Фан Клуб: Вардар

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
СО младинци сме играле :D
Инаку голманчето Гоцевски што му беше резерва на Маџаровски лани, а преклани дури и бранеше на неколку утакмици, сега брани во Славија во трета лига. Не ми се верува какви се играчи поминаа низ Вардар последниве години :confused:
Потписот друже :)
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Обично тревник на стадион се поставува,не се сади.Тревата ја носат обично со се земја и само ја поставуваат на терени.Бар така прават на стадиони.Башка треба и дренажи од долу да се поставуваат,греење (ако има тоа).......не се само ливади со трева стадионите.
А и да е така како што викаш,од двата термина они го одбрале најлошиот.А ти викам,на други места за неколку недели се средува се и трева и атлетска стаза.Овие до март ќе прават се тоа.......алал да им е за брзината.
Бусови се носат кога се обновува дел од теренот, не се носи за цел терен затоа што треба да врзе со се земјата, а ако ја исцепкаат на 20000парчиња теренот после една утакмица ќе стане ораница! Дренажа и греење ќе ставаат и ко што најавуваат ќе било no.1 како што нема на Балканов, па останува да почекаме до март и после да оценуваме!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.876
Поени од реакции
23.438
СО младинци сме играле :D
Инаку голманчето Гоцевски што му беше резерва на Маџаровски лани, а преклани дури и бранеше на неколку утакмици, сега брани во Славија во трета лига. Не ми се верува какви се играчи поминаа низ Вардар последниве години :confused:
Не ја знаеш доволно приказната зашто он брани моментално за Славија.
Не го навредувај дечкото кога не знаеш што го натерало да се откаже од Вардар.
Верувај дека е подобар квалитет и од Маџаровски само што си има и приватни проблеми! ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Не ја знаеш доволно приказната зашто он брани моментално за Славија.
Не го навредувај дечкото кога не знаеш што го натерало да се откаже од Вардар.
Верувај дека е подобар квалитет и од Маџаровски само што си има и приватни проблеми! ;)
Не го навредувам дечкото, ниту пак знам зошто не е веќе во Вардар, ама сакал да признаеш или не, момакот е далеку далеку далеку од квалитетите за да биде провлигашки голман, а камоли да брани за Вардар...
Го памтам на дуелот со Турново кога игравме пред 2 години. Има добри рефлекси спаси сто гола, а прими најсмешни голови по нафрлени топки или лобчиња од гол-аут линија. Славија ми е маалски тим, па имав можност да го гледам денес. Одново прими голови по нафрлени топки. Како Јорде е...:D
Маџаровски си е посебна приказна... дрво недодлкано...
--- надополнето: Nov 14, 2011 12:32 AM ---
Вајс, Вељановски, Aли, Захов, Стојаковиќ (или Ранѓеловиќ незз), Бошковски ... од кога станаа младинци незнам :pos: !!!
Така имаа пишано на нашата страна :)
Немам врска кој настапиле...:D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.078
Вајс, Вељановски, Aли, Захов, Стојаковиќ (или Ранѓеловиќ незз), Бошковски ... од кога станаа младинци незнам :pos: !!!
Логично е да изгубиме, треба у Ѓорче да тренираме и да играме утакмици. Ако победиме нема да ни дозволат :D
 
П

Паспарту

Гостин
Голема работа дали бил прв состав, младинци или пионери, ова е пријателски натпревар, натпревар кој служи да се вооиграат некои комбинации, а некој тука се радува како да освоил ЛШ... Зар некој се сомнева тука во разликата во квалитет помеѓу овие два тима? Ние и дома изигравме со Треска 0:0 па потоа изгазивме се живо во првенство...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805

Мене ми е јасна разликата во кавалитет и се друго да не се праиме будали тука ... ;)!!! И зошто да не се радувам сме ве тепале 3-1 што има тука за чудење ?! Еве и Вардар со младинци да играл (а не играл) пак е Вардар така ?! Тоа ми е муабетот ... А тоа дали сте играле со Треска или со Канатларци си требал да отидеш у Ѓорче на стадион и да ги видиш какви се дресовите и што пишува на нив ... И сам знаеш зошто е ситуацијата каква што е ама ок ти сакаш да се правиш будала нема проблем ... Од почит према вашиот фан клуб нема да напишам што јас мислам против кого сме играле вчера зошто ќе биде провокација ...;) Позз
 
Сега имаш почит, а летоска каде ти беше истата таа почит? Најмногу лајна изеде од сите, за на крај да се правдаш со зборовите "МЃП смее да смени име", а Вардар не бидејќи е бренд... Нема што да одам во Ѓорче, а искрено ме заболе што пишува на дресовите. Пред 2 години Турново играше со дресови на Литекс, Шкендија од Арачиново со дресови на Милан итн. Радувај се никој не ти брани, но повеќе насочи се кон тоа да влезеш во прва лига и да си го вратиш името... Поззззззз
 
Секогаш сум имал почит за Вардар како клуб за разлика од вас што немате почит према други во државава ... Тешко дека јас сум бил тој што сум јадел лајна како што викаш...Битолчаните, Прилепчаните и ''браќата'' беа убедливо на 1 место за тоа ;) !!! Дадов само мислење дека клуб со такво реноме не смее да си дозволи на таков начин да опстане во лига, за сите да важат едни правила за вас друго ама еби му мајката помина тоа бидна што бидна ... Добро не е битно чим Шкендии мендии, Турново споредуваш нема потреба од било каков муабет ... Веќе сме сконцентирани на влезот и на враќање на името ја плативме казната и чекаме судска пресуда да помине ....али нејсе ... Честито титула годинава ... Заслужено нели ;):) !!!
 
П

Паспарту

Гостин
Само ти напоменав дека дресовите немаат ама баш никаква врска со името на клубот, барем не во македонскиот фудбал... Многу добро знам кој највеќе јадеше бурек, искрено и ме заболе за нивното мислење за ситуацијата што се случи со Вардар, бидејќи денеска тие истите се би дале нивниот клуб да е на ова место. Од ваш фан клуб имаше неколку луѓе, а пази вие сте оние кои најмалку треба да се бунат за такви работи. За Пелистер уште летоска пишав, ако веќе Вардар не е оној стариот, тогаш зошто дел од битолчаните се фалеа со тоа дека РК Пелистер е синоним за македонскиот ракомет кога денешниот клуб е формиран пред 3 години. Прилепчани плукаа, ама се тепаа за карта кога играше Вардар против 11 Октомври во август. Најлесно е да се плука по туѓото кога пропаѓа своето, така сигурно одредени фаци си го полнеа егото, а кај и да е ќе го преполнат од "успесите" на своите клубови.

Јас лично бев за тоа Вардар да игра во втора лига, но сигурно нема да престанам да навивам за клубот откако остана во прва, не сум јас од оние кои го баталуваат клубот поради тоа што дел од трибината не им бил заграден со ограда.

Рано е за титула, има уште многу до крајот... Инаку да, во овој момент сме сосема заслужено на првото место, иако реално требаше со поголема бодовна разлика.
--- надополнето: Nov 14, 2011 8:37 PM ---
Еве ја и Балканската лига...

Балканска лига - најобична фарса!?

За вистинските познавачи на фудбалските состојби на Балканот но и во Европа добро беше познато уште по најавите на иницијаторите, ЦСКА Софија и Црвена Звезда, за формирање на некаква Балканска лига во која би влегле клубови од Бугарија, Србија, Романија, Грција и Турција дека во моментов еден таков проект е далеку од реално остварлив.

Но, како и да е, останаа поканите за утрешниот состанок од 18 часот во Софија, на кој домаќин ќе биде ЦСКА, со тоа што од првично поканетите гости не остана речиси никој. Денеска последни кои го откажаа присуството на утрешниот состанок на кој би се разговарало за формирање на Балканската лига се грчкиот Олимпијакос и новосадска Војводина, откако претходно се откажаа и најдобрите грчки и турски клубови Панатинаикос, Галатасарај и Фенербахче, плус и белградски Партизан.

„Откако УЕФА не даде поддршка за една таква идеја сега нема смисла ние да учествуваме на еден таков состанок. Затоа не одиме во Софија“ - соопштија денеска и од ФК Војводина.

Токму негативниот став на УЕФА за овој проект индиректно потврди дека всушност во моментов најавите за Балканска лига се најобична фарса. На утрешниот состанок кој го организираат Бугарите сега останаа единствено неколку бугарски клубови плус Црвена Звезда и Динамо Букурешт во варијантата да организираат регионално натпреварување поради што, сега во недостиг на клубови, се спомнува вклучување на екипи од Азербејџан и Украина што, пак, само дополнително ја засилува потврдата за несериозниот пристап кон ова фудбалско прашање.

“Раководството на ЦСКА не може како што треба да го организира ниту својот клуб, а сега ќе организира некаква Балканска лига. Каква е таа глупост? Тоа е нешто најнереално што сме го слушнале, поради што и сите посериозни клубови од Балканот веќе јасно се дистанцираа од една ваква пародија“ - пишува во денешниот број бугарскиот весник „Спортимо“.

Претходно со можно учество во регионална лига се спомнуваше и Вардар, како единствен клуб од Македонија, но од ЦСКА Софија во ниту еден момент официјално ниту го спомнаа најтрофејниот македонски клуб ниту испратија покана до „црвено-црните“ за утрешниот состанок. И, факт е дека Вардар во моментов треба да остане надвор од еден таков собир кој апсолутно ништо не ветува!

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2623
 
Kajgana Shop

На врв Bottom