Фан Клуб: Вардар

Член од
31 мај 2009
Мислења
1.244
Поени од реакции
2.497
Анти бојкот !!!

За инат МАСОВНО сите на стадион. Колку и да е ОЧОБОЛ, колку и да е паднат моралот, колку и да сме за НИКАДЕ, абе не им правам кеиф со неидење на стадион пошто тоа и го сакаат.
Абе за инат ке идеме.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.244
Поени од реакции
2.497
Можеше и вечерна да биде, пример од 17 00 часот. Ама што е тука е.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.952
Прегледај го приврзокот 432865
Кој вика козарот не сакал публика :)
Комити повикуваат на обединување на западна трибина како знак на протест против Миленко. Со трибината стопанисуваат Комити (согласно договорот за дар) и досега наплаќаат по 200 денари карта. Миленко како контра одговор ја отвара јужна беспари, обидувајќи се да ја намали бројката на навивачи присутни на западната трибина. Ова е обид за удар по буџетот на групата или по бројката на западната трибина. Цирукузант.

Смешни и очајнички се овие потези. Мораме да му покажеме дека вардарците се обединети против него, мобилизирајте ги сите кои барем нешто им значи Вардар. Само така ќе можеме да го поразиме.
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
33
Поени од реакции
129
Истиот влез се користи и за јужна и за западна трибина, така што не може да ја спречи публиката да отиде на запад. Освен помал приход за комити, со ништо друго не би можел да им наштети, а и на комити им треба поддршка, па најпаметно е да објават слободен влез за запад.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.952
Медиумска офанзива на Комити. :busi:

Почитувани,
Навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, незадоволни од резултатите, организацијата и целосната катастрофална ситуација во која се наоѓа клубот, одлучија да се спротивстават, обединувајќи се во голем „НАРОДЕН ФРОНТ-ЗА ВАРДАР”.

Како што е веќе познато, по финансискиот крах, клубот за време на изминатите две сезони беше целосно управуван од страна на здружението на навивачите, односно народот кој апсолутно даде поддршка на оваа приказни. Благодарение на нашата напорна работа, но и на помошта од страна на неколкуте Општини, Градот Скопје, како и на многуте компании кои ја видоа нашата искрена намера и се приклучија кон оваа борба, клубот успеа да опстои и по две сезони минати во Втората лига, да се врати во елитата.

По завршувањето на минатата сезона, беше постигнат договор помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци”, односно ВД раководството на клубот составено од искрени вардарци и навивачи на овој клуб и новата сопственичка структура, на чело со Атилла Бижен Жалили. Верувавме дека ваквиот расплет ќе донесе подобра иднина за клубот, финансиска стабилност и дека ќе се воспостави вистински правец по кој ќе се движи клубот, секако незанемарувајќи ги основните постулати на борбата ,,за клубот на народот” за која деноноќно, волонтерски се бореа искрените Вардарови навивачи. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, не само ние, туку и целата македонска јавност сведочи за катастрофалната ситуација, во која од ден на ден се повеќе тоне и клубот и приказната која со многу труд и љубов ја создаваа навивачите и народот.
Причината за катастрофалниот тек на сезоната ја гледаме во лошата кадровска политика, односно во неформалното раководството на клубот, на чело со Миленко Неделковски, кој заедно со својот тим, докажаа дека се во целост неспособни за да водат клуб каков што е големиот Вардар.
Поучени од искуството и минатото во кое во неколку наврати сме биле обвинети за виновници, кои не дозволиле влез на нови сопственички структури, овојпат одлучивме да дадеме време и можност, како што од нас побара и самиот инвеститор, иако уште на самиот почеток го потенциравме нашиот сомнеж во капацитет на предложеното раководство.
Но, за жал, веќе е и повеќе од јасно дека е потребна промена ВЕДНАШ. Оваа агонија мора да заврши час поскоро, а за тоа да се случи, потребна е масовна мобилизација на сите Вардарови навивачи, симпатизери, на целокупната јавност која ја повикуваме да се приклучи кон оваа борба и да застане повторно во одбрана на клубот.

Во среда, на 23.10.2024, на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе се одигра 1/8 финалето од Купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и ГФК Тиквеш од Кавадарци.
На овој натпревар, од западната трибина јасно и гласно ќе биде искажан ставот на навивачите. Затоа упатуваме апел до сите, да дојдат и да бидат дел од Западната трибина, да бидат дел од НАРОДНИОТ ФРОНТ! Народен фронт за Вардар! Бараме одговорност, бараме професионализам! Бараме инвеститорот да го разреши постоечкото раководство и да постави вистински професионалци кои Вардар ги заслужува.
Натпреварот ќе биде одигран во 14:00ч а најважно од се е, сите заедно да бидеме обединети на западната трибина. Безразлика дали сте Комити, Вардарци, навивачи или симпатизери, сите заедно рамо до рамо. Западната трибина повторно застанува во одбрана на нашата светост. Тука се брани Вардар, тука се брани приказната за ,,клубот на народот”, тука се брани црвено-црното!
Се гледаме на Запад! За Вардар и Македонија!
Со почит,
Комити Запад
 
Член од
23 април 2022
Мислења
419
Поени од реакции
2.125
Нека видат од партија, или некој како @kano да им достави како се прави тоа во голем клуб, еве денешен пример ФК Партизан.

Доаѓа политичар, моќен човек на чело на клуб, еве нека е и поставен од првиот човек (Вучиќ) и што прави прво? Се опкружува со ФУДБАЛСКИ ГОЛЕМИ ИМИЊА. Предраг Пеџа Мијатовиќ ееееј, го водеше Реал Мадрид пред некоја година. Данко Лазовиќ, Ивица Илиев, Зоран Мирковиќ, Гордан Петриќ, значи се имиња со огромни интернационални кариери кои ќе го водат клубот, секој својот дел. Не носи Расим играчи, туку спортскиот директор кој играл у 5 различни топ лиги. Не носи играчи новинарот на Спортски Журнал. Веднаш се организира прес конференција на која на јавноста и се споделуваат сите планови, амбиции, се одговара на стотици прашања од новинари. Нема бркања од клуб, нема ние сме денеска, тие кои биле вчера надвор на улица. Нити е човечки, нити е етички. Нема нови профили на социјални мрежи единствени релевантни од денеска, нема криење, нема бегање, нема спомнување на жена на новинар во подкаст гледан од едноцифрен број на луѓе, нема забрани за бивши играчи, нема спомнување кривџи нема терор кон вработените во клубот , нема малограѓанштина едноставно.

Е така треба да изгледа голем клуб а не како приватна забава на тројца максимум четворица на кои им е дадена скапа играчка во раце. Ја имате по порталите од комшилукот целата прес конференција, па повелете изгледајте како тоа треба (ше) да се направи со нашиот Вардар. И сеуште не е е доцна...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom