на наредните мечеви, а вакви голови може да сонува дека ќе даде повторно, ама кога сака - сака :icon_mrgr:
Очекував хет-трик од Роналдо и се оствари прогнозата...
Од тоа што гледав на хајлајтсот и од изјавите по мечот, може да се примети дека направени се огромен број на грешки и дека до голот за 1-4, сме биле сосема солиден противник. Може не рамноправен, ама далеку од противник за потценување. Дури на 1-3 сме имале како што читам неколку шанси за намалување на резултатот.
Какви само смешни голови се изнапримиве, особено за третиот кога господ знае што правеше Лукс, недопустливо е такво нешто да се случи на меч од Примера...
Лукс има многу слаб старт на првенството, по негова вина загубивме во Гранада, сега ова, мислам дека е време да седне малце на клупата.
Три гола по вина на дебитантот Диаките, баш одбрал Фернандез на кој меч да му даде шанса. Двоецот Лопо-Сиднеи беше одличен против Еибар и само ради нив победивме, немало потреба да го менува, освен ако не го чувал Лопо од суспензија пред супердербито против Селта во вторник...
Немам што многу да додадам, освен очекуван резултат, Реал сигурно не е противникот против кого ќе бараме бодови, а тука може да се стават и уште неколку екипи како Барса, Валенсија, Атлетико, па и Сосиедад, Севиља, а богами и Селта...
Лошо е што во Виго одиме со претпрена хаварија по која сигурно нема моралот да им биде на највисоко ниво на нашите играчи и уште сега осеќам дека ќе претпеме уште еден висок пораз за 3 дена...
многу добро си изигра Депор, резултатот не е секогаш слика на играта. Лукс киксериште за 3-4 гола е крив (според мене :) ), подобро Аранзубиа да го вратат во Депортиво.
Виктор Фернандез нема лоша филозофија и секогаш пробува да игра атрактивен фудбал, само не требаше да започне со Постига, имам читано за него дека пред 20 години го имаат сметано за еден од најдобрите тренери кога со Сарагоса освојил Куп Уефа и КДР, а имал 30 години. Сепак не успеал да продолжи со успесити и интересна работа е што кога ги водел Селта и Бетис и кога му завршил договорот следната сезона екипите се пласирале во ЛШ :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
Куенка израмнува во Виго на 1-1 :D
Одлична акција на Хуанфран, Постига и Куенка за конечно да израмниме откако Селта поведе уште во првите минути.
Појаки се бајаги, ќе биде премија ако освоиме бод...[DOUBLEPOST=1411507870][/DOUBLEPOST]И таман почнавме да напаѓаме и имавме одлична шанса преку Фариња, примаме гол по корнер. Лукс месечареше, мада тешко дека ќе го одбранеше ударот на Ларивеј, кој буквално ја закуца топката со глава во нашата мрежа.
2-1, мислам дека нема враќање после ова...[DOUBLEPOST=1411508808][/DOUBLEPOST]Медуњанин промашува пенал во 88 минута :place::place::place:
Инаку имавме добра акција за пеналот, Сиднеи дефанзивецот влезе со дупли пас, додаде во шеснаесетникот, а еден од домашните дефанзивци буквално во раце си ја фати топката.
Не заслуживме бод, то је то...
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958
Продолжува серијата порази, 4 по ред...
Депортиво сосема очекувано после 7 кола се најде на последната позиција со само 4 освоени поени.
Добро е што конкурентите не избегале на поголема разлика уште на стартот од првенството.

Најпрвин загубивме од Алмерија. Уште се нервирам кога ќе ми текне како ги изгубивме бодови.
Израмнета утакмица во која Депортиво беше поконкретен и имаше 100% шанса преку Постига и статива на Сиднеи.
Алмерија од контра во 92 минута, постигна погодок откако топката мавна во Лауре и го измами Лукс...

Лукс продолжува да биде катастрофален. Вчера со Севиља беше дрво невидено, но на овој меч и онака немавме што да бараме, особено што ни фалеа неколку играчи.
Пораз на овој меч беше одамна вкалкулиран, но загрижува тоа што премногу лесно не газат посилните противници.
На крај 4-1 загубивме, а голот беше дело на Медуњанин од слободен.

Добро е што иде пауза, после паузата ќе се опорават дел од играчите и мислам дека тука почнува сезоната за нас!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom