Среде ноќ си мотам така по јутуб, си гледам носталгични клипчиња за Вардар, од време кога редовно си освојувавме домашно првенство во фудбал, во ракомет газевме се низ Европа, се потсетував на дерби натпреварите со Металург, со Фленсбург, цела таа лудница, еуфорија, навивање, дефинитивно незаборавни моменти.
Низ цело тоа јутуб патување низ времето налетав и на емисијата што се снимаше Вардар Тв, вртам неколку клипчиња, се потсетував на девојките што играа во женскиот ракометен клуб и стигнува прилог за Телеком и Т-Мобиле, за нивното спонзорство со Вардар и тука доаѓа моментот на вечерта, ги ококорив очите, останав со подзината уста, дамла ме удри, притисокот ми се крена, после ваков шок мислам ќе си останам без спиење цела ноќ, КОГА ГО ВИДОВ ЛИЦЕТО ШТО ЈА ПРЕТСТАВУВА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА.
За 2 минути кажување 4 пати Република Македонија и изјава дека Вардар е најголем клуб на просторите на бивша Југославија.
Прегледај го приврзокот 409038