Несериозно е да се поддржува Вардар предводен од козарот и идиотот, со Седлоски како шеф на „стручниот“ штаб. Никогаш не ми биле симпатични идеите за бојкот и секогаш сум мислел дека во суштина бојкотот е автогол - води до пасивизирање на членството и симпатизерите, до дисконтинуитет и губење на контактите и дружбата меѓу луѓето, што после сериозно ќе удри по бројката... Ама ова веќе нема поента. И онака ефектот од срањата што му ги приредија на клубот е скоро ист како да има бојкот - посетеноста на последните натпревари беше мизерна. Никој не сака да гледа клуб киднапиран од партиски куропушачки амеби. Ако се прогласи официјален бојкот, барем ќе има некаков одглас на артикулиран отпор, а вака сѐ се претвора во агонија без крај. Вардарскиот дух и групата може да се одржуваат на ракомет и со разни акции.
Некој пиша дека ова се случува затоа што Вардар не може да собере ни 10.000 луѓе на Градски. Ова е делумно точно. Ако успееше првичната идеја за продадени 33.000 карти, колку што е капацитетот на Градски, многу ќе беше потешко говедава да се изживуваат врз клубот и навивачите, како што прават сега. И покрај тоа, она што го постигна управата на Вардар предводена од Комити е подвиг. Да го одржиш клубот во живот, во прва лига и да продадеш неколку илјади сезонски во услови кога владее општо куроболие за македонски фудбал, во средина кај што ако поканиш некого на утакмица или апелираш да се купат сезонски за спас на Вардар те гледаат како да си со пречки во развојот, ич не е мала работа. Тоа што ме боли најмногу е што здравата, убава приказна на претходната управа можеше да расте и да даде уште подобри резултати, ако дојдеше ново добронамерно раководство. Па тие 10.000 на Градски за сезона-две и немаше да бидат фантазија, ако не на секоја, барем на поважните утакмици.
Не можам да се идентификувам со Вардар предводен од рамноземјашот, а напикан со антивардарски морони. Ми се приповрати кога ја видов малоумната свиња во опрема на Вардар. Па уште да ги анализираме присобраните несреќи од фудбалери или да бркаме стримови од пародијата од фудбал што се игра на подготовки... Подобро ќе одам на викендашки екскурзии низ Македонија и ќе гледам второлигашки и третолигашки фудбал. Барем ќе се смеам место да губам нерви.
Уште нешто: дури и ако по некоја сезона клубот доживее каков-таков успех, присуството на козарот и идиотот во Вардар никогаш не смее да се прифати како нешто нормално и да се легитимира. Навреда е делењето воздух со такви накази, а не па друго.