Со оглед на имињата со кои се шпекулираше, Горазд е најсоодветниот избор. Искрено, не верував дека Васоски ќе заврши во Кратово, па добар дел од пријателиве и будали ги направив кога ми го кажуваа тоа, но…
Сепак, мислам дека клучен ќе биде изборот на засилувања, тука и најмала грешка може да не прати во Втора лига. На сите позиции чкрипиме, така што со оглед на финансиите немаме право на грешка во изборот на играчи. Противнициве се засилуваат, а во пролетниот дел рачунајте ќе има и доста пазарење, така што опстанокот нема да биде баш толку лесен како што некои предвидуваат.
Среќни празници на сите, па нека биде поуспешна 2024!