MkDon
Valencianista
- Член од
- 22 септември 2008
- Мислења
- 1.580
- Поени од реакции
- 3.007
Валенсија е многу подобра екипа од Шалке. Дури и денес го покажа тоа, иако не успеа да ги искористи своите шанси. На Валенсија вечерва и недостигаше играч кој ќе ја предводи екипата и ќе го реши натпреварот. Плус судијата според мене, вечерва донесе неколку погрешни одлуки кои доста влијаеа врз резултатот. Како прво фаулот по кој дојде првиот гол на Шалке беше непостоечки откако Гаврановиќ се фрли пред Наваро кој не го ни допре Босанецот. Исто така можеше слободно да досуди еден пенал од двата случаи кога имаше играње со рака во шеснаесетникот на Шалке и по стартот врз Матје во последните минути од средбата. Се повторува приказната од минатата година кога отпаднавме од Атлетико во ЛЕ, кога на Жигич му беше дури искинат и дресот, но судијата не виде никаков пенал, кој ќе беше решавачки за Валенсија.
Но, што е тука е, останува лигата во која Валенсија ќе мора да го задржи третото место, и догодина да се обиде со повеќе искуство да стигне што е подалеку во ЛШ.
Амунт Валенсија!
Но, што е тука е, останува лигата во која Валенсија ќе мора да го задржи третото место, и догодина да се обиде со повеќе искуство да стигне што е подалеку во ЛШ.
Амунт Валенсија!