Фан Клуб: Валенсија

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
слаба игра, (малку подобра од претходниот натпревар ) али три бода се три бода :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
слаба игра, (малку подобра од претходниот натпревар ) али три бода се три бода :)
ништо ново за играта надвор од Местаља :) али како што кажа три бода се три бода и се надевам дека после оваа утакмица пристапот ќе се смени за натпреварите во гости.
следните три утакмици:
Хетафе (д)
Кордоба (г)
Сосиедад (д)

очекувам 9 бода со што ќе бидеме поблиску до топ4.

Севиља на Емери се распаѓа, никаква игра против Хетафе, голот падна од “никаде“ :) добар гол, само сакам да кажам ни акции ни течност во игра. Гамеиро им е аут до крај на месецов, Бето повреден 10 недели, вчера се повредија Мбиа и Аспас..
Виљареал има тежок период пред нив (две утакмици против Барса, две против Салзбург), Марселињо ги измеша картите за против Гранада и лесно победија, што значи добро се уиграни. Сепак треба да дојдат на Местаља :sneaky:

Пако и Негредо :facepalm: срамота е двајцата заедно да имаат 7 гола дадено. Катастрофа се, единствена добра работа ако не играме ЛШ ќе биде што Негредо ќе се врати во Сити.
Гаја е веќе легенда, мора да потпише нов договор, сегде го има и да асистира и да извади топка од гол линија и да се тепа со каталонциве.
Бараган вчера изненадувачки добар, очекував Кансело во негово отсуство да се наметне ама труп невиден е португалчево.. се понаша како да игра фудбал со другари во школско, прави пенали и црвени картони :facepalm:
Парехо дава голови се убацува напред, ама за капитен некако не е.. целиот флегматичен и за примениот гол мислам дека он е повеќе крив од Мустафи. Така да нема да биде крај на светот ако не потпише нов договор (многу повеќе бара од клубот што нуди), проблем е што ќе иде во Атлетико/Реал Мадрид. Атлетико е заинтересиран, додека марка само пишува Парехо вака Парехо онака, како да сакаат да му пренесат на Флорентино да го купи. Што е до мене, може да си иде ако се донесе Ерера рецимо.. (ама и тој би барал голема плата, така да...)

Баш дојдов да прашам зошто Валнесија се откажа од Карлес Хил, кога има толку многу играчи на позајмица...ама гледам имал бај бек клаузула.. Искрено не го имав гледано баш до сеа...ама одкога дојде во Англија ме импресионира стварно.. Ептен талентирано дете, има 22 години и мислам оти ќе оди во појак клуб за година-две сигурно. :)
http://forum.kajgana.com/threads/primera-división-2014-15.74456/page-163#post-7062254

не го гледав против Челзи, само ја видов асистенцијата и како го прати Оскар по бурек :)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007


Кими е среќна, Антонио ис бек :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
екс играчи:

Пабло Аимар се здобил со тешка повреда на тренинг во Ривер и веројатно ќе биде надвор од терените 4-5 месеци. (можно е да ја заврши кариерата)


Давид Виља пред некој ден беше назначен за капитен на Њу Јорк Сити, а вчера го постигна својот прв гол за новата екипа, вооедно овој гол е и прв гол во историјата на клубот.


специалниот дрес за следната сезона:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
И покрај топло-ладно играта оваа сезона на домашен и гостински терен, екипата моментално има исто победи колку што минатата сезона имавме вкупно на крај, а остануваат уште 16 натпревари до крајот на сезоната!

2014-15 13 5 4 44 бода
2013-14 13 10 15 49 бода
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
десната страна на Спортинг (Седрик и Кариљо) одбиле нови договори, моменталните им се до 2016. страшни играчи!
баш сакам еден да дојде во Валенсија или двајцата :)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Новиот Адидас дрес на Колумбија со фотошоп претворен во тоа како би можел да изгледа домашниот дрес на Валенсија за следната сезона:



:ljubove:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Новиот Адидас дрес на Колумбија со фотошоп претворен во тоа како би можел да изгледа домашниот дрес на Валенсија за следната сезона:



:ljubove:
следната сезона тоа логото на десниот ракав да стои, тоа е најбитно :)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007


Добра тактика на Салво, некое мало дете да му го подметне новиот договор на Гаја :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
пополека само. :)
не верувам дека Атлетико ќе се лизне уште неколку пати на вакви утакмици, вчера беше грешка на Симеоне и самиот призна, плус беа и без Коке и Арда. (прочитав факт дека задња утакмица кога и двајцата не играле за Атлетико била против Осасуна и изгубиле 3-0)
почнува ЛШ и знам дека тоа дава надеж дека може и Атлетико да се стигне, ама прво да се дигне нивото на играта. За вчерашната утакмица би рекол дека беше слабо издание и нешто налик на утакмиците надвор од Местаља, ама па и Хетафе освен шансата на Сарабиа ништо друго не направи. Три бода се три бода, немаше да бидат повеќе и да тепавме со 5:0 :D
што е до мене ја би потпишал утре вака да се заврши првенствово и да играме квалификации :P
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
следно коло:
Валенсија - Сосиедад
Севиља - Атлетико
Реал М. - Виљареал

можност да им избегаме дополнително ;)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
следно коло:
Валенсија - Сосиедад
Севиља - Атлетико
Реал М. - Виљареал

можност да им избегаме дополнително ;)
Да им избегаме на Севиља и Виљареал да, но ако ги победиме Сосиедад, а Атлетико загуби на Пизхуан ќе се изедначиме во бодови со нив пред дербито на Калдерон. Зезната ситуација во секој случај. :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Да им избегаме на Севиља и Виљареал да, но ако ги победиме Сосиедад, а Атлетико загуби на Пизхуан ќе се изедначиме во бодови со нив пред дербито на Калдерон. Зезната ситуација во секој случај. :D
тешко дека Симеоне ќе изгуби од Емери :) 9 утакмици до сега меѓу нив, 6 пати Симеоне победил а 3 пати завршиле нерешено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom