Браво за играта, ми се допадна, иако ги имав типувано Реал 2-ка, ми се допадна борбеноста и играта ваша па искрено посакував ваша победа.
Овој Орбан евтино ли го зедовте од Бордо? Само една сезона играл таму. Сега прогуглав гледам од Бордо сте го купиле како замена за Бернат, но повеќе ми дава впечаток дека е за стопер или дефанзивна средина отколку одбранбен бек. Али и за формација со 3 одбранбени со Мустафи и Отаменди таман ќе биде. Туку ме интересира за него дали и на претходните натпревари играше добро или само денес? Зашто прв натпревар сезонава изгледав на Валенсија.
И Гаја е супер играч.
3.5M, за толку и Бордо го купиле од Тигре како замена за Тремулинас и лани цела сезона во Бордо изиграл како лев бек. Ама подобар е како халф, тоа и неговиот поранешен тренер од Тигре го изјави, исто така додал и дека може да биде нов Ајала во Валенсија

од Бордо прифатиле да го пуштат за исти пари затоа што он лично побарал трансфер после повикот од Ајала да дојде во Валенсија. Дојде како некаков вид замена за Бернат, иако познато беше дека ќе му дадат шанса на Гаја (дете од клубот) да го замени Бернат, а со Орбан да добијат ширина на составот (мистерија беше дали ќе игра како бек или халф), а и тотално се разликуваат со Гаја... Гаја е еден од низата играчи (Алба, Бернат) што Валенсија ги трансформираше од крила во бекови.
до пред месец дена Орбан влагаше од клупа и во тој период се појавија шпекулации дека ќе си замине од Валенсија во јануари (Бока беа заинтересирани) прв пат како стартер доби шанса против Рајо во купот и изигра солидно и повратната утакмица изигра цели 90 минути, после тоа доби шанса како стартер и во лига(против Еибар) каде беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, а еве и денес повторно стартер.
Лимитиран е со топка иначе, ама прави оштри стартови и не му ја мисли, а за наша среќа завршуваат добро

интересно е што со ваква негова игра лани во Бордо има добиено “само“ еден црвен картон во лига и еден во ЛЕ.
освен одличниот настап против Еибар и денес Реал, во првата утакмица против Севиља влезе од клупа и најдобро се снајде во петерецот и донесе бод за Валенсија (со играч помалце). Неможам да најдам видео од утакмицата против Сосиедад, кога на неколку пати чисто и многу лесно му земаше топка на Вела.
знам дека е јутуб клипче ама нема многу играчи што вака лесно одзимаат топки
[DOUBLEPOST=1420410811][/DOUBLEPOST]и да, една безвезе(?) шпекулација...
Ander Herrera puede volver a España de la mano de un gigante económico
http://www.elgoldigital.com/ander-herrera-puede-volver-a-espana-de-la-mano-de-un-gigante-economico/