Фан Клуб: Валенсија

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Интересна најава со моменти на незаборав против Лацио, Барселона и Лидс.
Ги препознав Жерар, Ангуло и Санчез. Само не сум сигурен кој го дава првиот гол против Барселона на клипов, веројатно Клаудио Лопез.
Би требало и Давид Албелда да има изиграно на некој од овие натпревари, единствениот преживеан од таа генерација.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Со среќа вечер комши и одржете им една лекција по фудбал на Швабине.
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Ајде,ајде вечер победа без примен гол (по можност :tv: ).Можни состави за вечер:



АМУНТ!!!
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
^ Тешко дека ќе биде овој состав, ама ајде ќе видиме останува уште малку. :vozbud:

--- надополнето ---

Официјалните 11:

Guaita,
Miguel, Navarro, R.Costa, Mathieu,
Topal, Banega, Tino,
Chori Dominguez,
Soldado, Aduriz.

iAMUNT VALENCIA!

 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Солидно прво полувреме,имавме можност за барем уште еден гол али и да остане вака резултатот јас сум задоволен :pipi: AMUNT!!
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
многу слаба одбрана ! тоа е ајде Реми кога ќе дојде може подобри ќе бидеме
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Не памтам кога последен пат сум ја гледал Валенсија да игра без крила во дијамант формација. Делуваа неорганизирано меѓутоа, подобро функционираше така отколку кога влегоа Хоакин и Висенте.
Не сум задоволен само што се играше многу меко и дезориентирано во одбрана и што му се дозволи на Шалке да направи толку шанси. Валенсија со толку многу техничари во екипа, требаше да ги изеде Германциве.
Ама така му е на Емери кога не формираше асален костур и кога секој натпревар го игра со различен тим. Сепак верувам дека во Гелзенкирхен ќе биде максимално искористен квалитетот и играчкиот потенцијал и дека како резултат на тоа ќе следи пласман во 1/4 финале.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Многумина, вклучувајќи ги и навивачите на Реал го видоа Шалке и нивниот Раул во четврт финалето, но забораваат дека има уште еден натпревар во Германија, а Валенсија игра солидно на гостински терен, и оваа сезона во Лигата на Шампионите не загуби ниту еднаш кога играше надвор од Местаља.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Билбао го запозна Жонас Гонсалвез - O Detonador! Неверојатна победа на тежок гостински терен каков што е Сан Мамеш за 4 поени предност пред четврто пласираниот Виљареал и дури 11 пред петтиот Еспањол. Победата во Билбао неможеше да дојде во подобар момент и сигурно ќе уште повеќе ќе ги мотивира играчите пред важниот натпревар во среда против Барселона на Местаља.
И секако честитки за првенчето на Жонас, во само вториот натпревар за Валенсија, и два пати од клупата.





 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Иако не сум фан на Валенсија на голот на Жонас се израдував како мало дете на сладолед :)
Честито победа
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
На помалку од 45 мин до натпреварот еве го официјалниот состав:



Интересен експеримент на Емери (со крпен состав тоа е :toe:) да видиме дали ке се покаже успешен.Се надевам и верувам во поволен резултат вечерва AMUNT!!!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Не сум фан на Валенсија ,но денес ви посакувам успех пред се да гледаме отворен и напаѓачки фудбал
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Толку се нема здрав напаѓач?

Како и да искочи Валенсија... сигурен сум дека ќе дадат 120% дечкиве... ова што они го прават го вреднувам 2 пати повеќе од она што го правеа Виља и Силва

АМУНТ! !
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Освен играта на Валенсија во средата, на Местаља најмногу вредеше кореографијата:


:cuc::cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom