Фан Клуб: Валенсија

Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
@Atso не е малце 18м евра како клаузула за Пако?
клаузулата му е од договорот што е потпишан во 2011 и му трае до 2016, се очекува да потпише нов договор (се шпекулираше дека ќе биде 80М), но сега (очигледно) има некаков спор и веројатно е околу висината на клаузулата дека пред некоја недела прочитав платата и останатото било договорено само клаузулата останува. Пако има голема желба да игра уште многу години во Валенсија, тоа е и желба на навивачите и сите во клубот бидејќи е локално дете, ама мислам дека ќе биде превише ако му дадат како што се шпекулираше 3-3.5М по сезона, зошто реално мое лично мислење е дека ако не дојдеше Пици во Валенсија и да не го фрлеше во оган, Пако денеска ќе играше во Хуелва.... иначе најголем проблем се браќата Толдра (неговите агенти), сегашниот претседател влезе во војна со нив кога се продаваше Солдадо во Тотенхем зошто не сакаше да им даде процент од тие 30М (незнам дали Тотенхем им даде или се откажаа), ама истиве луѓе го сместија Бернат во Баерн.

Koeman: "En el Valencia había varios jugadores con línea directa con la prensa, fue imposible"



Очигледно станува збор за SER Deportivos кои долго време имаа „ексклузивни“ вести. :)
идиоти раководеа во тоа време со Валенсија, имам пишано на темава дека во лошо време дојде Куман, а и многу големи играчи играа во Валенсија, сега и ова... се на се, мене таа сезона ми е онака за издвојување и една од најинтересните сезони во последните 10 години, ако не и најинтересната :) како може да се заборави голот на Аризменди на Бернабе за победа? :D Мата против Барселона, а и последниот трофеј е освоен таа сезона :)
и да тоа е тоа за Мата, да не беше Куман немаше Мата се да освои, кога веќе вчера некој мораше да ги утне зицерите против Саутемптон (ако ја гледаше утакмицата) тоа мораше да биде Мата за да му исплати еден дел од долгот што му го должи на Куман :P

Карлес Хил не напушти и отиде за Астон Вила, Валенсија неможеше да му гарантира минутажа плус во овие формации на Нуно за "10ка" нема место, а не сакаше повторно да оди на позајмица, сепак ќе има бај-бек клаузула и Валенсија ќе може да го врати за 12М. Дете е на клубот и да се надеваме дека ќе успее. :)
интересна колонија на екс играчи од Валенсија се собраа во Астон Вила (Сисоко, Сендерос, сега и Хил) :) и “карпата“ од Елче ако ја додадеме, папапа.
се очекува уште играчи да си заминат, како би се отворило место за нови играчи, бидејќи Валенсија веќе го исполнува салари капот. (Сукулини, Жоао, Филипе, Ибањез)
Нуно изјави дека би требало да дојде “важен“ крилен играч... моја претпоставка е дека тоа ќе биде Лавеци, Блан не го повикал ни за утрешната утакмица против Сент Етјен. (само да не го донесат Навас) :D
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275
Нуно изјави дека би требало да дојде “важен“ крилен играч... моја претпоставка е дека тоа ќе биде Лавеци, Блан не го повикал ни за утрешната утакмица против Сент Етјен. (само да не го донесат Навас) :D
Си го продолжиле одморот со Кавани за 4 дена па се суспендирани од клубот 4 натпревари.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Си го продолжиле одморот со Кавани за 4 дена па се суспендирани од клубот 4 натпревари.
мхм, знам ама викаат дека играчот веќе нема желба да продолжи да игра за ПСЖ, а исто и навивачите се изјасниле дека треба да се продаде.
Le Parisien did a poll asking #PSG fans if the club should sell Lavezzi. 77% said yes.

Интер кога го барал Лавеци (пред 1 недела), во Италија искочила вест дека ПСЖ побарал 15М што било многу за Интер, Наполи што беше уште еден кандидат за негов потпис го донесоа Габијадини, како се одвива ситуацијава ценава можеби паднала за уште некој милион, а Валенсија е една од најверојатните дестинации. Според мене ~10М би било разумна цена, за играч во негови години.
моја желба е Гаитан, ама Бенфика не сака во јануари да го продаде еден од клучните играчи, освен ако некој не ја исплати неговата клаузула (35М)

незнам колку точен извор се овие mercafutbol ама...
http://www.mercafutbol.com/gaitan-podria-ser-el-proximo-fichaje-che/[DOUBLEPOST=1421169192][/DOUBLEPOST]отиде Хил во Астон Вила... 4.5М +1М ако изигра 20 утакмици за АВ +1М ако настапи за репрезентацијата на Шпанија.. бај бек клаузула 12М, ако не се врати во Валенсија 10% од следната продажба. Штета што не успеа во Валенсија, од 5 години е во клубот, да се надеваме дека ќе гази на островот и еден ден дека ќе се врати во Валенсија :)


Ибањез ќе потпише нов договор и ќе иде на позајмица (веројатно тип на играч што Нуно повеќе го сака) брз играч, што брзо мисли, за разлика од Хил кој е типичен Шпанец и треба да ја допре топката едно 5 пати за да направи следен потег, веројатно ова беше пресудно затоа што си иде.

со Карлос Санчез повторно соиграчи


Хил ја остави 22ката слободна


за...


 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сте пројавиле интерес за Флечер :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Сте пројавиле интерес за Флечер :)
хмм, ја би рекол дека агентот на Флечер го понудил својот клиент на Валенсија или работава иде преку Мендес.
Веројатно Флечер бара екипа, а Валенсија е на пазарот по нови засилувања ... и од тука искачаат овие шпекулации (во Шпанија нема ништо конкретно). Од друга страна Валенсија неможе да си го дозволи Флечер зошто не верувам дека игра за мала плата, а Валенсија е ограничена со салари кап.
исто така искочи и слична “глупа“ шпекулација дека Валенсија го бара Кајт ... :D

мада може и овие играчи се на бек-ап листата, ја како што знам за везњаци во прв план се Краневитер и Обианг.
за крилната позиција има многу имиња како Лавеци, Гаитан, пред некој ден прочитав Обамејанг (веројатно поради фризурата :D, п.с. не е фотошоп), па и некои играчи од Сериа А како Ибарбо и Ел Шарави, исто и за Салах имаше шпекулации пред некој месец.


според сликава Нуно и Мендес ја договориле кој ќе дојде :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363

Ezequiel Lavezzi has been put up for sale by PSG. Blanc has lost patience with the controversial winger and is available for just £8m.

цената на Лавеци паѓа... незнам што чекаат :) сепак како што прочитав прво треба да се продадат неколку играчи за да се ослободи простор, па после да се купува.
се очекува Пако неделава да потпише нов договор со клаузула од 80М[DOUBLEPOST=1422203058][/DOUBLEPOST]Хил даде гол за Астон Вила на првата утакмица како стартер :)
https://mtc.cdn.vine.co/r/videos/C710C2151B1171167422040997888_3c06dd1c6ea.1.5.17859658881333958598.mp4?versionId=TLYVi2tVb9fP23FXQatYcr9FCVXlte6Q
(y)


читав баш коментари од навивачите на Астон Вила, пишуваат дека е нивниот Меси :) а некои го жалат што потпишал за нив :D
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Пако Алкасер потпиша нов договор до 2020!
клаузлуата ќе биде €80М, а ќе заработува €4М годишно.


исто така клубот ќе започне преговори за нов договор со Гаја и Парехо (актуелниот им е до 2016).
и на Фегули договорот му е до 2016, се надевам дека и он ќе ја продолжи соработката. :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Переира утре потпишува за Хановер.
Валенсија ќе го раскине договор со него, денес се медицинските прегледи во Хановер и ќе потпише договор на 6 месеци, а после тоа е слободен играч.
реално Жоао е и за поголем тим (се спомнуваа Бенфика и Арсенал) и оп од нигде вчера искочи вест дека ќе потпише за Хановер, сепак 6 месеци нема официјална утакмица и можеби поради ова некои тимови не сакаа да ризикуваат.
еден од моите поомилени т.е. најомилениот играч од оние што играат последниве 3-4 години за Валенсија :)
вистински цар во и надвор од теренот, човек што ја одржаваше позитивната атмосфера во соблекувалната.
штета што на ваков начин си иде од Валенсија :( уште и на почетокот кога дојде во клубот не тргна се како што треба :P на презентацијата лошо му го испишаа името требаше да стои ã наместо “а“





нека му е со среќа во Хановер 96!
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
61
Поени од реакции
27
Енцо Перез по мене е најдобар трансфер во Примера за овој преодер рок. Одличен играч
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.879
Баш дојдов да прашам зошто Валнесија се откажа од Карлес Хил, кога има толку многу играчи на позајмица...ама гледам имал бај бек клаузула.. Искрено не го имав гледано баш до сеа...ама одкога дојде во Англија ме импресионира стварно.. Ептен талентирано дете, има 22 години и мислам оти ќе оди во појак клуб за година-две сигурно. :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Баш дојдов да прашам зошто Валнесија се откажа од Карлес Хил, кога има толку многу играчи на позајмица...ама гледам имал бај бек клаузула.. Искрено не го имав гледано баш до сеа...ама одкога дојде во Англија ме импресионира стварно.. Ептен талентирано дете, има 22 години и мислам оти ќе оди во појак клуб за година-две сигурно. :)
Во Англија децата од У15 да ги пуштат најјаки ќе се. :P

Иначе одма откога го дадоа во Купот здрви супер гол од 20 метри од косо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom